Ок дојде 26ти Март и треба да пуштам неколку предлоги кој Rainbow ќе ги погледне , ќе си каже какви луѓе пуштам на овој форум и ќе го угаси компјутерот. 1 - Да се отвори Критики и забелешки , стои затворено од 2011 , ајде ајде од кога не сме ги искарале администраторите и остало 2 - Да се "вработат" нови модератори , ми недостигаа времињата кога ќе кажевме види оваа ЛИлит незнае да биде админ , ајде сменете ја , итн итн... сеа само Rainbow ли да ја караме 3 - Да не се тргаат лајкови , со лајкови како што можете да видите луѓе стануваат креативни , плус како ќе и кажам на Боависта дека е ОМГ во Модни Критики а да не испадне како селан да пишува , вака културно лајкче , во Сп , ќе те поздрават и културно ќе кликнеш лајк , итн итн... 4 - Како и Албанците во МКД така и машкиве на форумот се множат , уште малце и ќе се поднесе барање за Машки Админ , ќе го градиме голем форум и пукаме на Шар Планина .... али тоа може и да почека 5- Да се тргне опција за прикачување на големи слики како потпис 6- Да се банува опцијата за ставање слики од турски серии 7- Да всушност се исполни некој предлог во темата предлози , мислам 5-6 год поминаа а на исто ниво сме како јас со женските на фацебук ....... Seen . 8- Да нема никакви реклами кога ќе уклучиш потчетна страна фемина 9- Да Rainbow не ги затвара одма темите , малце нека останат да се истрола .... free spirit 10- Да има одредена мерка за некои теми , да неможе секој да гледа и отвара некоја тема , како што е Модни Критики .... Благодарам
Би билo дoбрo дa мoже дa се стaви нa aвaтaр сликa штo е нaд 50kb,нa секoе менувaње ли ќе требa првo нoв ефект дa стaвaм нa сликaтa зa дa ми биде успешнo прикaчувaњетo?
Дали може да направите апликација за фемина за андроид? Би било добро затоа што сите знаеме дека во денешницава цел ден сме на телефоните така да...
Не би било лошо и да се воведе опција - Деактивација на профилот,барем некој ако не е во можност да го користи определено време,ќе може да си го затвори подоцна да се вклучи повторно,да ни се придружи,барем ќе се знае дека не го користи профилот
Да можевме како порано да ги гледаме мислењата шо ги имаме лајкнато убо ќе беше. Добро е да се навратиш понекогаш.
Би можеле на изработите мобилна апликација за форумов, која пред се би служела за допишување со членовите.
А да објавевте бар една вест на сајтот во однос на скорешниве случувања? Кога се роди таа принцезата истрчавте да објавите дека се родила, што фустан носела Кејт и како ќе се викала, а сега никаде ве нема. Срамота!
А зошто би објавиле таква вест? Сајтот е за забава, здравје, мода и убавина. Зарем малку не отруја сите други можни сајтови со секакви глупости и измислици? Освежување во деновиве е човек да прочита нешто лесно.
Дечки се согласувам.. што и да пуштиш е истото.. на сите ни е жал и сочуство до фамилиите на загинатите.. но мора малце и поведро пошо ке се уништиме тотално кај и да отвориш и да пуштиш само тоа се врти.. Седни на Фејсбук исто е.. Твитер исто.. Тв исто.. портали исто.. Еве јас лично се трудам да избегнам малце од малце и да дојдам на форумов со цел малку подобри вести да читам.. Луѓето веќе се збудалија не знаат во што да веруваат и да мислат.. секој ден нови глупости и шпекулации.. страв и омраза..
Да де. Може да се објавуваат вести за деца болни од рак, слепи мајки, земјотреси на другиот крај на светот, а не може да се издвои еден дел каде ќе објават дека, на пример, овие два дена во државава ни се Денови на жалост. Никој не рече дека треба да известуваат од минута во минута што се случува и кој што кажал, ама мислам дека е премногу да се однесуваме како да живееме во Швајцарија и да си читаме за новата колекција на Манго.