Зошто не сте го направиле форумот Responsive? да излезе и како мобилна/таблет верзија, верувам дека има таков плагин да се интегрира вака многу грдо ми излегува на мобилен.. дали планирате некоја таква измена или нешто слично затоа што подобра беше старата верзија за од мобилен да се гледа него оваа новата божем ајакс чуда, али многу глупо изгледа неможеш да се логираш од мобилен
Ај оваа розовава линија горе нека се тргне кога скролам надоле. И ставете теми, да може да е црно бело, сино бело, жолто кафено...вака дречи ептен розовово, печат очи.
@Cka Има во прилагодувања да ја смениш позадината,да биде сива.а она горе да биде бело,ама е полошо така. Сега засега,ќе болат очи
@buba4e89 Имаш опција кога ќе ја штиклираш пораката излегува „Друго дејствие“ подоле има „Напушти ги разговорите“ и то.
И тоа имаш опции. Доколку одбереш да прифаќаш нови пораки во разговорот, со следната порака, пак ќе се појави цел. Единствено „напушти го разговорот“ со опција да не дозволиш нови пораки во него.
Ова розевово ми го покрива целото протранство за пишување и речиси ништо не се гледа! Колку постови до сега добивте со вакви поплаки, даj поправете го ова, платформава ви е речиси два месеци! Искрено, ич немам желба да се вклучувам од мобилен повеќе бидејќи е комплицирано за пишување поради лошата прегледност, плус не можам да ги видам последните мислења во подфорумите, само описите на категориите. Друго, исто така кога сум приклучена од мобилен и сакам да ставам "ми се допаѓа " на нечие мислење, опциjата "приjави" е веднаш над "ми се допаѓа " и не ретко ако не зумирам стискам на "приjави " што ужасно ме иритира бидејќи морам да враќам назад и трошам време на тоа! Трето, вратете ги назад кратките одговори во опциjата "приjави мислење". Колку пати имам наидено на мислење напишано на латиница или пак нарушува одредени правила, а не можам да го приjавам бидејќи е стварно не удобно да пишуваш постоjано "пораката не е напишана на кирилица" и слично. Се надевам не за џабе пишував.
од старата платформа ми фалат само 3 работи, а тоа се.. 1. кога постираш слика оздола да пише колку прегледи има 2. да има пак одозгора опција да мењаваш подршка, сега дека нема а и немам инстеалирано мк подршка на компјутерот морам да одам на google translate па од таму да пишам мислење, дека нели има опција да пишуваш со тастатура одоздола и после сopy-paste правам.. сега од таму пишам.. 3. и да има колку си лајкнал на други постови, тогаш имаше колку ѕвездички си дал и се отвара мислењата кај што си дал ѕвездички, е сега ќе беше добро да имаше коку постови си лајкнал (ми се допаѓa) +
1. Кога кликнувам на брзите линкови од темите, повеќе пати се случува да ме врати 5-10 страни наназад наместо на последното мислење. Ова треба да го средите. 2. Сте размислиле некогаш за некој вид на казнени поени или пак банови од тема? За падобранци кои се уфрлаат со сељачки провокации и навреди со цел предизвикување реакции и офтопици, наместо да бришете мислења во повеќе наврати, доделете бан после првиот испад, друг пат и за други теми нека размисли дали ќе покаже основно ниво на култура. 3. Ова за редактирањето не знам колку пати имам спомнато и не знам зошто не обрнувате внимание барем да одговорите зошто го намаливте периодот Мислам дека половина час е премалку.
Да има некакво ограничување во врска со потписите, вака има некои огромни слики кои зафаќаат цел екран.
Нема да ви биде интересно и шаренко без нашите убави потписи ама ај вака... Во Прилагодувања на профилот постои опција да не ги гледате потписите на членовите во нивните пораки. Ако толку ви сметаат сликите, можете целосно да ги блокирате потписите... и така.
Веројатно не мислиш дека заради (вашите) километарски потписи ќе ги скриеме сите потписи воопшто. Мене баш ме зачуди што го тргнале ова правило, и мене ме нервираше кога за некој пиксел или некој збор или знак не ми дозволуваше да го ставам, ама огроомни слики не знам како ви прават задоволство, и пречат мајке ми. Не значи дека веднаш морате да ги смените, всушност твојот е и мал во споредба со некои, ама не е вкусно бе луѓе. Не е.
Па не дека некој многу ќе пропушти ако не прочита колку месеци сте во врска и со кого. Дури поинтересни се километарските слики.