Зошто е заклучена темата критики и забелешки ??? Конкретно мене ми смета темата Специјален поздрав затоа што истите членови меѓусебе се поздравуваат и веќе досадно стана Исто така и темата Анализа на членовите на форумот не ми се допаѓа затоа што цело време истите членови се анализираат . Ми се допаѓа да го отстраните да го нема повеќе друго ништо посебно не ми смета сега засега Поздрав девојки
Ја би за една петиција за отстранување на БРОЈАЧОТ, ама не лајковите. т.е. Да не стојат под аватарот, и само членот да може да си ги види. А незнам зашто би сметала темата Анализа на членовите на форумот, ако ти се досадни крејзи лејди, никој не те тера да читаш, плус така ги запознаваш членовите.
Не е предлог, ами е забелешка, но бидејќи темата за забелешки е заклучена, ќе си пишам овде. © 2010 Femina.mk Сите права задржани Зошто стои уште 2010?
^ Веројатно затоа што во таа година се добиени правата (Copyrights) и така гласи документот. Така и ќе си стои во било која година.
Предлог: да се опомени LoVeR оти денес се што видов тука беа нејзините веќе постоечки теми со по два збора
Ова ти вредеше исто така веројатно е спомнато ама ај ... Зошто гостите може да видат кој е онлајн ?! Мислам приватноста може да се заштити многу повеќе , и бришењето на мислења ај не можело тема пропаѓал трудот ама мислење ? ! значи што запишуваш на фемина останува на фемина и тетоважите почнаа да ги бришат а не пак бришење на мислења Ако веќе не можат дајте барем повеќе време да можеш да ги избришеш , и за модераторите да видат кои мислења ги бришат мене лично ми се избришан мислења од не знам зошто ? ! А дефинитивно не биле навреда освен ако некоја не е фамилија на фудбалерот Марио Балотели ?/!
мој предлог,дали може да се стават ограничени мислења со кои ќе може да се отвори некаква тема,вака има безвезе,дупли теми,и секоја втора или трета се аман помош или само помош или помагајте!!!
Епа вака, читам - читам, не можам да дочитам xD Мене многу ми се допаѓа „ми се допаѓа“. Сеа ако броиме лајкови, ќе има караници, па еве сега гледам член над мене 364 примени лајка, некој друг, 587, некој 59, па што? Јас имам само 3 и да ви кажам си ги сакам, имам 63 (мислам xD) поста па треба 63 лајка да имам? Нема смисла! Се лајкува само она што се сака, а ако некој е дојден само за да прима лајкови и да се лути ако некој не му стави лајк мислам дека го згрешила местото (извинете ако некој со ова вреѓам ама ова е мое мислење а мислам дека на овој форум се почитува сечие мислење). После гледам коментирате за приватноста. И јас мислам дека ова со чатот е супер, зошто некој би се зачленил само за тој дел и приватноста, т.е. гостите да не можат да гледаат кој е онлајн, а ако се регистрираат само за да гледаат прегледуваат статистика на некој член повторно нека биди со 50 мислења и за тоа, после кога ќе почни да постира ќе му дојди убо и ќе почни да си постира и ќе стани редовен член xD
Мој предлог е да можиме сами да си ги бришиме своите теми ако сакаме да не постојат повеќе на форумов....
Тоа си нема врска...Замисли отвореш тема и виде што виде и ајде ќе ја затворам за мене тоа е многу глупаво Ако не сакаш да отвореш тема не отвари ама ако отвараш зошто ја затвораш Убаво си вка во правилата за форумот дека ние не можеме да ги бришеме темите од горенаведената причина
Јас колку што приметив за нокти има 3 слични теми (И се доста посетени) : http://forum.femina.mk/moda-i-stil/nokti-t3605/ http://forum.femina.mk/moda-i-stil/tutorijali-za-nokti-t3300/ http://forum.femina.mk/telo/vasite-nokti-t4509/
Можеби е кажано, но повторно Апелирам ! Ако има некоја можност, ако постојат некои теоретски шанси и можности, да ни стига во ЛП дека некој го цитирал нашето мислење. Така Фемина би била поубаво место за помагање, затоа што можеби некој побарал моја помош, а јас не сум видела и членот ќе остане без одговор Или пак, ако тоа е технолошки невозможно, барем да се воведе ново правило, оној што сака да цитира тоа да го направи во ЛП кај тој член што го напишал постот Благодарам однапред.