Не бре цури,грешно ме сфативте,сакав да знам како и е сега никот,или како и бил порано,ако ме разбирате Не ми беше поентата менување на имиња
Јас имам еден предлог и би била ептен среќна ако биде одобрен Станува збор за категоријата - Здравствени проблеми...Најискрено - хаос е...Кој стигнал отворал теми за најобичен проблем. Еве на пример зошто темите за: кандидијаза, бело прање, ХПВ, ЦИН1,2,3 , бактериски инфекции, колпоскопија, вагинални инфекции, (не) бело прање, кандида и менструален циклус, вагиналети, ме боли клиторисот, здебелување на цервикален канал, полип на матката, Канестен, цисти на јајниците и промени на температурата и цервикалната слуз - зашто не би се соединиле во една тема - гинеколошки проблеми и лекување или многуте теми поврзани со менструален циклус да не бидат посебни, туку во една тема - менструација и менстр. проблеми . На овој начин сметам дека категоријата би била повеќе прегледна и би се отворило простор за отворање на нови и многу поважни теми за разлика од некои од постоечките, како на пример - неправилна вагина Иначе и ја го подржувам предлогот за наградни квизови и тестови на Фемина, кои би го направиле овој сајт уште поинтересен и попривлечен.
А јас малку да прокоментирам за ослободувањето на кориснички имиња. Мислам дека на јаху ако не се уклучиш подолго од 6месеци ти ја укинуваат адресата. Би можело и овде вакво правило да се воведе.
Грешно сме се разбрале, наша грешка Па искрено не знам кој и беше никот претходно, не се сеќавам, ако толку те интересира нека каже Хајди ако не чита или некоја друга феминка што знае
Токму така, ако те интересира на пр. кандидијаза идеш на таа тема директно, инаку би скролала страници и ќе се изнервираш што не можеш да најдеш...или замисли поставиш прашање за твојот проблем, после тебе неколку со други гинеколошки проблеми и додека се одговори твоето прашање, ќе се одговорат и другите и после иди ти снајди се, или цело време ќе има цитирани постови. Вака е подобро
^Јас од сето ова разбрав дека порано имала друго корисничко име и го променила во Хајди кога било дозволено. Еве ја Хајди си е profil/HeidiDiWalt/
Јас имам идеја за да се отвори некоја како подтема во Образование и каде би биле сместени сите средни училишта или пак во една тема Средни училишта да се прашува и да се одговара. Се надевам дека ќе ме сфатите што сакам да кажам.
Предлагам исто ко и за чатот, корисници кои немаат повеќе од 50 или 100 мислења да неможат да ги пребаруваат мислењата на другите корисници. Ако е можно де,штознам Ако на пример му станам сомнителна некому дека тоа сум јас,а притоа кој не е член на форумов,може ќе се зачлени само да ги пребарува мислењата на одреден член.
Ни ги чита некој предлозите или ... кога веќе сме кај хороскопот и мене дневниот не ми е баш точен, а тој општо за знакот е најточен. Нека ви ги пишува истата личност што го напишала општиот.
http://www.astroscopia.com/themes.php?v ... ng=3&art=4 Јас имам еден предлог. Ако во кафе-муабети не се бројат мислењата,да не се бројат и тие лајкувањата, ѕвездичките,како и да се викаат. Бидејќи нема на темите за што да се дискутира, туку сите се за изразување на свое мислење во еден ден и толку. Без смисла е јас да напишам во СДК "дечко ми јако ме обработи денес" и да соберам 20 ѕвездички за ништо.
Мене па баш секогаш ми погодува хороскопот и сега вам ако не ви погодува треба баба Ванѓа да ја оживеат? Остајте не им придавајте толкава важност на ѕвездичките
Да се заклучи темата „Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?’ Сосема забега од колосек, а и најпосле имаме ЛП, преку кои директно можеме да пишеме некому доколку нешто ни пречи кај него/неа, не мора сите да знаат за тоа.
Немаше да направи разлика и машки да се караат, едноставно не ми се допаѓа самата „природа“ на темата. Затоа, како што и посочува оваа тема, дадов предлог. Едит: плус, гледам ја заклучиле.
Веројатно е разгледан предлогот да се отвори подфорум за спорт, па сакам да предложам да отвориме тема и за кошарка, општо за кошарката, омилени тимови, да коментираме натпревари и слично. Не се затрчав да отворам нова тема затоа што не знам колку не има фанови што следиме активно НБА, па да не стои доколку сме малку тие што гледаме. Затоа еве давам предлог, доколку не има се разбира, да се отвори тема за кошарка. Ако не, нека остани само предлогов да не мора да стои цела тема само со 1 мислење.