Јас ви се чудам како не ви смета на очите, јас една две минути ако гледам после ко оќоравена се осеќам
исто ја затоа навечер не седам на форумов често, не можам да глеам а со 0% брајтнес па ич не гледам многу релаксира дарк моуд
Не дека некому му е гајле за предлозите, но нека си стои. После некое време ја отварам „другата наука“. Зарем никој не ги надледува тие теми? На страна тоа што е сместена во „забава“, но таму има толку оф-топици, толку исмевања и толку откачени коментари што не е веќе ни читливо. Порано ќе се прочиташе нешто интересно, ќе се споделеше нешто, а сега секој втор коментар е навреда, секој после него е „закажи си на психијатар“ и слични коментарчиња. Ако некому не му се допаѓа таа подкатегорија, не мора да ја отвара. Ако не сака да се вклучува во дискусија исто така не мора да го направи тоа, но нека остави простор за оние кои го сакаат тоа. Дел од мислењата можеби заслужуваат критики, но со акцент на „критика“, а не навреди. Форум е место за дискусија, а не за држење предавање. Никој не знае кој низ што поминува за да се однесува дрско или да се исмева ако некој нешто не знае и ова важи за сите теми! Затоа веќе нема ни дискусии, затоа толку теми стојат празни и веќе никој не пишува - затоа што нема разбирање, нема простор за учење, нема ни луѓе, освен некои членови кои мислат дека заради тоа што се одамна зачленети, форумот е нивен.
Една корисна работа шо нема дарк моуд е тоа што навечер телефонов ми е ко мини рефлекторче. Баш е штедливо. Цела соба ми е осветлена. Можам да учам на сета оваа светлина. Ок, јадам трици...
Мислам да се воведе психолошка проценка при праење профил овде И ЛЕКТОРСКА ве молам @Femina @Mihajlo ќе прежалам и крст, и кандило, и света вода
Da moze da se stisne na objava na koja se dava odgovor i koga ke klikneme na nego da ne odnese na samata objava. Primer ako mu napravam reply na mitemen primer, negoviot post go dava so rozevo pa mojot odgovor pod nego. Da ima opc8ja da se klikne na prvicnata objava i da vodi direktno do nea ako saka nekoj drug da se nadovrze na temata i da napravi reply, namesto da skrola po objavite i da go bara konkretniot post
За то треба нова платформа, оваа е од на Дедо Ное времето. Колку сме барале, де ова-де она. ... никој не те ферма
Ако е на истата страна не те води, само ако е на претходните. На стрелката до никнејмот треба да притисниш.
По не знам кој пат. Сакам опција да можеме да си ги бришеме мислењата. Верувам многумина исто сакаат. Многу пати ми се случило во афект да напишам нешто, да издрндам и што треба и што не треба и подоцна да се јадосувам околу тоа. Некако не се чувствувам безбедно да пишувам. Две пријателки исто така издрндаа за работодавец, лекар, пример од секојдневен живот па се ставија во незгодни ситуации. Дури некогаш се плашам да не некој таков пост ми го разоткрие вистинскиот идентитет. Се мислев нов профил да направам и од нула да почнам одново да пишувам со поголема внимателност. ама која е поентата? Целта на форумот е анонимност и споделување мислења, не криење како ѓавол од крст. Поради тоа со пријателките се префрливме на друг форум каде што подобро се изразуваме. Баш ми е жал искрено, добро е местово, активно, има и фер луѓе. Некои многу ми недостигаат и само заради нив отварам повремено.