@RainBow Многумина се утепаа со оф топици овде,бришењето слабо оди.И кога веќе се утепаа од прашување зошто некој член е баниран,дај среди или некој друг,да се отклучи соодветната тема за банирани корисници или да се отвори нова за тоа.Бесмислено е ова полнење на страни во темава !
@nextredstyle Де де, што па тебе лично толку те тангираат офтопиците? У секоја тема те приметив дека со истото спамаш, опушти се
Ако дозволува платформата, убаво би било, да има пребарување на темите, со внесување на број на страница. Да не мора да кликаме стотици, и илијадници страници... @RainBow ?
Јас, @Feminka22 јавно се обраќам на ЦЕЛИОТ форум и модераторите. @RainBow @Mihajlo . До кога ќе ги толерирате @Bianconerosempre и @Mamli ? И за двајцата имам укажано дека се тролови, имам пријавувано мислења ама исходот е НУЛА.До кога ќе ги толерирате?Се трудам да не паднам на провокации и да одговарам смирено САМО за да не добијам бан.Веќе 4 години сум овде, активна сум, со некои сум се спукала ама тоа траело кратко.Се плашам дека за некој ден живците ќе ми се истенчат и некој од овие двајца ќе го отерам во неповрат, а не сакам таа страна да ја покажувам овде.Навистина не сакам бидејќи тоа е другата Феминка која никогаш не сте ја виделе овде и не сакате да ја видите. Затоа АПЕЛИРАМ, читајте поредовно што се дешава на форумов.Со тоа што сте модератори и тако даље освен во приватниот живот имате обврска и ОВДЕ.Доколку не се снаоѓате препуштете ја обврската на некој што поредовно ќе зачистува овде. Форумов веќе не личи на НИШТО.Само ФМЌ и +/- 40 останаа катчиња за дружба и забава.Сè друго е претворено во расна омраза, сексуална омраза и тако даље.Секој ден МОРА да има по барем ЕДНА расправија.Која е причината за ова не знам, ама можат и други членови да потврдат дека форумов не е како што беше пред година дена.Банови добиваат членки кои се без влакна на јазикот и се искрени што е повеќе за почит него некој што мачка очи вреѓа и пак на добил опомена. Ова го пишувам бидејќи ми е стало до форумов.Тука пишувам и кога сум среќна, и кога сум тажна или нервозна.Некој требаше ЈАВНО да ви упати апел..ваљда ќе превземете нешто.Да не ме болеше убо за форумов немаше да ви го пишам ова. ФПМ
И зашто? И дај отклучете ја темана ,,Прашање за форумот” ќе се буните после зашто имало офф топик мислења хаха..
Пази случајно да не ти го прочитаат коментаров Ете го Михајло трча да среди Си прави човекот пари од глупостите што се пишуваат на форумов, па му е гајле дали некој е трол со милиони никови, дали се кара или без врска коментира. Стави ги на игнор тие што си ги означила и не им се замарај, пошто верувај нема ништо да се преземе...Не се еднаш пријавени јавно.
Ги ставив ама во темите кај што пишуваме и јас и они ми имаат дупки разговорите и пак морам да им го тргнам игнорот за да ми има смисла се што се пишува..
И мене така ми излегуваат дупки по темите од личности што ги игнорирам, ама кога ќе ми текне зошто ми се на игнор сфаќам дека воошто не се вредни за читање, па си читам така што ми одговара меѓу редови
Oд која причина е заклучена темата "Актуелни политички настани"? Каков е овој форум, каде различноста на ставовите е толкувана како причина за клуч, само поради една жестока расправија? Во зенитот на случувањата и предизвикот со кој моментално се соочува нашата земја, вие носите одлука да ја заклучите темата за да не можеме да ги искажеме личните ставови, и тоа само ради конфликт меѓу двајца членови. Алал нека ви е.