Ее јас кога реков се шетаат тролови овде, кога реков модератори свестете се.Мене они на ИГНОР ме ставија.. Џабе што затварате теми, во друга тема ќе се спукаат.Треба со време да реагирате, зашто ние другите да не можеме да пишуваме во темата ради некои што сакаат очи да си копаат? И за ,,Прашања за форумот” така направивте ја заклучивте и после се буните офф-топици имало.Епа ќе има. Баба Рада ја баниравте за без везе а другиве ги трпите за кејф.Зашто бидејќи ако нема 2-3ца членови ние овде ќе умираме вени ќе сечеме?Или дека имаат некаква ,,титула” и не знам ти колку лајкови па ај нека ни скокаат на глава.. Боже Господе
Да се надоврзам, јас сум банирана од темата актуелни политички настани, бидејќи мој пост беше навредлив а тоа што увреџената ме нарече поткуплива, не било. Како на пример, личност А пишува "глупа си", личност Б и одговара "и ти си глупа" , админот ги брише двајцата а ја банира само личност Б. Во друга тема напишав дека ја затворија темата актуелни политички настани поради неправедното модерирање кое доведе до тоа членови да се закануваат со тужби на форумот. Па и тоа ми беше избришано-демократија. И одма се отклучи заклучената тема. Бидејќи никој не објаснува кога и зошто се банира некој, или кога и зошто е редактирано нечие мислење, имаме право сами да се изјасниме(во случајов без навреди, нели?) @Mihajlo потребно е ова прашање да се реши конечно, нека постои една тема каде што ќе бидат обелоденети сите нејаснотии. Ако има време за бришење и банирање, треба да има и за јавно објаснување. Симпатии надвор од форумот. Пред време да појаснам дека се обратив кон @Mihajlo, кон никој друг конкретно. Нема ништо во постов кое би предизвикало негово бришење. Прашањето е кон @Mihajlo и чекам одговор, макар и да не одговори. Предложив идеја и ја образложив зошто.
Дека не се улизива, дека ја кажува вистината, дека отвора теми на кои они не можат ни да се сетат. реално има поголема работа завршено она со темите отколку дел од модераторките. Има теми кои те влечат за јазик и заради кои се регистрираш, а туѓата способност ја открива сопствената неспособност па тоа ствара фрустрации и иединствен начин да се тргнат фрустрациите е да го тргнеш оној кој ти ги создава, оти не можеш да бидеш подобар. Јас таќа сфаќам Бан ќе јадам оти сум ја поддржала баба рада? И ќе се каже причина зошто била банирана или ќе се ќути какои за моето банирање што не смеам да кажам зашто беше, а има цела тема за тоа.
Така некако со многу членови кои им создаваат фрустрации Ќе се впуштат во дискусија демек да ти докажат нешто, ќе видат дека се губат или си ги засрамил и ќе те избришат ѓомити отпосле им текнало дека офтопик сме, а нивното ништо чудно да стои, да изгледа дека они на крај поента поставиле За греота ама тоа е.
Мене не ми се допаѓа што во некои теми повеќе се бришат мислења со конзервативни гледишта отколку со комунистички,социјални-социјалистички и либерални.Не знам дали модераторите се свесни дека е сосема нормално,а и дозволено со нашиот Устав луѓето да имаат различни мислења.Па,произволното и нереалното бришење на мислења претставува грубо кршење на уставните права.Оние форумски правила не можат да ги заштитат администраторите и модераторите од правни дејствија против нив. Треба да се сменат некои модератори,па можеби тогаш форумов ќе биде рамноправно место за дискусии. И треба да се отклучи темана за банирани корисници и таму подетално да се образложува зошто некој е баниран и до кога,а не овде или во други теми со штури одговори!
Конзервативните мислења почесто содржат говор на омраза и дискриминација кон маргинализирани групи, која според правилата на форумот, па дури и државните закони - е забранета. И не, не се бришат мислења и не се опоменуваат и казнуваат такви членови колку што треба, туку се форсира еднаквост на страни и ставови дури и при навреди и говор на омраза од ваквите. Баш во тоа е проблемот со модераторската работа.
Не е проблемот во слободниот говор и говорот на омраза. Проблемот е што тенка е линијата меѓу тие две работи. Или во нашиот менталитет: -Ако ти одговара тоа мислење го карактеризираш како слободен говор. -Ако не ти одговара го окарактеризираш како говор на омраза. Менталитетот ни е боранија тоа е тоа.
Некои модератори бришат произволно,нивните сопствени мислења или мислењата на оние со кои се блиски им се ОК дури и ако се оф топик или навредливи,а бришат спротивни ставови. Говор на омраза упатуваат и либерали кон конзервативци. Како што не е во ред конзервативец да утепува либерален со навреди,така не е во ред ни либерален да утепува конзервативец со навреди.
Серазликува за објективни луѓе....а на некој ако му речеш и бидеш реален (абер немаш математика на пример) ќе се навреди зошто не се помирува со евентуалната реалност.
Исто мислам како тебе, дефинитивно треба промена на модератори на форумов, некој треба да оди во пензија, некои сами да си дадат оставка поради спиење на работно место, а други да не судат по симпатија, туку да бидат праведни.
Не си ја работат работата како што треба.Ајде,сите имаме трпение до некаде,ама сечие трпение има граници.Ако не ги бива,треба да бидат сменети.