А што ти е тебе гајле кој за што ќе има емпатија? Или битно ти е да создадеш имиџ на хуманитарка? Ако толку се секираш, донирај, постирај и не замарај се кој колку коментирал. Ама пошо ми изгледа дека не ти е толку за децата колку што ти е да те пофалиме колку си емпатична, тогаш ок, земи пишувај секаде низ форумов колку сме ние не емпатични за разлика од тебе. Има деца и во македонија и бездомни и гладни, немораш да одиш до јемен само затоа што е во мода
Можеби ќе поверував дека се грижиш за децата од емпатија, додека не ја спомна короната. Се сеќавам на твоите постови во темата за корона. Супер е темата да стои на насловна еден ден, нема проблем во тоа. Ама се сомневам во искреноста на твојата намера. За да помогнеш на едни, не мора да газиш преку други. Провидна ти е целта.
Ти мантуб аκо имаш способност и талент почни да одρжуваш хуманитаρни κонцеρти. Κаρта во пρв ρед ќе извадам, ветувам. Човеκ κаκо тебе не се ρаѓа сеκој ден..
Да сакав да глумам хуманитарна ќе пишував секој ден во корона темата леле толку и толку починати. Каква црна мода? На кој медиум/портал е објавена страната јас што ја споделив? Ќе ти одговорам на ниту еден! На темата за корона глумевте лудило како сум немала емпатија за луѓето починати од корона. А гледам колку се замарате за деца каде што може да се спасат и со мала донација. Пак ќе се повторам да сакав да "глумам" хуманитарна ќе пишував по социјалните мрежи каде што ме знаат со име, презиме. Овде никој не ме знае лично а колку па се замарам што мислење имаат членови на виртуелен форум за мене.
Треба слика слична на мојата да постирате во темата за да си остане активна ама не е корона па не се замарајте.
Не мачи се со објаснување, тој синдром на спасител го имам милион пати сретнато во животов. Денес јемен, утре ќе дојде "мода" нешто друго, па ќе се префрлиш таму. Тој што е вистински хуманитарец, помага тивко, без фалење и без напинање колку другите немаат емпатија.
За каква "мода" зборуваш? Дали во темата јас ставив колкава цифра сум донирала? И дали пишав задолжително пишете и колку пари донирате? Не ама добро си извртувате како ви одговара.
А од кај да знам дали е целосно релеватна страната и дали парите не идат во нечиј џеб? Многу работи ти се измешани, ќе се спаселе децата со мала донација, да, сонувај. Уствари тебе не ти е за децата туку трн во око ти се починатите од корона.Манипулатор.
Леле значи вие кога ќе споделите на социјалните мрежи да донираме за тоа дете/човек или потребна е таа и таа крвна група вие се фалите така? Супер логика никаде не пишав сума на донацијата туку кој колку може.
На страната детално имаш од А-Ш каде и како одат парите(.The United Nations World Food Programme) Ама нема не ја споделуваат медиуми не прават студии за нив па небитно.
Твојот пост гласи вака: Линк за гладните деца и скоро цел пост против короната. Очигледна ти е целта да се дефокусира вниманието од короната, затоа што сметаш дека е целата ситуација е пренапумпана. Сметај што сакаш, ама моментално има пандемија која убива луѓе. Нема потреба да ја игнорираме смртта на тие луѓе за да им помогнеме на гладните деца. Зошто да не шириме свест И да им помогнеме на гладните деца во исто време? Постот можеше да гласи вака:
Не ви треба уводов... Ќе ве насмее... Ќе ве натажи... Треба јас да го добијам чувството, не да ми кажете предвреме како треба да се осеќам. Личи на борба за кликови насловот, не за борба за квалитет.
Се саќавам убаво. Има за сѐ начин, ама ако останат на прво место трач муабетите, а после колумните - нормално дека нема да има интерес. За да успеат колумни потребно е целосно ребрендирање. Докажана техника за кликбејт/емоционална манипулација е. Ти дава верување за чувство "ќе се изненадиш, ќе се разнежниш" и кога не ти се исполни ветувањето чувствуваш потреба да продолжиш да кликаш. Буквално борба за кликови. Смешно, крајно смешно и имбецилно.
@Mihajlo @Femina Мислам дека крајно време е да се смени глобалниот модератор @RainBow и на таа позиција да се постави некој поширокоград, личност со помодерни сфаќања и размислувања, сестран. Реин би била добра за модератор на некое катче како брак и деца, иако и таму би сакала да видам свежина а не менталитет -жена, мајка, краЉица од времето на тетка ми. И не е заради тоа што ме банира на секое затоа што сака да ми покажува моќ, лични преписки со неа апсолутно не ме занимаат, туку се осеќа еден менталитет застарен кој не е одраз на многу млади и кул личности кои пишуваат на форумот, туку само на поединци и сметам дека таков поединец не треба да ви е главен адут на форумот или сајтот.