Единствено нешто што ми смета на форумов е тоа што неможеме слободно да читаме мислења од феминки, кои ни биле интересни, барем на нас членовите да ни биде дозволено тоа ( не вртев назад на темава, може и се имате изјаснето околу ова, али еве и јас да се искажам )
Изгледа мисли на оние кои ставиле забрана на профилот. @sagittarius57 Можеш да читаш мислења од одреден член на неколку начини. Во Search полето горе, кај Posted by member или како и да е на македонски, напиши го никот и ќе ти излезат. Или пак полесно, кликни на никот, па на бројот на мислења.
Предлагам да се затвори темата на @Dijana затоа што: - го прекршува правилото на форумов Не го користете форумот за реклама или самопромоција. Забрането е испраќање на мислења и лични пораки што рекламираат сајтови, фирми, организации, акции, продукти, услуги и сл. - рекламата дречи и е иритантно да ја гледаме како наслов постојано - секој ќе си земе за право да рекламира, а бидејќи имате еден модератор ќе му отворите многу работа @Mihajlo ... мислењево го поставувам во 2016та
I da se trgnit reklamata za Melem kremata ili sto I da e (ne ni otvoriv da vidam), zs odma mi ide da ja pejam od Kaliopi pesnata.
Пошто се отвараат теми за ова или она.. зошто да не се направи да постои дел само за анкети, без да се отвара целосна тема и да се коментира туку да си биде само Анкета, така ќе се избегне отварањето на непотребни теми и коментари
*Моја идеја е ако е возможно да се направи Фемина.мк апликација за Андроид и IOS оп.системи Така ќе биде полесно за користење. *ако може тргнете ја рекламата за Мелем,едно ќе стиснеш тоа искача *и уште нешто.Може ли да потсреди овде малце по темиве?Бидејќи знам дека Реин е со бебе и не може да е нонстоп овде.Тролови ќе отворат теми само и ќе си отидат,дневно ги приметувам по 4-5 ќе се најават и ги нема.Неможам во профилов да си влезам
Добро би било да можеме да си ги избришеме профилите целосно,ама се сомневам дека би ставиле таква опција.
Не знам дали некој го има предложено, ама сигурен сум дека некој има дадено ваков предлог. Би било убаво да се направи еден ист пост што е лајкнат да биде само со едно известување, на пример: „Ketchup, Someonespecial и 23 други му/и` се допадна твое мислење во темата Сакам да кажам“. Мислам дека така би било попрегледно и нема да испуштиме некое друго известување ако некој некаде нè тагнал. А кога сме кај тагнувањето, може да се смени и таа опција. Зошто мора само првите пет члена да добиваат известување дека се тагнати некаде? Направете сите членови да добиваат известување. Колку пати само сум пропуштил постови така. Еднаш некоја членка ме тагнала и после 3 месеца случајно видов и тогаш и вратив. Би било убаво да се размисли за ова. Стискам палци да се оствари.
И мене многу ме нервира тоа со лајковите, посебно ако еден исти член почне да ти лајкува во иста тема повеќе постови. Да се чудиш на што ти лајкнал. Убаво би било вака да си се на едно место ако сакаш да видиш да видиш прегледно.
@RainBow додека бришеше коректни и не навредливи за никого мислења, си испуштила да го избришеш мислењето на Адина, или подобро кажано слика од туѓо дете. Моето мислење можеби те навреди, но ете уште еднаш се потврдува тоа што го пишав - еден модератор не е доволен на овој форум.
Мислам дека Реин не е задолжена за останатите модератори. За тоа треба да се погрижат Михајло, Фемина, Дијана, Билката... што ги знам уште кои се. Јас знаев за Михајло и Билката, ама ете за Форумџика на годината беше задолжена Фемина, а во темите за козметика и подароците е Дијана, ако е и она се уште тука.
Дијана се појави само за да рекламира тоа за депилација и да ја земе наградата од Мелем. За други работи, никаде ја нема. Другите па ич се немаат појавено, тешко и дека ќе се појават :/