A бе луѓе шо зборате ужас е.Делот горе денсо,како на фејсбук да си.ЦВЕТЧИЊАТА ДА СЕ ВРАТАТ ПОД ИТНО.ТОА БЕШЕ ОБЕЛЕЖЈЕТО НА ФОРУМОВ.И тоа што она беше на спротивната страна,сега е како на сите други форуми.УЖАС Е Пример е членкава ariela09Истакнат член Се зачлени на: 3 октомври 2012 Пораки: 87
@Lella абе стварно сега не си у право, што му фали на форумов мене еве премногу ми се свиѓа... @Cvetetto вака со трофеи се модернизиравме, цветчињата и така не беа некое обележје, што цветчињата на почеток се интересни, после не, поготово тоа жолтото колку беше грдо се влечеше 4000-5000 мислења, вака е 100 пати подобро според мене. Стварно не може човек да ви угоди, баравте платформа, добивте, ете ги и допаѓањата/ѕвездичките ви стојат, па де многу бил розев форумот, па и претходно беше розев, само што е сменет дизајнот и е многу попрегледен, а и делот со известувања колку олеснува, поготово што стига известување кога некој те цитира. Мене ми е баш океј, ми се допаѓа и големи пофалби од мене до целиот тим на фемина за целиов изглед, навистина е многу поубав од претходно.
Не знам. Мене ми е ужасен. И доста со цветчињата. Цвеќенце е, заштитно знакче на фемина, што зборувате. Не ми е мене за тоа какво ќе имам, ама многу е посимпатично со цветчиња. Попрегледно? Аман бре, ова ако е прегледно, не знам што не е. Ама ајде, веројатно со тек на време ќе се навикнам. Сепак мислам дека новата платформа не ја постигна целта. Обратено е внимание на ептен банални нешта, а оние поважните што навистина би го средиле форумот не се направени. Јас ниту сум сакала нова платформа, ниту ќе сакам. Ми останува само да си ги гледам скрин шотовите и да си плачам.
Само сега за сега шо ми се допаѓа е @nekoj ,тоа се бараше и се доби инаку ова смајлито ми е многу морничаво. Kaко да не се сме со задоволство,туку она кога лошите се смеат.ЗЛОБНА НАСМЕВКА
@Lella и мене ми смета за цветчињата зошто мислам дека тие се заштитно знакче на форумов и ми е глупаво без чет (не дека го користев) али нема везе сеа.Сепак на тимот сигурно му било многу тешко, сигурно имало многу компликации за да ни го пуштат форумов па затоа милсм дека не е баш убаво сега да критикуваме да бараме нешто ново и тн. и тн.Ќе се навикнеме со тек на време, а јас и онка не сум зачленета на други форуми и не ми смета
Од мобилен прегледноста е ужасна, уствари jа нема речиси воопшто. Зошто не постои опциjа да се префрли на desctop кога сме вклучени од мобилен? Плус, ова розевово ми го покрива цел текст додека пишувам од мобилен, па поради тоа морам да се навраќам и грешките да ги поправувам што ми иде на нерви бидејќи одзема време! Додека ги исправав грешките (муабетот од погоре) случаjно стиснав на розевото Femina forum и ме префрли нк почетна! Даj поправете го ова, нема смисла!
^Се согласувам, прегледноста од телефон е ужас, неможам ни профил да отворам ни известувања ај нека се реши побрзо.....
Нив им требаше повеќе од 2 години да ја пуштат платформата, а не па за од телефон Се шалам, мене ми се допаѓа, не е лошо, малце треба време да се навикнеме. Ни цветчиња ни ништо не ми фали, супер е како што е. Промени се случуваат и тоа е факт, не само тука туку и во животот. Сигурно нема истата маица иако е износена да ја носиш зошто ти е „заштитен знак“. Убаво е да се смени нешто од време на време. И Време е малце да се посветат админите на форумот, а не само смени платформа и ако тргне на добро - супер, ако не - барем пробавме.. Барем се мрдна форумов од мртва точка.
Бидејќи цветчињата излегоа од мода на форумот јас предлагам да се заклучи темата за Цвеќенцето бидејќи веќе нема потреба од неа!
Јас се надевам дека во иднина ќе направат сопствена апликација Фемина, сметам дека би било многу по убаво и прегледноста би била супер.
Многу ми се допаѓа сега фемина со новиов форум, ептен е современа е за ова се жалев пред месеци сега тоа што го барам го има.
Кога имаше цветчиња, некои членови пишуваа безвезни мислења на баш секоја тема, само за да постигнат цветче. Вака, со титуливе секој ќе сака да има повеќе поени и ќе дава се’ од себе за да ги постигне истите. Јас мислам дека е подобро без цветчиња, не заради изгледот, туку заради однесувањето на членовите. Попријатно е кога секој сака да биде добар и да пишува корисни мислења па да добие поени, одколку да пишува безвезни и непотребни мислења на секоја тема само за да добие виолетово цветче.
Таман сакав за ова да пишам, ослепев. И тргајте тоа позадинската слика на почетната страна што е. Ужасна е. И... сликиве од аватарот нека си бидат коцкести, вака како што се ептен е барби. За розевата боја ич не сакам да коментирам, ужасна е т.е не би била толку лоша доколку се искомбинира со други бои, вака е ептен доминантна.
da ne bidam glaven mrcator ama epten zraci...storete nesto...cel den otvoram i zatvaram...glava me boli ...
Ова горе што стигнува како известување да не биде во црвено ако може ,нека биде зелено или слично за да биде позабележливо.
Синоќа отварам Фемина и кога прочитав за 1 час ќе биде ќе се онесвестев од среќа, ама бев преморена не дочекав да ја видам новата платформа. Сега отварам со мислата "кога ќе ја видам ќе паднам на г'з", (не хејтам) ама тотално се разочарав. Јас тука никако не можам да се снајдам, се' ми е испомешано. Старата платформа ми беше многу поубава.