@DarkStormm Можеш сопственото мислење да си го избришеш. Како причина можеш да го наведеш тоа и тоа и да ги замолиш да ти го избришаат.
@DarkStormm Се едитирав погоре, сакав да кажам ја има опцијата "избриши" на сопственото мислење. Само да си ја напишеш причината треба и валјда ќе ти го избришаат.
Не може вака пошо сите така ќе праиме Замисли сеа ти го цитирам ова, ти едитираш. Ќе испадне оф топик моето мислење Или некад коа ќе се караме и ќе има вреѓање, некој ќе си го избрише дотичниот збор и после џабе пријавата. Ќе треба да крцаме скриншати. Затоа имаме време од 30мин да едитираме Ваљда афектите и жутите минути не траат толку
Епа нели навреди и караници секако бришат модератори? На други форуми секој автор може да си избрише мислење. Ете замисли имам промена на некој став, а сум пишала пред 100 години мислење, после ако го сменам ставот изгледам како да се побивам сама себе. Не да редактираме, туку само да бришеме.
На телефонот ми било подесено. Тука не ми е ни штиклирано потемна позадина сега прв пат гледам дека има тоа Спојлер
Не изгледаш, нормално е да менуваме ставови. Од 2015 до денес секако дека имам сменето ставови, на неколку теми години подоцна пак сме дискутирале и можеш да кажеш што ти го променило ставот. Став е, не е природен закон.
Ама, 30 минути за едитирање/бришење на мислење се малце. Имам пишано и порано, треба да го зголемат на саат време или бар 45 минути. А, за дарк да, повеќето знаеме да активираме од тел. Но, треба да има дарк моуд опција на форумов. Некој/а може нејќе да користи дарк моуд секаде, но би сакал/а на форумов. Кајгана има, срамота е Фемина да нема.
Пред да се пише треба да се мисли, толку. 30 минути не се малку време за да имаме можност да избришеме. Ако е неограничено, ќе си му текне на некој да фати да брише и ќе немаат смисла после дискусиите. Дупки. А за променет став, нормално е после години и години да се променат некои работи. Јас од 2016 и јас од 2023 не сме исти и не се жалам, тогаш така сум мислела, така сум пишала.
Како не мислиш памтат Сите. Јас од 2014 досеа во исти теми пак пишувам. Плус има и тема за теми за кои сме смениле мислење. Форумот функционира вака со години.
Друго нешто, некоја музичка желба можеби? Ако така можеме да бришеме мислења кога ќе ни текни тогаш темите на ништо нема да личат, а веќе кога толку се плашите за тоа што ќе го напишете тогаш не пишувајте подобро.
Да се воведе известување доколку модератор го промени коментарот. Ако не забележав дека има промена, немаше ни да знам за тоа.
Да се стави хаха react, оти некогаш неќам да цитирам туку само да се насмеам на мислење Аман по петти пат, ставете дарк моуд