Јас замерката веќе ја напишав, а тоа колку модераторите ќе ја испоштуваат останува да видиме. Ма да не очекувам некое подобрување, ама ајде. Што се однесува до дискусијата мислам дека е во ред. Не им е првпат да бришат мислења на некоја тема. И ај вака да се договориме, може ли од сега па понатака модераторот кој што модерира во некоја категорија тој да одговара на поставените прашања, а не вака вие да одговарате наместо нив. Затоа што токму од нив, поточно, тој што го избришал мислењето, очекувам одговор. Не сфаќајте ме ни ти ни Спешлка погрешно.
Мислам дека прашањево ти е сосема на место. Во темите навистина сметаат таквите оф топици, конкретно по твојот пост се нареди цела страница и кусур, а одат до недоглед таквите оф топици и неопходно е бришење. Но, треба место каде што ќе може да се искаже мислење за некоја тема и да има идеи како да се подобри доколку нешто "боде очи" во темата. Можеби во категоријата За форумот да отвориме тема Забелешки и идеи за темите на форумот, или нешто слично, каде што ќе можат да одат овие мислења наместо да се трупаат темите со оф топици. Ќе биде разгледано.
Зошто да биде разгледано ајде еве мр.ригхт нека отвори тема. Зошто за другите теми не се разгледува прво туку се отвараат теми без врска, дупликати, со наслови на латиница и со долги неможеш да ги дочиташ, а за тие што треба да даваме критики на вашето работење-прво да треба да се разгледаат?
Темата за која пишав да се отвори е за забелешки за другите теми, на пример како што имаше пишано @Mr. Right во темата Што последно си купивте, му сметало дека постирале влошки, па надолу цела дискусија за тоа. Во оваа нова тема би се пишувале вакви работи затоа што пречи во темите и да видиме дали би нашле некое решение.
jas bi dala predlog sto go ima na eden sajt kade sum clen i mislam deka samo tamu go ima ova a dobro e i ovde da go ima - moznost clenkata da se oznaci kako anonimna pred da go objavi komentarot
ne bese glamstik druga bese.se pisuva ama mojov kompjuter e so star windows sistem i povejke programi ne mozam da simnam vklucuvajki i makedonski font inaku od tel. ok e za pisuvanje
Сум пропуштила нешто тука... не сум видела што се случило, но зошто мора оф топик да се оди? Колку пати јас нешто сум пишала и ќе ме цитира некој без врска и ќе повлече две страни... воздржете се од коментари каде што не мора и не треба да ги има.
Штотуку @Someonespecial не сакаше да реагира и да ги избрише несоодветните мислења од темата ВМРО е насекаде околу нас. @RainBow , разгледај ги ти, јас ги пријавив од следнава причина: Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења. Темата не е за коментари во стилот ,,очаен обид да се биде интересен извртувајќи зборови" и да, баш се бесмислени коментарите. Едит: можеби во погрешна тема пишав али сеедно. Нека биде предлог да се прочешлаат модераторите.
Битер, навистина ги премина сите граници. Какви несоодветни мислења, темата е во категорија Насмевка и е токму за исмевање на партијата и нејзиниот менталитет. Те молам прочитај го уште еднаш воведот на самата Реин. За какви коментари е ако не за шеги и што е несоодветно овде?
@Someonespecial Забрането е пишувањето на бесмислени мислења со цел зголемување на вашиот вкупен број на мислења, сфаќаш? Бесмислени. Да беа интересни, ок, ама прости се. Еј моногоо је јакоо вака да се писшуе, да паднесш оф смеја.
Девојко, тебе пола од мислењата ти се кукања како некој друг пишува мислења за лајкови и собирање на мислења, како темата била глупа и треба да се избрише, како не ти се свиѓало тука и дека нема да пишуваш веќе...
Битер, ти се молам, знаеме многу добро што ти е целта и колку си објективна Цела тема буквално ми ја пријави бе девојко... Какви мислења би требало да се филтрираат во ваква тема? По трет пат ти повторувам, ова е категорија насмевка, во која дури и ваква тема има. Еве слободно нека отвори некој и тема ,,СДСМ е насекаде околу нас“, ти ветувам дека нема да бришам ваков тип мислења, ама се кладам дека нема да бидеш тука да се буниш во тој случај.
А,бе децоо мн погрешно имате сфатено некои раб,што мешате модератори со членови?Не сме на нивоу ние членовите на крај ќе испадне,мене ми е те едно исто а модератор а член,само разлика е тоа што ако некој напише нешто што нетреба модератприте треба да го избришат додека членовите не мораат ништо