Јас као највечи шпиун што ја чита моменталната дискусија во темана за околу 40 , тука во соодветнава тема јавно и официјално пак ќе го актуелизирам предлогот за слична релаксирана тема за чет муабети за помладите... знам дека предлогот беше одбиван и отвараната "Ние околу и преку 20" тема беше двапати заклучена али мислам дека не е фер ако може да опстојува и да се смета за потребна таква тема за околу 40, да нема и такво катче за помладите кои не се пронаоѓаат во истата. Е така... поздрав и поддршка до идејата на @JonyBravo Хвала на пажња
Сега мислев истото да го пишам ми го зеде зборот За истото сум и јас, ама очигледно нас никој не не слуша за ова тема Фала на пажња, убав ден имајте
@RainBow Зошто темава Млади и ИЧ не НИ Чуе е заклучена, а не е заклучена Ние околу и преку 40... Ништо освен возраста не е поразлично, стварно не е фер, или отклучете ја Млади и ИЧ не НИ Чуе, или заклучете ја Ние околу и преку 40... Сите членови на овој форум заслужуваат подеднаков третман!!!
И јас сакав да отворам тема слична на овие повозрасниве каде би зборувале за општи и секојдневни работи и проблеми, како што тоа го прават и од другава тема, ама некаде прочитав пост на Реин дека немало потреба да се отвара таква тема од некои си икс причини и затоа се повлеков и не отворив. Иако според мене би било убаво да има и таква тема за нас. За мене чатот не е разговор, по 10 души се уклучуваат и не се знае кој што пишал и кажал. Едноставно се губам. Сепак и јас стојам зад тоа да има тема и за нас помладите.
Во ред е тоа дека темата ( и некои од сериозните теми) во одреден период може да станат Чет.. ама дај кажете.. како тоа да го користиме четот ??? 20 души може ли чет да користат? Како ќе си реплицираш на Чет? Може малце еуфорично беше со темата и стварно беше како пазар.. али убеден сум дека ќе имаше консолидација за брзо и дека се ќе е во ред. Дури и да има прифатлива тема ( пошо испаѓа дека темата треба да се поклопува а не „возраста“) ако настане ситуација „чет“ ќе биде веднаш укината? - НЕ ! #НемаПравдаНемаМир
Пријави во центар за социјални грижи и поднеси кривична против уредниците на форумот како и против родителите на малолетните лица !!!
Пошто ја,затворивте темата на,JonyBravo.Дозволете да се отвори тема:Ние околу и преку 20. Не е фер...Сакаме таква тема!
Видете, не ни мора да се нагласува возраста (20, 30, 40, 50), кој смета дека има нешто (паметно) да каже, нека си пишува- помлади, постари, сингл, во врска, во брак, студенти, вработени, невработени, сеедно Всушност, несудената тема и ја замислувам како „Сакам да кажам“, само со можност за реплицирање.
За ова се слагам. Проблемот е што, секој може да излаже за возраста... а, дека не им местото во темите - не им. Дека на Фемина се имаат собрано чудни ликови што штанцаат таму, а се тро „поголемки“ - да. @Nausicaa , се слагам. Не мора да е ограничена на таргет група, ако веќе им боде очи на админите. Иако е неферски да истото го дозволуваш на тие во 40ка, а не на другите, но..можеме и да искористиме и некои од постоечките теми во Кафе муабети за истата намена, која ја имавме замислено и со оваа „несудената“ тема. Како например: Денес... може да стане сврталиште, секојдневно на сите нас, кои..имаме потреба да шкрабаме за секојдневието, слично на 40ка темата..без да чатаме, без општи прашања..
Најпаметно ќе биде, сами да си разработите тема од многуте кои се веќе отворени, баш како што рече жапче, да не мора амин од Реинбоу да чекате. Сами поставете си правила на дискутирање за кои мислите дека нема да звучат како офтопици, па ако и тогаш ви ја заклучи...нешто е труло. Support
За нова таква тема, прво да се собереме сите кои имаме потреба од такво нешто и мислиме да пишуваме таму сериозно и убаво да ја одржуваме, да биде назначено за што смее, за што не смее да се пишува, нели да нема глупости, како чет само или да не се прашува за нешто за што веќе постои тема, туку да ни служи за секојдневни кафе муабетења на општи теми, каде што ќе се дружиме и ќе може да реплицираме.
Тогаш креваме бунт! Седум дена и седум ноќи интензивно ќе постираме гифови од фрлање јајца (низ темите). А, ако не се смени ситуацијата, не добиеме ист третман ко 40ка... ќе преземеме подрастични чекори за кои, накнадно ќе се договориме.