исто.. кога ќе пишувам нешто во секс темите, некако не се чувствувам удобно.За осуда не ми е прпа, ја не дека правам некои работи па да ме судите, ама знам дека си читаат манијачишта, и не би сакала да знаат што ми се врти мене во глава или што ми се дешава во кревет.Поготово кога ќе ми лајкне некој мочко, а тој 10 мислења дали има на форумов, и тоа сите во Секс теми му се ова као дома да ми е срам да прднам. е така се осеќам
Повеќе сум да се врати смајлито “попот со кандилото”. Што го укинаа ја не знам. @Angie1432 е што е премногу? А вака е полошо само.
Предлозите се супер, ќе бидат пренесени. Емоџи со кандило немало никогаш на форумов. А последната промена беше кога се префрливме на новата платформа, 2014г.
Ако јас бев у тимот ќе добиевте секакви можни емоџис што ни Фејсбук ни епл ги нема, али јбг ете. Најсериозно, фалат многу ствари тука. А најкриво ми е што нема посебна категорија за Наука. Ми се збори за планети и морска биологија, не за бајач од Гостивар @RainBow
На ова мислиш? Оти ова е кајганското, и јас не памтам тука да сме имале вакво. @buba4e89 ама од друга страна не ми е меморијата јака страна. @RainBow види и ова дур си тука:
Стварно треба повеќе категории и субкатегории. На пример ете за наука фали, после во категоријана другата наука е каша попара пола теми се дали стрелец си одговара со јарец, тоа сѐ може да биде во хороскоп, во дом нека има посебна подкатегорија за домашни миленици, во општи дискусии исто некако да се категоризираат. Во општи на пример, има 63 страници со нафрлани теми, што е премногу, а сигурно има интересни теми за дискусија ама се збутани и заборавени. Па ако е толку границата ќе треба еден член со години да пишува за да стигне до таму...
@RainBow Ај, ќе видиме дали ќе бидат. Сори, али ова звучи смешно оти 2022 сме.Платформата е веќе стара. Dark mode и нови емоџис одамна бараме.А, и промена на модератори. И прераспределба на категориите би било добро.Ете и нови бараат. Ако не може сè одеднаш, барем постепено да се прават промени.Ама, да не чекаме 100 години.
Еднаш членував на еден форум што имаше скриено катче заштитено со пасворд. Модераторите одлучуваа кој може да влезе. Just saying...
Јас сфатив дека катчето е зад пасворд, и модераторите го кажват тој пасворд на кој сметат дека треба? Како и дае, ако е ист пасворд нема да функционира. Секој познава некој со кој ќе го сподели и евентуално пак ќе биди „јавна тајна“.
Штета ќе е ако не се реализира Форумов е институција бе.Има членови колку 1/5 од жителите во Скопје.И башка и незачленети читаат. Во 40ка уште кога мочале не пишуваат, во ФМЌ има исповедања кајнд оф, ете може јас сакам исто за секс да си зборам или за вагинални проблеми, ама не сакам да ме читаат сите
Перверзњаците во категорија Секс нема да направат 500, па ни 100 мислења во други теми за да влезат во категорија Секс тоа ветувам. Они си ги трошат мислењата на прости коментари во таа категорија. А инаку да биде заклучена за пишување би било топ! Навистина е многу тапа категорија и треба таква промена.