Направете апликација за Android и iOS И да можеш боја да смениш или тема нешто такво ова Розе боја е убава но не и машка боја
Јас имам едно прашање, кое може да стане и предлог во зависност од одговорот Дали има некаков начин да видиме во кои теми сме одговориле? Се сеќавам дека на старата платформа имаше некакво обележување, ако не се лажам имаше ѕвездички кај насловите на оние теми во кои имаме оставено мислење Многу беше практично, особено за оние што се подолго време на форумов, па не се сеќаваат каде пишале, а каде не
Ана, горе лево на мени икончето имаш надгледувани теми. На некои од нив ќе го забележиш твоето аватарче заедно со аватарот на тој што ја отворил темата. Ти кажува и колку пораки си напишала тука. Не знам дали на вакво нешто мислеше?
Мене кај Надгледувани теми не ми дава ништо ако нема ново мислење во тие теми што ги надгледувам Знам дека порано на пример кога листав низ категориите, или низ Непрочитани мислења, до насловите имаше ѕвездички на темите кај што имам барем едно мислење напишано.
Сега место ѕвездичките твојот аватар стои во малечко издание до аватарот на тој што ја отворил темата. Како што кажа и Ливингглам, не е само во надгледувани теми туку и во нови мислења кога ќе отвориш. Само што при миграцијата изгледа некои податоци се изгубиле и нема назнака за некои постари теми од 2010 на пример.
Тоа ме збуни малку, зашто на некои теми го има мојот аватар, на некои не, а сум сигурна дека во нив имам оставено мислење. Ама добро, значи сепак има замена за ѕвездичките
Ме интересира на кој начин се заштитени членовите на форумот во случај на објавување на нивни постови овде, а потоа објавени на портал со коментари? Не сум сигурна, ама како што прочирав и тоа се случило. Со оглед на тоа дека се познати сопствениците на сите портали, ме интересира фирмата/лицето на чие име е регистриран домејнот на фемина.мк би реагирал при ваков случај? Me интересира од човечки причини, никоја од нас не би сакала нејзината приказна, став, мислење да е ќар за кликови на некои други портали, или да биде исмевана за свое мислење. Ај што не може да се реагира на фб корисници и фан страни, ај (иако ДЗЛП би реагирале ако некој пријави ) ама барем на портали дали би се реагирало? @RainBow Имате вакво искуство?
Еве и јас една идеа да дадам. Може да се постават модератори во сите подфоруми и ској месец да се менуваат модераторите.
Сепак некој ги читал нашите идеи (@RainBow сигурно ). Сега ми стигна известување дека ми е префрлено мислење од една во друга тема. Фала Ви .
Se prevzemaat merki za tie sto pisuvaat latinica ili da pocneme site latinica da pisuvame? Спојлер Еве еден предлог - да не се читаат мислењата напишани на латиница т.е. да се стават на игнор. Друг предлог не ми текнува.Затоа што ние што пишуваме кирилца не сме црнци
Значи вака...се случува понекогаш на некој член да треба да му пратиш нешто или пак да ти прати тебе нешто преку ворд или нешто во пауер поинт,на пример.Е на пример тоа во ЛП не е можно.А да биде можно?
Јас си ги рипкам ионака . Порано ме нервираа ама сега веќе мирна ми глава . Треба само виша сила на симпатичност на членот да ме натера да прочитам, што ретко се дешава... друг проблем имам сега... А ова муабетиве со 4521 реплицирања и цитирања со срцки, гушки и бацки, од сдк да се префрлаат во соодветна тема како на пример Што би и кажале на форумџиката и слично... па може и ќе се сфати значењето на истата од одредените членови (кои надежно ќе почнат и да ја употребуваат), а воедно ќе се ублажи бројот на превртените очи на останатите читачи на сдк. м?
Добро што е работата со прикачувањето на слики?Сечи, сечи...Врти, сукај.Да му се одмили на човек додека да прикачи слика... Ниту од телефон, ниту од апарат директно не ми ги прифаќа сликите.Стално морам да сечам, да смалувам. Сега и преку апликацијата NoCrop нешто не прифаќа да се прикачи сликата.Преголема била. Не може некако да се направи да може да се поставува поголеми фалјови?
Мислам дека треба да се пишуваат повеќе колумни ... сите ги читаат колумните на фемина. Што се случува сега? Ако нема кој и јас би пишувала колумни, зашто да не? Сепак мислам дека треба повторно да се активира тоа поле на сајтот.