Сега закачувам слики и бавно иде , па убава идеја е да се модернизира малку да можат повеќе слики да се селектираат и сите одеднаш да се закачаат
Убаво би било ако можете да додадете адон или мод кој ке ги известува членовите кога се цитирани. Со цел за побрза комуникација и одговор. нотификацијата е иста како кога добиваме порака на форум. Се надевам ке го разгледате овој предлог
И јас се сложувам со ова!Kога некој ќе ни цитира наше мислење да ни стигне известување....Iнаку како ќе знаеме дали и кога некој цитирал на анше мислење...
Cacy па и да не ти стигнува известување дека некој те цитирал, ќе појдеш во темата кај што си постирала и ќе знаеш дали некој те цитирал.
Ќе го пишеш твоето корисничко име горе,каде што пишува Пребарај го форумот и ќе ти излезе каде некој те цитирал и сл.
Се сложувам мислам дека наместо да бараме некој и малку потешко се снагоа би било многу од полза ако се воведе такво нешто
Би сакала да предложам да се стави забрана за членови кои имаат помалку од 50 мислења да можат да отвараат теми. Мислам дека така ќе се избегне секојдневното отварање на дупли (и глупави) теми.
Да ама поубаво е да ти стигне известување наместо да бараш или ако заборавиш. Затоа постојат известувања
Се согласувам, се отвараат профили само за теми како:Хеееееелп,Ве молам помогнете,Кај да купам ова,Кај да најдам она и сл.
Јас мислам дека крајно време е да се смени нешто на визуелен план во форумот Дајте некои нови бои, нов дизајн на страната,секоја промена е добредојдена...
Мислам дека треба да се воведе несто слично како што има на фб кога некој кометира на твој пост и ти стигнуваат нотифици! Јас се извинувам доколку постои ваква опција не го земајте моето мислење и ќе ве замолам да ми кажете доколку постои!
Миљкович доаѓа еден вид на известување преку мејл ако ти е штиклирано Извести ме за испратен одговор во опциите под секој одговор што го пишуваш пред да го испратиш, а нотификации не .
Имам предлог,до сите нови членови,автоматски да стигне во ЛП порака за тоа дека на овој форум има таква и таква тема,дека има за се што им треба,и горе во напредно побарување можат да побараат. Ова за да се спречи постојано ново отворање на теми од страна на новите членови.