Многу се досадни и еднолични статиите на сајтот.Џеј Ло, по некое дете, Зухаир Мурад, кралицата Летиција.Треба да се внесат статии што одат подалеку од трач за познати или како се облекла некоја.Не е лошо и категориите да се прошират, вака како целост многу сувопарно делува кога ќе отворам фемина.
Се сложувам. Не само неа, треба да се направи целосна промена на модератори. Се бришат мислења кои не се исти со мислењата на модераторите, а оние со кои се согласни ги оставаат па дури и да се навредливи. Му треба refresh на сајтов
1.Dark mode и на сајтот и на форумот. 2.Не мора да се смени @RainBow . Нека добие помош од администраторите.Срамно е што администраторите се појавуваат само 2-3 пати годишно.ОК,знам дека секој има обврски,ама не велам стално да седат online.Тие може да си се договорат кој од нив кога и колку да седи online и да пишува мислења(за да видат членовите дека некој се интересира за форумов и контролира).Ваков каков што е форумов,личи како брод без капетан. Потребна е смена на некои модератори.Добро би било некој од администраторите да направи анкета за тоа кои и зошто треба да се сменат. 3.Да се подобри содржината на вебсајтот.Тековната слабо го одразува името на сајтот и форумот.Фокусот треба да е повеќе на проблемите со кои сè уште се соочува жената во современиот свет,а помалку на мода и постапките на познатите(последното треба најмалку простор да зафаќа).
А модераторот претпоставувам дискретно се пријави за волонтер Темата е толку сензитивна што искрено моменталниот не би го менувала. Лично те почитувам заради информираноста ама агендата ти е премногу меинстрим медиумски ориентирана. Бројки, та бројки. Ама има и нешто друго освен бројките, не е само да броиме позитивни пцр тестови. И економија има, и психа има која крахира поради тие бројки.
Не би сакал да сум јас модератор, бар не засега. Предложив оти сметам дека сега темите таму се повеќе активни, а Реин е модератор секаде. Всушност, зима доаѓа, темите секаде ќе бидат поактивни веројатно, а тоа значи повеќе работа за модераторите. Сè тоа знам, ама пробувам да се задржам на Македонски јазик зашто не знам колку другите разбираат Англиски, би требало да преведувам, а за тоа немам баш време. Знам дека разбираш што сакам да кажам
@Ahoy @Biljarkata Зошто не ви го разбирам муабетот, кој, што, зошто сака да е модератор и што има врска англискиот јазик? Љубопитна сум, ме заинтересиравте
Малку проблеми ли има на светов што треба да се решат низ постови на фемина, ќе се најде нешто, не се секирај Уште не ми е јасно ова со англискиов и превод и модераторство и корона. Хелп! И побргу пошто ќе поминат 20 минути и ќе изгубам интерес!
Па демек нема доволно контрола на форумот, на темата за корона се пишело и за друго не само за бројки и умрени па затоа да се стави модератор, да се осигура дека само за бројки и умрени ќе се пише. Може и полициски час на темата за корона ќе воведат, не знам. Ако бара јавноста. А тоа за англискиот, тоа дека глупи сме па не разбираме англиски и тешко е да ни се објасни што пишува светот, па само информации од македонски извори да добиваме, како во Северна Кореја само до тамошни извори што добиваат. Си играат децава мисловна полиција. Вежбаат идеи за масовна контрола.
А има? Еве денес се расправавте која е подобра личност и која повеќе има направено во животот, дури и геј парада се вмеша Пред некој ден исто така имаше оф- топик. Иначе имавме карантин летото на темата, многу малку се пишуваше А за Англискиот, јас и ти знаеме и разбираме, повеќето верувам разбираат, ама има и такви кои не разбираат, не треба да ги дескриминираме
Гледаме, да Штета не можеш ни темава да си ја исконтролираш, па мораше да се јавиш на темава. Ама учителке Оваа ме навреди, онаа за геј паради збори, оваа ме дискриминира Уф, колку сте "чувствителни". Одма секој простор би по ваш терк да го средите.
Стварно сте многу чувствителни бе... та дури и овде плачите Ооооо... Ви падна круната? Не? На криво ви е??!? Страшно