Тема можело да се игнорира, игнорирајќи го нејзиниот автор. Good to know. Пред Нова година го апдејтирав списокот на игнорирани и сфатив дека автоматски не ти се прикажани ниту темите од тие особи.
Излегува во нови мислења пак, само во категоријата не се покажува така Јас би сакала апдејт на игнор копчето, трајно игнор копче да има. Да нема долу покажи ја игнорираната содржина, па да не можеш ни да го тргнеш штом си кликнал некому. На некои не ни доаѓа памет, па продолжуваме да читаме страотни средновековни небулози...
Мене не ми доаѓа памет, па некогаш се ставам во искушение да притиснам покажи ја игнорираната содржина Ако отвори тема некој член што го игнорираш, темата излегува во нови мислења...Ако некој член што го игорираш пише во рандом тема, никот на членот ти излегува во нови мислења....Па кое е поентата на игнорирање кога НАСЕКАДЕ те прогонува никот? А некогаш дури со аватарот ми се покажува игнорираниот член и ми пишува: Оваа содржина ја игнорираш, покажи ја игнориранта содржина? Оооо фала што ме потсетивте На фб нели има опција да ги сокриеш сите објави од некој пријател или да не го следиш, па на раат си...Ни ти излегува каде пишува, ни што пишува, ни што лајкува...Ништо поврзано со него не ти излегува на почетна, а овде на форумов џабе ти е игнорирањето. Предлог: Дајте му смисла на игнорирањето.
Како може некој да ве прогонува? Ви иде во сон, ве следи по улица? Искоментирал на тема на јавен форум, каде што членуваат илјадници.. Каде што има право да коментира... Мислам многу драматизирате некогаш..
Може да те прогонува, штом со месеци те провоцира спомнувајќи те и инсинуирајќи на тебе во несоодветни, рандом теми. Разни ги има, ама веќе одбирам да не се занимавам со нивните проблеми, едноставно ignore. Е сега, никот и аватарот се лош потсетник, али јбг, ништо страшно. Или немаш дозвола да ја прегледуваш оваа категорија/ова мислење, додека не ја тргнеш особата од игнор, а тоа секако нема да се потрудам да го направам Не е идеално склопена опцијата, ама колку-толку, врши работа.
Не драматизирам, само дадов предлог... Забрането е? Ми сметаат и ме прогонуваат никови што ги игнорирам. За тоа е темава... Да пишеш предлог, не значи дека ќе го прифатат и не значи одма некој контра реплика да пише. Викаш на форумот има секој право да пише, а кога некој ќе пише мислење викаш драматизираме.
Освен "Ми се допаѓа" да има емоции за кликање, поинтересно ќе биде. Колку пати сакам "Цепки" или "Wow" да ставам на некое мислење.
Членувам на форуми од 2009та година, никогаш никого немам ставено на игнор, не ја сфаќам поентата на игнор на форум? Нели смислата е да разменуваме мислења, мене некој што ми е досаден/напорен едноставно го скролам и готово. Со игнорот се губи цела конотација на една тема, незнам која е поентата, стварно еве незнам. Шо има везе ако пример не се поднесуваме со некој тоа не значи дека нема никогаш да го цитирам, или да влезам во дискусија со тој член.
Убаво би било да се направи апликација за полесно користење на форумот преку телефон..вака е многу комплицирано :/
Зошто темите што се заклучени не се избришат засекогаш, наместо да излегуваат при некое пребарување? Глупо е.
Zdravo , malku nadvor od temava ama sum nov clen pa sakam da prasam dali temive se delat vo posebni grupi ili ?
Има подкатегории Кафе муабети, Храна, Религија... и секоја тема си е во соодветната категорија. Секој нов член е малку дезориентиран, и јас бев.
Да се укинат потписите. Не се гледаат од мобилен телефон, никој не ги контролирани, а одредени членови ги користат за изразување на расистички идеи и white supremacy.