Не си ја разбрала либералноста Либералните не (мора да значи дека) се 'плескаат' наоколу. Ама знам 'конзервативни' кои и тоа како.. Баш вчера и завчера пишував на +- 40 за тој... 'конзервативниот'.. последен пример
Епа добро, значи никој не те навредил со ваква терминологија, јер како либерална никој не (би) те окарактеризирал според мислењата, и следи дека напразно се буниш Од друг аспект подобро да не ти го коментирам постов, сама си знаеш, голема си
Либерализмот е далеку од она што ти мислиш дека е, а секако не е скокање во кревет кога било со кого било. Либерализмот е прифаќање на различностите, без предрасуди. А конзервативците ми се најголеми лицемери, многупати се докажало во вистинскиот живот.
Ќе ја отворам темата Прашање за форумот подоцна, каде што ќе се поставуваат прашања во склоп на насловот на темата, оваа доста забега. Отворете тема ако сакате да дискутирате поопширно за темата начната во погорните постови.
Еве ја отворам темата за сајтот. Слободно напишете што би сакале повеќе да читате на сајтот, какви новости да има, верувам дека ќе биде прочитано и земено в предвид.
Да си вработите лектор. Имате страшни грешки. Како за најчитани и 890 евра неделно за реклама можете да си дозволите писменост, многу млади ве читаат. Дури и на форумов имате лектори, преговајрате.
Колумни од членови на форумот. Имате паметни членки со знаења и мислења за сѐ и сешто. Искористете ги. Сајтот го немам отворено најмалку 8 години. Плиток ми е, освен реклами и трач муабети нема ништо друго. Помина времето кога беа модерни Тин Шема и Теа Модерна. Денешните жени сакаат да читаат мислења и ставови на интернет. За тоа како бил облечен некој имаат канали на Јутјуб, инстаграми, социјални мрежи. Порталите одамна не се за трач муабети.
Па сега Фемина не е место кај што се пишат колумни, ако решат за промена во тој стил ќе мора да смислат нешто Натпревари, награди, гласања, плаќање, компензации... Има милион начини. Или може да продолжат со хороскоп и "што носеше некоја селебрити во изолација во својот дом" "Видете ја Џеј Ло без шминка" "10 начини да се заљуби повторно во тебе" "13 летни фустани кои се им ова лето, а кои не можете да ги купите во Македонија "
Да има колумни/теми на сајтот од животни искуства на табу теми , да се разбијат стереотипите Здосадено ми е да гледам секојдневно да ја гледам Меланија Трамп во што била облечена , и што правеле Хари и Меган,Џенифер Лопез на 50 години имала дечко и сл
Благодарам за отварањето на темата. Не мора некој да биде платен за колумни, може тие што работат на сајтот од нашите мислења да напишат нешто. На форумот има толку убави теми и мислења од семејство, здравје, штедење, книги, филмови, места за посетување, рецепти, и не гледам причина некоја да се лути ако 2 3 реченици мислењето што го напишала е ставен во некој текст на сајтот.
Еве, ве слушнале што сакате да кажете и затоа денес на насловна Емотивно: Маж не ги задржа солзите кога на свадбата се сретна со жената која го доби срцето на неговиот покоен брат Џизс, ја замислувам тетка ми во пењоар и витлери на коса како чита и плаче.
Да се постават повеќе модератори. Не може една да постигне да брише повеќе категории. Барем по две да има. Еден куп тролови има на форумов. А и манијачишта. Да има опција Не ми се допаѓа.
Се проба и со колумни од членки пред некоја година,кога и по-по-фацки членки имаше. Не успеа нешто баш. Не ми текнува што беше причината.
Неκа има опција Саκам да пишувам и да се потпишеме со вистинсκито име и презиме или ниκот, κој κаκо саκа.
@RainBow На насловната ова да го ставите 1 ден https://sharethemeal.org/en/ Колку за промена секој ден бројката со новозаразени ви е прва на страната. Во самите правила на форумот имате забрането ширење паника. А вие со тие бројки секој ден исто баш тоа изгледа како паника да ширете. Ако некој сака да знае колку има новозаразени може да виде на Венко профилот. Како што и препоставив темата да им помогнеме на гладните деца 4 мислења кои 2 од мене и толку. Темата за корона 2000+ страни. Некои членки пишуваат за емпатија ама изгледа тоа важи само за тие од Ковид другиве небитни па дури и деца да биле.