Кога коментарот се однесува на пост на некој член, означете го членот или цитирајте. И не, не е само за "пријави" копчето, туку би олеснило извршување на многу други опции на форумот.
Тема критики за администација. Да бидеме рамноправни. Шала на срана,за да не полниме офф топици кога испаѓа потреба за вакво нешто.
Јас имам еден предлог за тема, ама не знам дали би била успешна. Идеава ми е од некои странски форуми, таму е доста популарна. Цел на темата би било да се постават лични оутфити на одредена тема пример little black dress, beach outfit, work outfit with a pencil skirt и слично. Мислам дека би било интересно да се види како се облекуваме ние феминките на различни теми, и секако би било доста инспиративно. И по можност темата би била во скриено катче yay or nay?
Сакам да има копчиња за лајк исто како на фејзбук Лајк, LOVE, HAHA, ANGRY ...... Ако може да гореализирате мнпгу подобро ќе биде да може реакција да се притисне на коментар
Значи коа ќе сакаш да пишеш мислење, тоа хоризонталното како со иконки на 3тото после смајлито има едно прозорче пишува Вметни.Стисни на него и одбери го тоа Спојлер , послее стави наслов на спојлерот и пиши внатре меѓу SPOILER и SPOILER.Мислам ме сфати.Ако не пиши ми лп Спојлер: спојлер алалалал
Може ли да се отвори некоја тема на пример како што има Што би му кажале на партнерот или на претпоставениот, ама оваа да биде Што би и кажале на одредена феминка? На пример во темата На срце ми лежи не е дозволено да се цитира а често сакам еден подолг пост да напишам на некоја феминка во форма на совет, утеха или такво нешто слично, или нешто навистина што сакам да и кажам. Имам некоја замисла во глава ама не можам убаво да објаснам што би се пишувало во темата. Знам дека постои и лп за вакви работи ама не е тоа тоа. Доколку се сложуваат модераторите и членовите да отворам? Доколку мислите дека нема потреба за таква тема, во ред.
Имаше некој отворено ваква тема пред некоја година, ама не успеа. Функционираше исто како Специјален поздрав до... Таму можеш да пишеш ако сакаш.
Штом во темата не е дозволено нема потреба на друго место да се цитираат. Да сакаат да побараат совет ќе пишат во таква тема, а не во тема каде не е дозволно реплицирање и основната намена и е да се олесни човек. Плус, не е достапна за членови кои немаат сто мислења и нема смисла да се вадат од таму. Така стои и во воведот.
Не мислев да се цитира во друга тема, туку само онака да и порачам нешто на таа феминка, или да и кажам. Убаво си реков дека имам некоја замисла во глава како би требало да изгледа ама не знам да ви ја пренесам убаво. Нема врска. Во ред е.
@manja666, за тоа можеш да ја искористиш темата Специјален поздрав ако сакаш да биде јавно, или пак во ЛП Ако се отвори таква посебна тема има ризик конфликтни членки да се искажат дрско кон феминки со кои имаат различни ставови, да стане тензично и брзо да се упропасти во таков правец, затоа сме скептични
Кога ќе се тргне банерот за Лино? Заврши наградната игра, се добија пакетите, зошто уште стои? Ако сака некој да пише во таа тема ќе ја најде.