Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се бришат тие постови, ако во Насмевка се брише се што не успеало да насмее некого, е-хе.
    И оладете со пријавување, членовите, и со бришење, модераторите. Јас кога би била модератор, би бришела само мислења кои содржат лични навреди кон форумџии, или нешто ептен веќе офтопик кое води во погрешна насока. Другото нека сведочи за слободата на говор.
     
    На parksey, theowndemon, IM.TMKQ и 8 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Мислењата се на место, темата е отворена во насмевка за забава и нема потреба да се бришат.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.647
    Допаѓања:
    79.471
    Пол:
    Женски
    Добро, ќе пишувам и јас бесмислени мислења за да си го зголемам бројот. :inlove:
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Додека е во склоп на темата слободно пиши. :)
     
    На theowndemon, cresa-jagoda и Dust им се допаѓа ова.
  5. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Да има список на отворени теми како PDF документ или нешто како листа да се гледа.
    А не да предаруваш на лупата оти мн теми не ги дава на тоа пребарување.

    Благодарам
     
    На parksey, Joi и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.647
    Допаѓања:
    79.471
    Пол:
    Женски
    И да прашам, зошто во СДК беа избришани мислењата на @baba Rada а другите оф топик мислења си стојат?
     
    Последна измена: 13 септември 2017
    На carangigia, Dadusicka, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    И мислам дека малце пофлексибилни треба да бидат модераторите и покомпактибилни.
    И мислам дека треба да има копче за сам да си избришеш мислење така мислам дека нема да има замерки доколку е избришано некое мислење.
    Доколку е свесен за тоа што го напишал сам ќе си го избриши а доколку не можат модераторите да го избришат за рок од 24 часа.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.848
    Пол:
    Женски
    Даворе, ако има вакво копче, сите после година дена ќе сакаат да си избришат некое без врска мислење што го пишале од типот - дечкото ме изневерува, сакам да пробам тројка, имам таков онаков фетиш и сл.. (конкретно од моите категории пишав)
    Ако сите избришат по 2 мислења, знаеш што ќе се случи со темиве? Ем ќе се изгуби смислата на муабетот, ем форумот ќе стане личен дневник на членовите. А не е. Форумот е јавен медиум.
    Затоа и се пази што се пишува, а не што на ум тоа на друм.
     
    На zalosna, theowndemon, +++ и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Ве читам подолго на оваа тема и највеќе ме чуди што при преглед на некои теми имам забележано дека пример некој ќе лајкне нешто на некој што не му се допаѓа и одма доваѓате тука на жалби, форумот ви е крив, модераторите ви се криви. Не. Прво морате да сфатите дека форумот е форум, не е реален живот. Вие не зборувате со личноста која што навистина е туку со нејзината виртуелна престава за себе пред другите. Јас пример пишувам свашта и до сега со модератори не сум имал проблем, затоа што форумот мене не ми е втор живот туку место каде што можам да споделам некое мислење, да се опуштам, да поминам време се во границите на нормалното и дозволеното, не прекршувајќи правила. Мора да се научите да замижувате на некои нешта во спротивно тоа секогаш ќе успева да ви го расипува веќе расипаниот ден. Со тоа да се истурите на некого нема да ви помине, само и ставате сол на раната и каде е крајот? Форумот според мене е баш супер и тимот на модератори е океј, бидејќи јас си го правам така да ми биде. Доколку го сменам понесувањето нормлано ќе се сменат и нештата на форум.
     
    На shz, theowndemon, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  10. СВН

    СВН Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    28
    Би ви предложил да ставите подфорум за временска прогноза за Македонија.
    И во секое време модераторот (ако знае од каде да гледа (можам јас :D )да може да кажува какво време не очекува.
     
    На marchi-cool и Daern им се допаѓа ова.
  11. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од тоа, постојат апликации на телефон ако сакаме да видиме какво време не очекува. :?: Не мора се и сешто да се трупа тука.
     
    На LegallyBlonde13, Someonespecial, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Имам еден предлог во врска со потписите. Мислам дека треба да се воведе некое правило кое би се однесувало на потписите. Сега можеби некои од вас нема да го сметаат ова мислење во ред, но искрено сметам дека треба да се воведе правило кое ќе се однесува на големината на потписите. Не очекувам сите да се согласат со ова, на крај крајава сите имаме различни мислења и секое мислење го почитувам но мене на пример лично ми смета кога луѓе во потписите ставаат слики, гифови и што ти ја знаме не, долги 100 километри од Скопје до Тетово. Ми треба пола саат време скролање за да стигнам до мислењето на некој друг член поради оваа работа.

    Потпис се знае колкав треба да биде и колку голем. Доколку ова би се решило би било супер јас мислам за сите...
     
    На Momichka, anastasija18, Ketchup и 14 други им се допаѓа ова.
  13. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Сакам апликација од феминааааа
    :(
     
    На Victorian, Arthur, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Мој предлог е анкетите после гласање да не се затвараат , или после одреден период да може да се гласа пак. Секако не мислам на оние брзи анкети неделни/месечни каде одбираме некоја феминка туку општо на анкетите по темите. На фемина сум веќе подолго време, и сега кога отварам анкети гледам дека врска нема тоа тогаш што сум гласала со моето сегашно мислење.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Ако може да постои опција да не ми го покажува аватарот горе до пораките и нотификациите.

    Не сакам секој кој ќе подаде глава да види што пишувам на мобилен, да може да дознае која сум на форумов.

    Ајде да менувам аватар секој втор ден, ама мојов стои и ќе стои ист.
     
    На parksey, Ketchup, Arthur и 4 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Заклучете ја темата Македонски јавни фаци, оти е скроз тривијална и небитна, а се претвори во анализа на рандом членови. Не губам од своето време да пријавувам мислења, заклучив дека е бадијала, бидејќи забележав и модератор кој наместо да среди, си учествува во стварање хаос, си лајкува лични навреди, се приклучува кон нив... Многу е лошо кога погрешни лица добиваат некаква функција. За модерирање е потребен човек со вродена некоја неутралност, способност да се согледуваат сите страни, а не секој располага со тоа. Не дека мене треба да ме интересира кога трети лица си ги вадат очите, ама она е веќе кокошарник. И така се работи за тема која поттикнува лоши навики како оговарање, ништо позитивно не може да се извлече оттаму. Клуч.
     
    На blonde_supergirl, GrevMk и elimkd им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Информирајте не кога некој поактивен член е баниран.

    „Банирани корисници“ нека седи заклучена и понатаму за да нема коментирања, препукувања и плачки ама модераторите нека објавуваат кратки известувања кој јадел бан и зошто.
     
    На Victorian, ceca-1, theowndemon и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    А кој е баниран?
     
    На Arthur, Joi и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Без разлика, треба да се известува кој е баниран и зошто. Јас додуша тука на темава пишав и нешто за потписите ама по се изгледа никој нема слух. Уште еднаш апелирам да се воведат правила за големината на потписите зошто ако ставите слика со А4-формат во потпис самиот форум губи на прегледност.
     
    Последна измена: 25 септември 2017
    На Victorian, theowndemon, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Gosh, дискусијата во „Каде е...?“ ме поттикна да го пишам предлогот, баш за да се спречат такви драми и лелекања како само членови на опозицијата биле банирани а тоа што вреѓале, ширеле говор на омраза и нетрпеливост е занемарливо и небитно. Очигледно треба да сме океј со тоа на женски форум да се проповеда шовинизам. Конкретно hardcore е баниран.
     
    Последна измена: 25 септември 2017
    На Victorian, theowndemon, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.