Како апликација дефинитивно мора да го направат аа за повеќе категории океј е, и онака може се што те интересира да се најде
За сајтов немате идеја за попаметни и поинтересни статии од одморот на Бекам, бременоста на некоја блогерка и фустанот на принцезата Кејт? Кога и да отворам на фејсбук само овие наслови ми искачаат. Би било убаво да внесете нови работи и во другите категории во кои изгледа дека со месеци/години ништо не е пишувано.
Дојдов истово да го напишам, ама и после една година форумов не гледа разлика помеѓу наука и псевдонаука
Сте помислиле некогаш да направите "dark mode" опција за сајтов? (не најдов место за технички препораки)
После спомнувањето денес од @Feminka22 за немилиот настан од секс темите (а не е прв пат), дојдов до идеја, предлог, да се отвори една секс скриена тема за на пр луѓе над 500 мислења каде што ќе можат членовите послободно да се изразуваат на форумов, дискутираат за секс без да бидат мета на манијаци. Вака, секој долгогодишен член овде на форумов ги избегава баш од таа причина, станати се како дувло.
Не е лошо да има и ноќен модератор на форумов, со пристап во сите теми.Понекогаш и доцно се случуваат кавги. А и ради манијаци. Не цела ноќ де, ама до кај 1 или 2 часот.