Нема теоретски шанси доктор да седи на форумов и бесплатно да едуцира и да дава совети. Што ви е бе? Мислам дека тоа важи за било кое лице со професија од јавен интерес. Еве на пр. правник нема шанси тука да седне и да решава нечиј правен проблем пошто на тој начин губи . Во ваквите случаи добрина = наивност. Мислам... може некој/а доктор/докторица ако сака да волонтира на фемина, ама се сомневам дека долго ќе трае. Инаку... Спојлер Гинеколошко - акушерско одделение “Фемина“ звучи добро.
Епа од сите страни кога е затворено што очекувате? Нема глупи прашања. А ако вака потценувате за никаде сме. Разбирам јас дека навистина прашањата се најблаго смешни ама велам и покрај тоа да направиме нешто. Со ваков став никаде нема да стигнеме. Ептен сум ентузијаст изгледа ама имам желба за промени.
Не ми е јасно како сеуште се толерира @JollyGirl и да не биде банирана,погледајте колку членки се жалат од неа вклучувајки ме и мене толку навредува и никој ништо не превземе мислам @RainBow треба сериозно да се позанимаваш со членката и да си добие траен бан,кога можете мене да ме банирате можете и неа. Одамна заслужи за бан но незнам зашто толку и се плашите?Што е она попривилигирана од сите останати тука,стварно не ми е јасно.
Ви пишав и во штоо не ви се допаѓа на форумов, сакам коментарите со навредлива содржина на @JollyGirl да бидат избришани, а она трајно банирана од темата актуелни политички настани. Не може да се толерира деструктивна личност која посакува смрт. Реагирајте си побрзо, не може на останатите членови да им се бришат коментарите или да бидат банирани, а џорлана да се толерира.
Да има опција да можиме да прикачиме видео од компјутер/ телефон, а не само од јутуб и слични сајтови.
Уште еден предлог. Зошто не фаќаат emojis? Знам има смајлиња, но пример телефонот ми е мене тапа и кога отворам смајлињата тука ми закочва, а без нив звучам ко без емоции да сум. Макар и некако да се додадат на постоечките смајловци треба да можи ако се најдат како слики, кои мислам дека ги има на iemoji.com И ги има многу, има emojis скоро за се.
Ставете ограничување на големината на потписите, некои членови цела позадина од десктоп си ја во потпис ставаат, поголем им е потписот од мислењата. Стварно не е прегледно, треба потписот пола саат да им го скролам.
Секој нов член отвара нова тема што веќе ја има од предходно,а никој не превзема ништо или после три века се брише истата.
Ама така нема да видам кој има кул потписи, како моите на пример Шала на страна, не ми текнало да проверам тоа, фала
Сметам дека темата ''Вашата шминка низ слики'' треба да се најде во скриено катче и да не е достапна за гостите туку само за членовите на форумот.
Друже, кога е замерката офтопик во темата, а после тоа по неа се редат и други офтопици – нормално дека ќе бидат избришани. И малку посмирено гледај на тоа. Барем ти си квалитетен член и културна, зрела личност... не мора толку нервоза за вакви ситуации
По некоја логика да се дозволи максимум 5 мислења во денот...а не..седнале на една тема и цел ден ја силуваат....така ќе има побеќе баланс
Пријави мислење од конкретната тема и пиши порака кај било кој од модераторите. Сите имаат отворено сандаче за пораки. Ете, едноставно е. Нема потреба од "дискусија" со таков тон.