Се гледаат од телефон, ако гледаш widescreen, а не portrait Али треба контрола, од компјутер кога сум, има потписи по пола страна.
Епа нека сме сите слепи, на сите нешто ни смета, најубаво сите да го напуштат форумов за да ти одговара на тебе. И мене ми сметаа голите гзови на Лејдицата па таа пак си става. Право на избор е, секој си гледа различно, твое е да прифатиш или како што ти кажав да исклучиш опција. И немој да се расправаш со мене.
Од голи газови до расизам има огромна разлика... И твое право на избор е дали ќе ме читаш или ќе ме игнорираш, ако ти сметам Апсолутно не се расправам, ти си таа што дојде да ми каже како не требало да ги гледам потписите ако не сакам да сведочам за расистички пропаганди на јавен форум. И онака потписот е променет, дискусијата може да заврши, мене ми е драго што на ваков или таков начин се трудам форунот да не биде дискриминирачко место кон ни една група луѓе.
Не ми сметаш ама ти кажав според тебе мислиш дека е расизам, некој не мисли и тоа е. До тебе е, не е до другите.
Абе зошто укинување, глеј го мојот што убав е Мене уште од новата платформа не ми се допаѓаат баш правилата за потпис, наместо текстот да може да иде само најобичен (без ни болд, италик, а камоли фонт/боја (јас бордово hackerman-ски го направив со скриншот )) – можело да се направи слика да се става како за аватар, само со upload и на тој фајл ограничена големина. А за порнографска содржина или говор на омраза секако треба да реагираат модератори, за второто посебно, нема тука кој како гледа – или е расистичка/националистичка содржина, или не е.
Јас пак едвај си годам потписи. Секогаш ми се поголеми од правилата, и се имам обидувано да ги намалам, па после да ги upload преку други страни, па не ми ги вади: Ама ова ми се допаѓа: ОВА! Гласам за ова. Само да не мора да ги прикачвам преку други страни.
А, неее Какви слики, какви бакрачи па само да сколаш низ една страна пола саат ти треба. Де гифчиња, де огромни слики, поголем потпис од тоа што е напишано во постот. Стварно има некои без осет.
Mислам дека треба да се отклучи темата Македонски претставници на Евровизија и дека може во подфорумот Музика да се разврзе посебна дискусија околу сите досегашни и идни претставници. Ама како ќе решат модераторите, така.
Да се превземе нешто со потписите, да има одредени дозволени димензии ако некој сака слика или гиф да стави, да не зафаќа пола страница.
Не е тоа решението, има десетина редовни машки членови кои умеат другарски, џентлменски и со смисла на хумор во нормални граници да дадат мислење и таму, како и во сите дискусии. Цел форум треба да им се затвори конкретно на манијаците кои се дојдени тука со непристојни намери, т.е. експресно да се банираат трајно и толку.
Предлози имам, еве ги: 1. На чет да може да се праѓа говорна порака 2. Да може секој корисник опција да си го деактивира профилот. 3. Наместо само да ми се допаѓа мислењето, да може да се ставаат реакции (haha,angry,love.d$%k,wow) 4. Да може да си избришеш мислење кога сакаш, а не само 30 минути од пишување. Еве ако мора да има време нека биде1 саат, пошо некад подоцна ми доаѓа каењето Мојот потпис како го гледаш ? Јас мислам дека е поучен RUN