Предлог имам. Да можи да користиме надворешни емоџиња. И под надворешни мислам стандардните шо ги имаме сите во телефон. Сите сака(ме) нови емоџис, и место да се додават стандардните, многу полесно и поедноставно ќе е дирек ако можи од тастатура да ги искористиме или како шо постојат екстензии со емоџиња на пребарувачите: Оти ако копирам овие не ги гледа како слики и никогаш не ги вади во текстот, а баш би било фино ако ете, има опција да ги покажува.
Супер е и да се додат нови емоџис. Ама мн мн голем избор ќе имаме ако можи да користиме емоџиња од тастатура или такви додатоци на пребарувачи.
Мислам дека треба да му направите реорганизација на форумов. Земете некоја нова, помодерна платформа и прераспределете ги категориите и темите.
јас мислам дека може да се направат известувања или нешто слично кога пишувате на чатот да ни стигнува известување дека ни напишал некој оти е премногу е лошо ти ја прегледуваш некоја тема а на чатот некој ти пише и треба да се вратиш за да видиш дека ти пишал. Еве идеја ако може да се поправи ова
Дали може да се воведе слично како на ФБ опција за типови на лајкови ? Добро би било да знаеме кој не лајка од љубов, кој од поддршка, кој од смеа, кој од тага а кој од лутина. БАрем ќе биде поедноставно ако некој член пишува глупости на некоја тема сите ќе му ставиме не ни се допаѓа или лутина и би требало да знае да прекине а и предпоставувам ќе се намали офтопикот со непотребни објаснувања.
Вајлд, не. Многу ми треба ова членот шо вика. Ветувам со ист интензитет ќе реплицирам само дајте ми шанса да искажам шо мислам поанимирано. Исто така ветувам дека "хаха" ќе ми е најчесто ставено и "љубов". Тие ми се две емоции во пишана форма.
Сега ќенкам да можам емоџис од тастатура да користам, ова шо пиша @SURF ми е следно за ќенкање. Али јбг, не ќе се случи.
Треба да има, и негативни и позитивни реакции.Поинтересно ќе биде Ама еве, не верувам дека ќе тргнат нешто да сменат. А да, и повеќе емоџис фалат.
Јас мсм треба да протестираме за емоџис и реакции на мислења. Не за друго, нема да звучам ладно. Ептен анимирана ќе сум.
малку да поработат на фемина да ја ажурират во се и во емоџи и во пораките и во чатот во се малку измена сто при треба да кликнам за да видам кој што пишал
Од 2014та е платформава. До сега, милион пати подобри верзии се направени, само некој треба да купи нова и да ја префрли базата... Се' додека има активни членови, не им се прај ќефот да си отвараат толкава работа.
Фалат сериозно тие хахахах и љубов и тажно ,еве сега ме пресмеа @SkarletOHara ,во темата за продолжено породилно. А глупо ми е само да и напишам хахаха