Срамота ќе биде ако не се стави Dislike опција , на фацебук ќе ја овозможат , зашто да не и тука. Фората е таму кога ќе направи некој Dislike на некој глуп статус ,селфи или сл. , ќе ги избришат од пријатели и ете , ама тука , ТУКА НЕМА БЕГАЊЕЕЕЕЕ.
^ Срамота е што фб ќе стави dislike опција. Уште толку да се зголеми негативноста и комплексите. А, за овде... исто така не се сложувам. Сум за старата добра искреност.. ако нешто не ти се допаѓа седни и реплицирај зашто... и ќе има дискусија. Оваа опција ми е за мрзливите и дипломатите.
Имаш 2 ново(и) известување(а), или како и да е формулирано, не можам точно да се сетам. Ептен е глупо. Еве еден поедноставен предлог: Нови известувања: 1/2/3... Што знам, смислете нешто, вака не го бива.
Предлог - да се отвори тема „Дневни настани/актуелности“ во која ќе може да се коментираат сите секојдневни случувања и вести (освен политика, пошто таква тема има). Или - да се отвори тема „Црна хроника“ (пошто очигледно му е омилена на нашиов народ) во која ќе може да се сместат сите теми и дискусии од типот „Дадилка тепала бебе“ или „Волк тепан со боксови“ итн. Стварно ми нема поента постојано отварање на нови теми со тематика „црна хроника“. Не разбирам каква дискусија може да се развие на тема нечиво малтретирање или изживување со некој - може само да се изрази згрозеност и осуда. Ама, пошто гледам дека се доста актуелни, барем нека бидат сите сместени во една категорија - отварање 1001 тема кои по својата содржина спаѓаат у црна хроника е стварно безвезе.
Можеби добро би било да направите апликација зa Android и Apple да си ги следиме новостите и да го посетуваме форумот преку телефон
Здраво вака имам еден предлог до админите. Да се направи во приватна порака, да може да се праќаат слики до мах 2мб,мислам дека би била добра идеа,за да не праќаме линкови од слики и итн,него одма да си пратиме слика.Благодарам однапред
Мене ми се допаѓаше опцијата на старата платформа - да испратиш порака директно од нечие мислење. Се заштедуваше на објаснување за што пишуваме, само се цитираше мислењето во пораката и продолжувавме. Можно е да се врати таа опција?
Јас ова одамна го предоложив, ама како што се сеќавам Михајло рече дека ја нема таа опција на оваа платформа и дека ќе видат што може да се направи и на тоа остана. Впрочем толку беше и со одговорите од Михајло, го имаше недела-две по лансирањето на новата платформа и толку.
@sesilija те лајкнав за информацијата, сега се сетив дека сум го видела тоа твое мислење. А ич не е за лајк. Баш штета, фунционално беше.
Еве од мене еден предлог и идеја за сајтов: За да не се бришат бисерите кои се ронат по темине за секс кога ќе ни се појави некој ваков трол (Господ здравје да му даде на денешниов, ни ги продолжи животите, се изнасмеавме квалитетно), може во насмевка да се направи тема - Се' за секс, и таму да се префрлат или таму да се зезаме. Навистина штета е некои вакви моменти да не останат некаде забележани.
Jas sum za na salter "Samo da prasam" Zdravo, dali mojt temata Vasata sminka niz sliki, da se premestit vo skrieno katce? Ke e ubavo ako mojt. I sekako ako nemaat clenkite nisto protiv
Истото го мислев и јас.Така скриено катче не го гледаат оние кои не се зачленети, и не може да те познае некој освен некој кој е зачленет. @RainBow Шта речи ?
Ајде и јас сум за. Највеќе заради тоа што ми е страв дека ќе ме познае некој не сакам да ставам слики.