Драга фемина Аман смени си го астрологот катастрофа е, копи пејст од предходниот месец, и истото се врегла цело време :со партнерот ќе ги зачестите вашите излегувања и ќе гори спалната, некои ги очекува радосна вест позитивен тест за бременост, тие што се сингл ќе најдат некој и итн. И сите секој месец исто па исто Мислам дури и смешно е од што е тапа
Се мислев дали тука да пишам или во онаа темата за машки членови во категорија секс. Мислам, има доста мртви кетегории на форумов, незаживеани. Категорија секс е жива ама утепана, не знам како да кажам. Значи дискусиите во некои теми се кретенски, изразувањето е кретенско, мислењата се сведени на ниво на коментари на Фејсбук. Верувам дека на многумина им е страв да пишат нешто заради вкупно неколку членови кои буквално го имаат окупирано тој дел од форумот и не може да пројде било какво мислење и прашање без нивен коментар кој некогаш предизвикува смеење, некогаш карање а некогаш гадење. Освен тоа, има премногу тролови кои прават профили само за да дрк*** додека читаат (очигледно е). Значи, не го пишав ова во другата тема, бидејќи иам предлог, а ова беше само воведот. Предлогот ми е следен: Зашо едноставно не се направи нови членови да не може да пишуваат во темата. Нешто слично како "Скриено катче". Еве, категорија "Секс" не мора да е скриена, туку само заклучена за новите членови кои имаат помалку од 500 коментари. Сега, некои ќе речат дека на некој му треба итна помош или совет. Ама и тоа е решливо, ете, нека има некаква подкатегорија во тема секс со таква назнака, пример, "Итни интимни прашања и проблеми", кај што темата ќе биде општа и секој нов член кој дошол со намера да бара совет ќе си пише таму, на пример таму новите членки ќе прашуваат "помош, кажете ми дали сум трудна", или новите членови не знам што ќе прашуваат или евентуално ќе пишуваат "ја сум најбољи у маало пишете ми на снап" само со други зборови. Ок отидов во крајност, ама иронијава е реална претстава на тоа што се дешава во категорија секс и на што е сведена. Според мене, вака ќе се воведе ред и ќе се намалат запаленковци шо спамаат по сите теми. Од друга страна, тие што сакаат да дискутираат ќе си дискутираат на раат.
многу убаво размислуваш...топ се` ама тие 500 мислења одма се прават..тоа е проблем а и ќе прочитаат дека постои скриено катче, и за инат спамаат за да начукаат 500 мислења а гледаат таму ликови од фаци, од деца, у 40ка во исповедалната, во ФМЌ, а кузнае кои се и шо се бар да се качи тоа, некако некои теми да се за привилегирани членови
+1 на ова шо пиша @Ajronmen. Не е тајна дека теми за секс и психологија ми се омилени. Ама на едни се осеќам комотно да пишам, на други се осеќам како свесно да си клавам трн в нога, до степен шо морав да си заклучам и сандаче и се. Ко јесте, пријави - не враќај ама евентуално е ептен демначки. Така да со ова сакам само да дам поддршка на железниот.
Па и не е баш толку лесно и брзо да направиш 500... Еве ти од кога си па имаш 9к мислења. Јас сум година и нешто а иам 1000. Се разбира дека ќе има упорни, ама не верувам дека ќе се многу тие шо ќе се замараат да напишат 500 коментари за да влезат.
Мислам дека не се тоа пораките, него во ЛП? ај нека каже некој? @RainBow баш еднаш сакав да прашам. не може да се 9000 миселња само еве пред да ти вратам има 9013 да видиме сеа дали ќе се 9014 ујјј стварно АХАХАХАХАХ прав си признавам.
Не се бројат во кафе муабети и во форумски игри, затоа ти се 9000. Не може пораки во ЛП да се бројат, мислења се бројат.
Сакам уште нешто да додам, да има уште една ваква тема ВО скриено катче за предлози ОКОЛУ скриено катче. Оти да, лесно е да напрајш 100 мислења, или 500 ко шо велиме да е со секс темите, и можи да има спам зошто се знај дека постои нешто скриено. Ако не коментираме надвор од скриено катче за „аферите“ на скриено катче - нема да се има спам зошто ќе е тешко да се знај дека вистина постои. Иако имаме дискутирано јавно за ова ( ко се преместваа 40ка и фмќ), пак страни и страни се поминати и можи да се „заборај“. Исто и одредено верифицирање да има на акаунти, онака површна мисла е - не знам како. Ама неколку слоја за да се има пристап до одредени теми, дали било то email - не знам.
Нека се стави лимит на лица со над 5.000 мислења да имаат пристап до темата така никој нема да спама а и не е лесно да направиш 5к мислења преку ноќ.
Да се стави опција за реакции со емотикони на мислења,умирам за "haha" и "angry" многу реплај на одговори не би ги ни пишела да имаше вакви опции.
Лично мислам дека 5к е overkill. Ама крај краева ако постоење на скриено катче е јавна „тајна“, тогаш пак ќе има спам да се стигни до таму. Сем ако не се ептен тапнати па се блокнати пред да стигнат до таму.
Премногу е, така пола и повеќе нема да може да пишуваме. Истово и јас го мислам. Скроз фали вакво нешто. Додуша ја би сакала да има и не ми се допаѓа опција, ама на пример тие гласови да не се бројат како ми се допаѓа што стојат на профилот.
Мислам овде џабе се ломоти. Интересот за значителни промени на форумот е испарен уште од пред неколку години. Тек-тук се привлекува внимание со некоја тужба и толку…
Додајте ме на тимот, често ќенам и за емоџис поќе и за реакции. Не дека нешто се менва ама да си кажам дека сакам јас. Ако некогаш се прај промена можам лесно да си извам се шо сум сакала да предложам пак.
Знаете што? Ние ќе продолжиме да даваме предлози, а они ќе продолжат да игнорираат. Срамота е што форумот одамна не е апдејнат. Ама, кога брига...
Буквално. И не знам шо е тешко да клајш нов лимит на некоја категорија или да отвориш уште една со лимит. Или да клајш емоџис, ко јас ќе му пуштам прејаки во порака ако треба, ветувам сите предрти ќе ги изоставам. Еве вервам дека то со реакциите е поќе работа, ама 1 работа за поќе работа е заедно со темна позадина. Еве то не е моја желба јас сум со гри позадина и неќам темна, ама на секоја страна, на секоја има за барање за то.
Манијаците не се замараат да пишат 500 мислења, само кратко на наминување се. Инаку и само да читаат пак ќе можат да досадваат по лични пораки, ама барем ќе можи да се води некоја нормална дискусија и во Секс. Вака 70% од мислењата се простачки и секогаш кога сметам дека треба нешто да пишам, избегнувам, само за да не сум јас меѓу тролчињата, испаѓа и ти си еден од нив. Жалам шо нема ништо да се смени, оти таквите теми носат нови членови и цепка муабети.