Каква дозвола да се праќа, ништо не те разбрав искрено. Ако некој ти пише вознемирувачка порака, пријави го членот и ќе го банираат пермаментно. Не можеш да знаеш кој член што сака да ти пише, уште пред да ти пише. Ако не сакаш никој да ти пишува, заклучи ги пораките.
Кликни на тоа твојот профил, горе десно кај што ти пишува Аничкаа и слика кај што имаш, па кликни на Приватност, и после одштиклирај го полето Испраќаат пораки на мојот профил
Да не се бришат мислења безврска во некои теми. Дискусијата изгледа како недовршена и пристрасна со тоа што се оставаат само оние мислења за кои се сметаат "дека се потребни".
И да се надоврзам, да стигнува известување дека мислењето е избришано. Само некои модератори го прават ова, повеќето, вклучувајќи ја и главната, не.
Зошто не се направи опција кога кликаме на нечие цитирано мислење веднаш да не однесе до оригиналното? Вака за некоја дискусија да најдеш од каде почнува 100 страни треба да се свртат.
Има во горниот лев агол на цитираното мислење стрелка мала (до, на пример, "tinka-mace напиша" стои цртичката), на која кога ќе стегнеш те носи на оригиналното мислење.
Кај мене не работи секогаш. Некогаш колку и да кликам пак не ме носи на оригиналното мислење. Не знам дали и кај некој друг е вака.
Да се тргне горе банерот за форумџика на годината и да се замени со нешто новогодишно. Оти ми се случува да кликнам таму по грешка и да ме однесе на темата. Тоа е многу досадно.
Зошто не се направи пример како реакции? На времето кога имав фејс држиш и ти се појавуваат реакции: Смешно, Тажно, Љубовно, Подршка, Ужасно.
Може, но само 30 минути после напишаното мислење. Општо за во било кое време да се бришат мислења не е овозможено затоа што ќе настане хаос и нема да има смисла напишаното на другите (некој може да те цитира или да се надоврзе на тоа што си го пишала, но ако го нема повеќе твоето мислење, неговото/нејзиното мислење повеќе ќе нема смисла).
Зошто ви е побитно мислењето на миа костова а не на пример моето мислење ? Повеќе пати сум ви укажувала дека хороскопот ви е крш , copu-paste од минатите месеци ,нема никаква врска .....секој месец е истиот од предходниот месец , транзитите и конјункциите и нивните значења се чисти дезинформации Се надевам дека ќе го корегирате тој недостаток на фемина