Убаво би било наместо само лајкови да има повеќе опции на пример дека само е прочитано мислењето знак,потоа што има,, и неколку емотикончиња. Поразнолико и поинтересно би било.
Да бе, Фејсбук е ова па да биде разнолико и да си ставаме реакции на коментарите. Нема такво нешто на форум.
А што да не има некое правило само на фб да има реакции? Зпшто да нема на форум ова е тема предлози. Башка незнам што се малтретираме пишуваме тука дали некоја идеја или предлог е прифатена и спроведена до сега?
Кога веќе барате и јас ќе побарам нешто @RainBow да ви наплати за тие стикерчиња,микерчиња,реакции и акции
Така стои во насловот, ама за форумот се пишува од почеток на темата, што е логично Ретко кој нешто многу го интересира за сајтот тука Иначе за предлог, јас би сакала за видео од Фејсбук онака да се гледа како видео, а не само линк - е тоа процедурата да се поедностави
Кога модераторите редактираат мислење, задолжително да пишува: Изменето од модератор/Последна измена од модератор или сл.
За сајтот: да се пишува барем еднаш неделно во сите категории а не само хороскопот да се менува и кој што носел по евенти. За форумот: да може да се смени никот
Доколку се редактира многу брзо, секунди или минута две одкако е постирано мислењето, не знам ни јас точно, не пишува. Сум приметила и јас.
До пет минути не пиши или по рефреширање страна? Јас имам забележано ако рефреширам или отворам известување и одма се вратам назад, па едитирам - пишува. Помалку од пет минути работа е.
До сега секогаш до 5 мин ми било кога како модератор сум спојувала 2 мислења едно под друго или изменувала
Јас би сакала да го видам фоумов малку освежен, рефреширан и променет Ние што сме одамна овде некако е многу се монотоно со години и години нема шарм,шмек.. некако се е едно та исто и тоа па тоа а со оглед на денешнава технологија и навиките за промена и постојаната промена на сите сајтови итн некако ми е нереално а и застарено изгледа форумов.. Како да е напуштен Направете нешто променете.. Може ќе привлече многу повеќе членови а и постарите ќе се навратат Монотонијата не уби
И подобро. Ќе ти се одмили. Огромни слики, минијатурни букви. Среќа има опција за потписите на членовите да не се покажуваат.