Јас пак мислам сувишна би била таква тема. Што трансфери ќе беа тоа, та 5 лајка тука, па таму, па со црвени букви..Тоа само би било едно уште поголемо губење на време. Штом оваа тема никој не ја гледа, новата и тоа со брзината на светлината ќе добие one way ticket за во Канталенд. И тоа ако било само за предлогот со тие топ мислења, не вреди.
Што се замарате јас незнам! Лајкови, ѕвездички, предлози, петиции... глупости... Ако ви се пишува на форумов пишувајте ако не ви се допаѓа никој не ве тера со сила. Исто и тоа со цитатите и реплицирањата или коа ќе те спомне некој, е баш ми е гајле дали некој ме цитирал или шо ми пишал.
Јас сум за да се додадат нови игри на форумов (не тие во Форумски игри), ми здосадија старите. Па да се добие некое трофејче не ќе биде лошо.
јас би предложила да има известувања ( како на фејзбук ) кога ќе се логираш и да можеш да видиш известувања
Предложив и претходно, но еве и сега, сметам дека треба да се отвори темата Банирани корисници, и да се банираат оние што имаат повеќе од еден профил.
Може ќе ви се чини глупава и бесмислена идејава, ама јас да си кажам. Јас мислам дека би било во ред да се воведе опција до ЕДНАШ најмногу (значи да нема премислувања) да може да се промени корисничкото име. Еве јас на пример се регистрирав во дел од секунда, само сакав да прашам нешто и ми беше важно да има слободно име, какво и да е. Не планирав да бидам активна на форумов. Верувам дека има многу членки кои се зачлениле исто како мене па останале, исто така и некои што не размислиле во моментот и не им се допаѓа корисничкото име. Значи, ова би функционирало така што секој има право само еднаш (вкупно) да си го смени корисничкото име и одредено време (пример месец) од доле со ситни букви да пишува кое било старото додека сите го научиме да нема збунки. Јас мислам може да се изведе вакво нешто и воопшто нема да биде непрактично со тоа што само еднаш ќе имаме право на промена. Јас на пример после илјада мислења и веќе формиран став и препознатливост по карактер на форумов, нема сигурно да отварам нов профил само поради корисничкото име. Што значи осудена сум да си го носам, како и многу други. Секако, ова е само обична идеја.
Имам еден предлог!!! Дали е можно од категоријата ДОМ да се одои нова категорија ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА, во која што би се префрлиле сите теми кои се однесуваат на кученцата, мачињата, рипките... Мислам дека така ќе биде поедноставно за сите кои почесто ја посетуваат категоријата ДОМ да ги пронајдат своите омилени теми!!!
Оф мори мајко, нас гледам не` послушаа сите па неактивни членови ќе послушаат, башка и не разбирам што мислиш со тоа градове. Ако мислиш на градови, не знам како а и зашто би се извело, зашто да се двоиме..... Предлагам да го укинете тоа ограничување на 10 смајлиња. Кај во постовите, уште и во личните пораки. Па барем таму дајте ни слобода, не за џабе се лични. Моментот кога стискам „испрати“ и ми се појави оној текст и морам да бирам кое смајли да го избришам. Нема потреба од такво нешто, навистина. Нема да се потрошат. А некој ако напнува со нив во постови едноставно ќе го опоменете или избришете мислењето, како што е и за пишувањето на латиница. И дај послушајте не` барем за нешто, инаку не гледам полза од темава. Да не биде како со државава, демек демократија и право на глас, ама јок бурда некако.
Го имаа предложено ова 100 пати порано и кажаа дека кога ќе се направи новата платформа, ќе го направат тоа... ама гледам колку ги интересира за форумов...
Премногу се злоупотребува темата Специјален поздрав до.., се пишува колку да се соберат ѕвездички т.е ми се допаѓа. Би било убаво да нема делење ѕвездички таму, ама па од друга страна ќе биде и глупаво бидејќи ќе има многу цитирања од типот Фала, голем поздрав и до тебе, проследено со сликички од колачиња и пијалоци. Не знам, ама мислам дека треба да се преземат мерки околу ова. Сега некој ќе рече Ако не ти се чита и не можеш да гледаш слободно не ја посетувај темата, ама јас пак да си кажам. Не оти навистина ќе се преземат мерки, џабе кажуваме тука во темава што ни фали, нема врска ај, ќе си пишуваме пак ние. Можеби некогаш, ќе им текне дека постои и темава.
Проблемот со смајлињата е решен. Смајлиња - hacked Едноставно одиш на кое смајли сакаш - десен клик- copy image url - и го ставаш во текстот како слика. И така нема да се брои како смајли туку како слика Еве доказ:
Јас на пример сум премногу мрзлива за така да го уредувам текстот. Особено ако сум од мојот канта телефон. Тогаш едвај ми ги вади смајлињата, а не па да копирам и да го поставам како слика. И јас се сложувам со тоа да се нема ограичување на смајлињата, не секој би имал услови да го уредува така текстот...
Епа јас прикажав решение, пошто како што знаеме сите администраторите рецка не ни маваат... Кој може ќе го користи, кој не ќе брише.
За ова сум чула и претходно, ама и мене малце ме мрзеше и после заборавив и дека постои. Добро решение но како и да е, сеуште мислам дека треба да се укине тоа ограничување. А дека не ни маваат рецка, не ни маваат. Барем да ни вратат ова може, она не.... За феминката што дала идеја погоре за „СП до....“ не се согласувам, од причина што и самата наведе дека ќе има многу глупави цитирања, поготово кога се работи за повратен поздрав ќе немаш како да се заблагодариш и ќе мора пак да цитираш, тука веќе настанува хаос..... не се знае кој пие кој плаќа што би рекле. Нема врска собирањето ѕвездички, ако гледаш така има многу теми во кои се билдаат мислења секојдневно а не се предмет на дискусија, како што е темата „Што јадете во моментов?“ и сличните во таа категорија. Како и да е, оној што не се замара со број на мислења и ѕвездички нема да се замара во секој случај, тој што се замара ќе се замара пак. Крај краева, џабе им 5.000 мислења и ѕвездички кога ако не им вредат постовите не им вредат, сите ние тука знаеме кој си ги собира постовите и ѕведичките на квалитетни мислења, а кој не.
мислам дека треба да се воведе "Известувања" како на другите XenForo форуми сега можеби ке речете зошто да се копира? но тоа не е копирање туку за да се подобри и олесин корисничкото управување на форумот ЈАС како програмерка можам да го направам тоа и да ви помогнам, мислам дека на сите нам ни треба тоа затоа што пишеме во некоја тема и заборавиме дека сме пишале а ни требал одговор или пак неможеме да најдеме пак таа тема па мораме да запишуваме во секоја тема што сме пишале и сл.. Некако да го видат ова администраторите, заедно можеме повеке помогнете некако ке го пратам јас кодот тие треба само да го стават и готово
Има, но трае помалку од 1 саат. Не може да се избрише постаро мислење, но може да се пријави и модераторот на категоријата, админот или глобалниот админ да го избрише мислењето, ако е навредливо/рекламација/оф-топик (и слично).
Ова е многупати предложено и е одлична опција. И администраторите се согласија на ова, и ветија дека со преминувањето на XenForo ќе ја воведат таа опција. Но за жал тоа беше пред година дена ако не и повеќе, а оттогаш од нив нема ни трага ни глас. Како и од платформа, нови модератори, известувања, чуда... Инаку навистина е потребна ваква опција, како и многу други, но најверојатно е дека нема да има.