Нема да е подобро членовите кои не се активни повеке од една година да се избришат? И тие со 0 мислења?
1. Нека се укинат лајковите во Специјален поздрав или нека се бројат мислењата во Кафе муабети. 2. Нека се продолжи периодот за редактирање, да не може едно зборче да поправи човек.
Е дури ова ако се направи, темата ќе се наполни со „фала срцка/ фала за поздравот ххх“ и слично. Со другото сум океј.
Па ако пролистаме малку, таа тема е веќе наполнета со „поздрав бек“ и сл. Да нема лајкови се сомневам дека ќе биде толку активна, ќе доаѓаат само тие на кои навистина им било до поздрав.
Ако и сега има, без лајковите ќе е 200 пати бетер. Ако ништо друго, да се заблагодариш за мислата ако веќе не пишуваш толку често таму. Камо единствените проблеми да беа лајковите низ темиве... нека се разменува позитивен фидбек, мора ли да останеме само со навредите и препукувањата и исмејувањата кои неретко водат и кон офтопици и слични на нив појави?!
Ако земеме така за некого и неискреноста е негативна а ако ги нема лајковите самата тема ќе биде поискрена. Како и да е, да не навлегуваме поопширно, јас само дадов предлог.
^ Кога одиш во Нови Мислења, пред насловот на темата (доколку си логиранa), има едно розево квадратче со стрелка долу. Е кога ќе кликнеш таму одиш до првото непрочитано мислење од последниот пат кога си чутала логирана. А од десната страна каде што има „Последно мислење од ___ во ____“ со кликање на квадратчето до корисничкото име коешто последно го оставило мислењето, си одиш во секој случај на последната страна од темата.
Џабе беа предлозите за нова категорија "Животни" изгледа... несредено како и порано, само што има надградба со профилот и заменето е цветчето со поени. Волкава измена за 3 дена...? Ај, единствено што ми се допадна се известувањата... тоа беше еден од предлозиве колку што памтам.
Чатот сега ќе можеме сами да го правиме, колку што гледав од кајгана, има опција со повеќе членови да праќаш пораки, без да пишуваш порака па да ги аднуваш оние кои се во конверзацијата за да се прати пораката на нив.
А зошто ова : ? Зошто толку љубов кон овие старите кориснички имиња, не ми е јасно И сте го скратиле периодот на редактирање од час на половина... причини - непознати.
Искрено, како се навикнувам се повеќе ми се допаѓа. И сега забележав дека се зачувува мислењето додека го куцаш за што и да се случи следен пат кога ќе ја отвориш темата да ти стои тука. Тоа е нешто многу паметно, со оглед на тоа колку е депримирачко да искуцаш огромен текст и само при моментално паѓање на конекција да снема се. Колку пати од страв поради тоа сум копирала за секој случај. Браво, навистина секоја чест!
Знаев дека ќе биде вака. Премногу несредено и еднолично. Исто како другито форуми, поточно исто како кајгана, само со розова боја. И не е точно она со трофеите, ни малку не се чувствувам како дома сега. Ужас.