Абре не знам колку пати ќе се повторам! Штурчето да се врати! Знаете на шо мислам она шо свиркаше на заедничкиот чет hashtag:warbetween штурци and пилиња
Ја листам "Другата наука" и гледам има многу без врска теми, не само во оваа туку и во други категории има многу безпотребни и некорисни теми кои би можело да се избришат. Едит: Не ми дадовте 10 поени за Среќен роденден ццц.
Мхм, зошто јас мислам дека лани ми дадоа 10 поени. Едит: сум помешала нешто сигурно, сега баш проверив дека во 2015 ми се дадени, а на 25 мај 2014 сум зачленета. Нешто е испомешано или јас сум грешка.
Еве една тешко остварлива идеја бар за сега, ама во иднина ако Фемина ја сработи, цела Македонија ќе ја собере на купче. А што многу сме... Покрај форум да има социјална мрежа Feminabook (инспирација од Facebook јасно), кај што ќе има можност за праќање пријателство, пишување статуси со приватност (friends или public), креирање групи, додавање членови во тие групи, дискусии, оговарања итн. хаха. Сето ова го има на Фејсбук, што е разликата? Епа разликата е мала, ама всушност голема. Анонимност. Во смисла на тоа што нема слики од нас, не ги користиме вистинските имиња итн. туку форумски никови. Истиот јузернејм и лозинка ќе можат да се користат и за форумот и за социјалната мрежа. Исто така топ ствар би била real-time приватен чет меѓу членовите на форумот со што комуникацијата би одела многу побрзо. Сево ова всушност може да се направи како додаток на форумот, за да не се дисперзираат членови на 2 места. Реализациjа на вакво нешто бара доста време и ресури, ама е 1 million $ idea. At least I think so.
Ако може еден гинеколог дежурен да има за темите како Дали сум бремена и Дали сум бремена(смешно издание).... и остали: секс под туш, дали се забременува во вода, дали пиење фанта ги зголемува градите и останатите навидум смешни прашања, но време е младината да се образува и ова би било хуманост доколку ги занемариме негативните критики. За да не биде рекла - казала или "не го сфатив сарказмот/иронијата", туку некој(докторот) да си ја сфати работата сериозно(if it's possible). Би ни било од голема корист, грациас
Go procitav prethodniov post i bas sum ozbilna. Dojdoa vreminja covek da se plasis nesto da prasasa oti neli ke izlezes glupav ne koristis internet. Mladi deca bez iskustvo pisuvaat, nemaat kade da prasaat i ako znaete nesto odgovorete im. Da gi podigruvate greota e, ako bi znaele sigurno ne bi prasale. Zatoa ako imate odgovor pomognete, ako e za izigruvanje, preskoknete. Greota se, se nasle vo nevolja, denes tie utre nie. Zatoa i pisuvaat lugeto, za da gi resaat nedoumicite koj gi imaat.
Цецке, сѐ тоа океј ама во забавното издание на Дали сум бремена намерно се измислуваат смешни и скроз бесмислени прашања (инспирирани од тоа што пишувале тролови овде и на Гламстик) и се даваат исто толку смешни и бесмислени одговори. Значи целата поента на темата е забава и смеа, никој не е озбилен
Абе да Специ ама не се сите исто паметни да речеме, можат погрешно да те разберат или да не ви ги сфатат шалите. Не дај Боже озбилно да ви ги сфатат а вие се шалите.На некој сарказмот им е слаба страна( ко Шелдон од теоријата). Затоа велам да се уозбили ситуацијата за да имате помалку коментари за смеење во темата за бременост- смешно издание Баш за вакви "прашања" е критично, за останатите сме веќе експерти.
А да си отидат во болница и да се прегледаат ко секој нормален човек ако имаат проблем? Мислам кој гинеколог би прифатил да губи време со тинејџерки и да биде достапен во секое време за да им одговара дали се бремени? Знаете дека си имаат работа докторите? Не седат на фемина. Па ајде и за астма и за дијабетис и за реума нека има дежурен, па сите да си ги кажеме маките. Што ќе одиме по болници. Ќе се приклучиш на фемина и ќе ти земе крв дежурниот доктор преку екран, па ќе ти каже што ти е.
Има тема за дали некоја е бремена или не, во која се дискутира посериозно. Темата која е за смешно издание е смешна, мајтап, немора некој да сфаќа или не сарказам, едноставно пишува во насловот - смешно издаение, па ако тоа е нагласено зошто некој би пишувал сериозно внатре? Ако некој има проблем ќе пиши во соодветната тема, ако пиши во смешно издание нема смисла да очекува сериозни одговори.
Да бе, тие за инает прават лажни профили и пишуваат дебилни прашања у сериознана тема, па ќе им се секирам уште и за таа за смешните... Имаат гугл, имаат лична порака, имаат ДОКТОР...
@ceca-1 Цеца, темата за смешни мислења си е на место.. Не е ниту во секс, ниту во некој од здравствените подфоруми.. Да беше, тогаш немаше да биде смешно издание. И така..
Изводливо беше и кога порано имаше консултации со гинеколози и тоа вистински, како што има теми за награди така и докторите си имаа свој профил на Фемина( проверете ако не верувате). Одговараа колку одговараа па стивнаа. Значи што се тиче дали може - може. Баш дека ова е женски форум... А на доктор да си отидат тешко дека ќе му ги постават овие прашања туку си одат за маката што си ја имаат. Сакате образована младина ама саботирате. Зошто? Дали можеби сакате да си гледате сеир и наместо да направите нешто продуктивно вие се ситите на туѓото незнаење кое може е од оправдани причини(може доаѓа од мало место или од Шутка каде до скоро немаше гинеколог). Помалку осудувајте и сакајте искрено да се подмрдне мртвата точка. Нема врска за таа тема конкретно туку за ваквите прашања. Јас мислев да дадам идеја а за другото оставам на другите. Колку ми е добра/лоша идејата ќе каже времето. Иначе Ок
Може имало порано доктори, се додека не виделе какви глуперди и смешки од луѓе постојат во виртуелниов свет. Напалени тинејџери прашуваат дали 22 цм биле доволно за машки полов орган или МАЛ му бил...Исплашени тинејџерки урлаат дали да се напиеле апче за ден потоа...Некоја полузрела особа не знае каде и свршил типот што не му знае име.....Некоја па трета особа плаче дека аналниот отвор ја болел пошто си ставила дезодоранс............................и слично. Под ниво им е на докторите да седат тука и да се замараат со секакви пациенти. Јас да бев специјализиран доктор по нешто, и илјадници евра да ми даваат од форумов, немаше да седам тука и да се расправам.