Чет и shoutbox е исто, и има по некој скоро во секое време од денот, кликни на вклучи се и ќе видиш, добредојдена си Обично пишува дека има 0 присутни пошто на повеќето ни е скриен онлајн статусот, а така не се покажува ни дека си присутен на чет
Ова правило поригорозно да се применува. На 99% од форумот не му се читаат политички глупости за тоа кој број да заокружиме дури и во СДК, секој божји ден еј! Стварно нема смисла, дури глупо ми е и да пријавувам веќе...
Не знаев каде да пишам па ај тука. Не може некако да се поедностави начинот на прикачување слики на чат?
Темата Музички дуел да не се држи толку строго и да се олабави, не треба заради мал предлог или критика да бришете цели онтопик содржини (вклучувајќи ГЛАСОВИ).
Да можи да прикачуваме макар и по едно видео на мислење, ама да не е од јутуб или некој друг сајт за прикачување на видеа, туку да можиме да прикачуваме дирек од компјутер, телефон и сл.
Ајде, ве молам, воведете опција да може да се игнорира тема на форумот. Не можам да ја гледам повеќе рамна земја во нови мислења.
Леле, истово сакав да го предложам еднаш мислејќи на друга тема, и сега ми треба баш за оваа. Од твоја уста во админски уши амин!
Да може бар еднаш да се смени корисничкото име. Нема да настане не знам каква забуна, многу поголеми форуми од овој ја имаат таа опција. Едноставно ќе се инсталира бот што во соодветната тема ќе известува кога некој ќе смени име, рецимо calliope => Шупелка, that simple. Не дека лично веднаш ќе ја искористам опцијата (а можда и ќе, што се знам), ама ете, ако некој ставил име без врска, сака да го тргне фамозното 4-че од ник, итн, не гледам зошто да не.
Јас сепак сакам апликација ама баш Фемина апликација, не да се логираме од Тапаталк итн. На хоум имам скратеница, и океј е мобилната верзија, ама апликација си е апликација
Опција "не ми се допаѓа", или "среден прст" за да не морам постојано да влегувам во непотребни дискусии до одредени членови
Гледаш дека и тебе ти треба, на пример, можеше да преќутиш сега. Би рекла дека е многу симптоматично да имаш толку остар негативизам кон форумски лик со кого никогаш немаш ни позитивен ни негативен збор разменето. По што одлучи дека ме мразиш? Не сум ти симпатична?
Или некој сака трите шестки на пример, зошто врска нема зошто побогу ги ставила и никот делува ко некоја ѓаволеста тинејџерка да пишува. Добро би било ова, ама не верувам дека ќе се превземе нешто. И јас сакам опција не ми се допаѓа и мислам дека баш е потребно такво нешто на форум. И пример сите оние недопаѓања, т.е минуси да ни се одземаат од лајковите, така да оние кои што пишуваат само за да тропнат нешто а истите се многу загрижени за бројот на лајкови два пати ќе размислат пред да пишуваат небулози. А и ете поинтересно да е ДЕ! Не ви се допаѓа предлогот м?
Зошто да не се одбанираат некои што се трајно банирани ? Во ред , згрешиле , но не е крај на светот ако опростиме на тие што згрешиле..... На пример да има гласање кој би сакале да се одбанира..// Сигурно би бил позабавен форумов и тие би си ја сватиле грешката и нема да се повтори .... Вики(со грчкиот) многу ми фалат зафрканциите
Може да се стави опција bookmark до мислењата? Имам налетано на многу интересни постови тука, би сакала да можам да ги зачувам кај себе на профил.