Не знам дали претходно некој предложил, ама мислам дека членови кои не се уклилиле дооолго време да се избришат. Прееска читав нешто и отварам на профил на еден коментар пишува последно логирање 2014. мислам после скоро 10 години неактивност зошто би стоел профилот?
Да оди темава во канта, џабе даваме предлози кога @Femina и @Mihajlo никогаш не прифатиле ниту еден, ниту пак не читаат.
не смета туку зафаќа место а е неактивна. Јас имам еден профил само што го отворив не можев да се снајдам и пасвордот си го заборавив и бадијала стои. Исто знам една пријателка која порано беше доста активна па смени телефони и си го заборави пасвордот и не се уклучи. Не мора еднаш да реагирате јас само предложив.
Да се додадат нови емотикони, нема ниту еден емотикон со знаменце на држава, или да се овозможи да може да ги користиме емотиконите од телефонот.
Предлози: Дали би можело да се отворат теми во соодветни подфоруми каде што може да се споделуваат производи на акција и попуст? Пр. "Производи на акција и попуст во маркетите" "Електронски производи и бела техника кои се моментално на попуст" "Козметика на попуст" "Облека на попуст" итн. итн. На овој начин може да направиме една заедница каде што може да споделуваме продукти кои се продаваат моментално по добра цена.
јас немам сретнато а баш пред некој ден ми текна да побарам. Не се снајдов или не го погодив насловот
https://forum.femina.mk/threads/Изв...ции-попусти-распродажби-промоции.3718/page-68 https://forum.femina.mk/threads/Каде-да-си-купам-Па-и-на-попуст-плус.1005/
Сакам да дадам предлог во скриено катче да се отвори и тема ‘мамички блогерки/инфлуенсерки’ и таму да се префрлат сите дискусии околу овие профили и тоа што го рекламираат. Некако сите теми на форумов се успева да се претворат во теми за мајки, и верувам дека не сум единствена што и е преку глава од читање за деца и памперси. Ај кај цел форум е преплавен од вакви подфоруми и само овие теми се најактивни, па уште и во трачарски теми да читам пак за мамичките не иде. Фала, ако види некој.
4 дури ти фалат? Не дека не можат, ете по еден од секоја поголема партија, таман 4 ќе се најдат. Е после дури ќе биде карамбол Седи мадро, не го привикувај нечестивиот