Штом има толкава желба за таква тема ќе се потрудиме да се изреализира. Би требало наскоро да биде отворена темата. Темата ќе биде отворена утре. Имајте добра ноќ.
Џабе ќе ја отвориш кога пак ќе ја затвориш во четврток. Без банови на одредени членови (еве и мене ако треба) ништо не иде темата пак ќе стане препукувања.
Може да се направи чат на форумот, но да е приватен, меѓу членовите. Да може да се пишува само со еден или само неколку избрани членови.
Да бидат актуелни теми како што беа порано на страницата, за убавина и рецепти, а не секој втор пост да ви е за бебиња и мајки или татковци ова или она направиле со бебето.
Јас се шалев , Реин стваарно ме банираше Утре бојкот на форум , со сите лажни профили идеме јако па уште ми пишува (Немаш доволно привилегии за да одговараш тука.) Нема еднаквост !!! нема мир !!!
@Yipman2 ајде, Јипи... закопуваме ратни сеќири Доваџај во младинската тема (во која и по некој старец со младалачки дух ќе пишува)..пристап ваљда имаш? Држ се до црвена и бела линија, правила и прописи и... све ќе биде океј.
@RainBow И после тоа JollyGirl како и секогаш (но некорегирана, небришена и небанирана) Браос за админот А и не ми е толку до грешките во модерирање, повеќе боде очи тоа што со секоја порака се повторува се едно исто, монотоно е, нема ништо интересно во коментариве на JollyGirl, не знам како не и здосадува се едно исто да пишува Изгледа е многу гладна па во секој пост сендвичите, сендвичите... е така само на Гора сокче кога останаа
Изгледа јас не сум се изјаснила добро во постот во темата. Навреди кон членови на форумот регулирам, според правилата. Ајде ако не да ги избришам сите постови во сите теми што се однесуваат на сељаци на пример, да бришам постови што се однесуваат општо на некоја група, зашто во нив некој би можел да се пронајде. Да имаше во постот Абеја, испран ти е мозокот, или вие од форумов сороспии тогаш ќе следуваше бан, како што веќе се случи.
Во мојот пост кога и се обратив на kolovoz мислам дека беше, немаше никаква навреда ама баш кон никого ЛИЧНО, ама ми беше избришан дури немав ни известување за истото. Потоа во наредните постови употребував изрази како и тие што ги цитирав погоре, беа општи, кон никого посебно и лично, ама ми беа избришани. Јас разбирам дека тоа е затоа што и ти си политички определена а и не ти се свиѓа мојата политичка определба, ама веќе ако користиме несоодветни изрази, да користиме СИТЕ, без разлика на определба. А ако тебе не ти се свиѓа што не делам мислење како твоето, не значи дека мислењата треба да ми бидат избришани, бидејќи сум зборувала општо, а тоа "ако некој се пронашол во таа група на луѓе" не е мој проблем, бидејќи според тебе треба да биде само лична навреда. Самата си ставаш сопка, не сум ти јас крива. Едно пишуваш, поинаку делуваш. Ако толку регулираш според правилата, кажи каде имаше навреда кон некого во мојот пост кога и се обратив на kolovoz, бидејќи за да се повикаш на нешто треба да имаш и докази. А и во подоцнежните постови, кога и онака отидоа оффтопик сите. Или сега немаш друго оружје во ракав, па ајде ќе се вадиме со финти како не сум се изјаснила убаво во постот, сум мислела вака, сум мислела онака. Знаеме што си мислела и колку селективно си делувала. А и како што не пишував во темата подолго, поради тоа ми беше чудно што бев цитирана од коловоз, па постот беше објаснување да не ме меша со другите и откако почнавте да бришете, сватив дека темата е анархија каква што била отсекогаш, нели?
@Abeja кога темата и така ја сметаш за сеир и провоцирање не знам која е потребата да пишуваш во истата. Можеш слободно да ја рипнеш. И те молам, ако ти си се изјаснила како политички определена не им лепи етикети на другите што не го направиле тоа. Мене не ми зависи работно место нити од владејачка партија, нити од опозиција, немам интерес ни вака ни така, затоа воздржи се од непотребни коментари. И доколку имаш уште нешто да додадеш направи го тоа во лп.