Незнам дали ова е вистинското место за моето прашање, однапред се извинувам ако не е и слободно поправете ме Зашто сеуште не постои апликација (андроид и иос) за форумов? Навистина е мачно да отвораш сафари па додека се снајдеш... не дека е нешто прекомплицирано, но сепак мислам дека се би било многу полесно доколку имаме апликација Се извинувам и доколку некој веќе зборувал на оваа тема, јас не сретнав
Дaли имa некaкви шaнси дa се избришaт темите сo мaлку мислењa кoи се и пoвтoрувaaт и џaбе пo 12 стр. Нa темa? Ми се иди вo тoе теми дa пишувaм кaнтa,кaнтa,кaнтaa
Мислам дека одговорните, супер си ја вршат работата. Ако треба нешто да оди во канта, ќе оди. Нема ништо тука спорно. Ние можеме да дадеме предлог, али не сме должни.
Не знaм дaли некoј гo имa спoмнaтo oвa, aмa и дa имa дa си кaжaм јaс. Нели бивa тие пoрaки кoи се вo спoјлер дa бидaт видливи сaмo зa членoвите oд фoрумoт, дa не мoжaт дa ги гледaaт oние кoи сaмo нè читaaт? Би билo убaвo дa се рaзгледa oвa.
Убаво е ова, ама во темите за книги и серии ќе се зачленуваат луѓето само за да отворат спојлер. Сепак, добра идеја е да има посебен вид спојлер за криење податоци што не сакаме да ги откриеме.
Дa, дa. Тoa и ми беше пoентaтa. Не зa џaбе некoи рaбoти ги стaвaме вo спoјлер, aмa џaбе е. Нa пример сликa oд нaс, девoјките штo oбјaвувaaт кoмбинaции и шминки и сличнo. Тaкa пoвеќе би се зaштителa привaтнoстa нa феминките и феминкoвците.
@Mr. Right После ставање слика на форум од тебе нема каење Шала на страна, луѓето на анонимен форум чим ставаат слики од себе, тоа значи дека егото да бидат видени стане поголемо од стравот и желбата од тоа да бидат сокриени Тоа што после некој ги препознае, па ги открива е mission failed или нешто на кое не сметале Ипак податоци што ги откриваме, а не сакаме да бидат откриени е доволно контрадикторно и доволно кажува Така да, не се многу секирај за истото, туку оди напиши по едно мислење за мене и тебе како го чуваме "нашето" дете и секој ден го давиме во Лино, да добиеме по некој пакетич
Не дaвaaт бе тие, oстaј ги. Ќе чекaме другa темa зa Hipp, пa тaму нив ќе ги фaлиме и мoже ќе ни се пoсреќи.
Не е предлог нит идеја али сто пати пробав да пратам мислење на една тема и не ми дава ми вика: Внеси порака која не содржи повеќе од 10000 симболи. А сигурна сум дека немам толку во пораката фала богу
Во последно време, упорно одам на опција save link/post која не постои тука, а на фб Еве, кај сериите и филмовите особено ми треба can I have that да не мрдам со прстот по тачот напразно,барајќи каде беше опцијата
Би било убаво да се произнесе некој од администратори,модератори по ова прашање.....доколку се финансиите проблем,може да се направи некоја акција со донирање парични средства по симболична цена,или да се направи да се плаќа апликацијата исто по некоја цена што секој би можел да си ја дозволи...
Не знам дали некој предложил ова, но дали на пример би можело кога некој ни лајкнува мислење, тоа да ни се прикажува на пример : на n0Limits , блабла и уште 19 други му/и се допадна твое мислење во темата ___ ? Како на фб што е... Па кога ќе си кликнеме да ни даде листа кој ни лајкнал...а не вака еден по еден (едно под друго) да се прикажуваат
Би сакала да пишам збор- два за некои работи кои не ми се допаѓаат овде, а бидејќи сум член на форумов ќе земам право и да го направам истото јавно. Знам дека секој различно го зема форумот здраво-за-готово, но постојат членови кои немаат граници и осет за црвено светло за било што. Да почнеме од тоа дека форумов е форум, и членовите се тие кои "го вртат". Не е фејсбук, блог, портал, или нешто слично што се среќава на интернет. Па зошто тогаш очекувате да биде, или истиот да се претвори, во нивна "копија"? А не би да спомнувам дека повеќето не знаат ни правилно да ги користатат услугите кои им се понудени, камо ли уште да ги бараат истите овде. И не, ова не се однсуваше директно на никој, туку е општа забелешка. Треба подсвесно да се знае дека ова место е за дискусија и се истапува со аргументни и факти, без притоа да се нарушуваат правилата на кои е поставен самиот форум. Значи, не сте излезени на кафе- муабет со другарките за да постирате пораки од "ха ха хахахах, ме изнасмеа" тип, туку влегувате во дискусии и учите како да се носите со истите, на веќе поставена тема. Што води до точка каде што се соочувате со сопствената (не)писменост, пошто нели, треба да успеете точно да се изразите. Малограѓанштината сочувајте ја за себе. Нема потреба да ја покажете овде, исто и своите комплекси. Докажано е дека комплекси не се лечат со малтретирање невини, виртуелни души. Научете да го почитувате туѓото мислење, не мора да го прифатите. А прифатете кога сте во грешка, и упатете честитки кога сметате дека постои нешто што е достојно и не смее да помине незабележано. Не заборавајте дека не сте центар на универзум, не си давајте преголемо значење. Фамозните "лајкови" не се мерило колку вредите. И уште нешто многу битно, не заборавајте на фактот дека ова е виртуелен свет. Виртуелен. Пробивањето информации, и претходно сум спомнала овде, како и откривањето идентитети, е нешто најлесно во денешно време. Затоа треба внимателно да одберете до кој степен ќе ја разоткриете својата интима. Ако не сакате некој нешто да дознае, најдобро е никогаш да не го напишате, ниту објавите. Зошто? Затоа што едно нешто од тајно, да премине во јавно, е потребно само да се декодираат низа кодови. Со тоа секој обезбеден сервер, е небезбеден. А сигурно знаете дека едно нешто што е објавено, никогаш не можете да го повлечете или измените, така? Ова се познавња од општа култура, нема да навлегувам подлабоко. Да дадам свој коментар и за модераторите. Искрено сакам да се надевам дека целава идеја ќе стане реалност.(Не треба да напоменам дека употребувам сарказам до сега во изразувањето, така?) Затоа треба да има некој кој врши контрола за да не настане хаос. Но прво треба истиот да биде способен за тоа. А според лично видување, не целиот избран тим го поседува она што треба еден модератор. Има премногу неквалификувани за таа работа во тимот, и други квалификувани кои не се земени во предвид. (Можеби ова е посоодветно да се пиша во соодветната тема за модератори.*) Постот е само мое гледиште на работите општо, и на работи кои ме иритираат, како личност која дел од свето слободно време го поминува овде. А искрено, не сум личност која троши време за џабе. Па не би сакала да престанам со пишување овде, бидејќи можам да кажам дека тука сум научила ситници кои живот значат за личност како мене. Но не значи дека тоа е доволно добра причина за да продолжам да пишувам. Тоа не прави никаква разлика за Форумот Фемина, ама ми прави мене.
@RainBow предлог имам да се остави темана во политика отворена , за да можеме да се испцоваме како луѓе. Значи во вакви возбудливи кризни времиња не се затвара политичка тема.