Се зачленив на форум за кинологија. Платформата не им е нешто нај, но новите членови ако пишуваат, првите 5 мислења треба да им потврдени од модераторот на категоријата. Исто важи и за теми, се прегледуваат од модератор, па модераторот ги одобрува. Мене ова многу ми се допадна кај форумот, не сум видела оф топици, членови што праќаат бесмислени постови или непотребни теми. Форумот си има посебни категории за исхрана/ дресура/изложби или ФЦИ крвни групи, како и огласник, а и општи дискусии за кучиња. Ако имаат неуредна платформа, админите се активни, модераторите вршат работа 24/7. Ние тука една категорија за миленици не можеме да издвоиме.
Сакам да предложам доколку може да се изведе корисничкото име да не биде толку забележливо. Порано на старата платформа стоеше на истото место, меѓутоа доколку направевме скрол името исчезнуваше, што не е сега случај. Некогаш сакам да се логирам кога сум во просторија со повеќе луѓе, или некогаш сум сама во просторија и си читам, па ќе влезе некој и веднаш паѓа во очи корисничкото име или аватарот, а не би сакала да ми го видат лица со кои имам само коректен, а не и близок однос. Еве како е направено тоа на Кајгана. Знам дека платформата е иста на двата форуми, па затоа ја земав неа како пример. Нема име, ниту мини аватар, само знак.
Да, нема да може да те следи и воопшто да ти ги чита мислењата. А исто така и мислам дека и ти на него нема да можеш...
@mims-89, дефинитивно нема да ти се појавуваат мислењата од „игнорираниот“ член но мислам дека тој сеуште ќе може да ги чита твоите.
Знам дека сто пати ова го имаат пишано членовиве,но еве и јас ќе пишам,мислам дека овој предлог навистина не треба да се игнорира. Па и џабе како да пишуваме овде. Дефинитивно треба да се воведе некакво ограничување за новите членови,барем со по 50/100 мислења да имаат можност за отварање нови теми и дури тогаш да можат да го отворат четот,без ниедно мислење доаѓаат на чет,некои пишуваат глупости,некои отвараат дупли теми,а и не ни ги читаат правилата,воопшто не обрнуваат внимание на тоа. Друга работа,мислам дека на четот не би било лошо да се гледа кој е присутен,исто како што си беше и на старата платформа.
@RainBow @Mihajlo ВЕ МОЛИМЕ значи, Средете више новите членови да не може да отвараат чет и само од нигде никаде да изникнуваат. Дури повеќето и само шпиунираат и читаат разговори. Јасно ми е дека е јавен чет и све, ама секој што е само гостин а го интересира, оп ќе напраи акаунт 4fun што би рекол Викса и доаѓа на чет кајшто повеќето сме стари членови и доволно се знаеме и си тераме муабети. Некои ги користат тие муабети, злоупотребуваат, се тролаат и се што ќе им падне на памет. Дајте веќе средете, не е доволно нова платформа напраи и отиди на повеќегодишен @Mihajlo зашто е така. Најквалитетните членови веќе ги изгубивте ради вакви ствари, сега и нас не терате да одиме по други форуми, зашто самите го сакате тоа. Изгледа ја сакате судбината на Гламстик. Набрзо и ќе се оствари со вакво темпо, ич да не се секираш. После можеш и на децениски одмор да продолжиш