Ах, железницата е во тест фаза, само многу брза некако упм, на првата проба ни отидоа европјаниве во неповрат ама ќе ја опрајме Voz sa evroparlamentarcima greškom otišao u Diznilend umesto u Strazbur Моментално макотрпно се работи на овај проект, бидејќи е актуелно периодов а и се шо имавме дадовме на онаа зелката зелена од Украина , пак ќе ни треба опрема, си велиме кога сите ратуваат зш не и ние да си ја вратиме Македонија и цела да е За вселенската станица со попот наш од Интегра во преговори сме со Жељко Митровиќ од Србија, бидејќи за се го бива чоеко (ако го пратиш шо работи последниве години ќе ти биде јасно за шо зборам) се решивме да му ја дадеме довербата него, и после има да не нема сите
@Mihajlo опцијата игнорирај е во ред но дали може и дали е изводливо да се воведе опција ние да ја блокираме нашата содржина за некој член, да не нè чита? Односно да го блокираме членот, да нема пристап.
Како ќе се направи ова кога секоја содржина на форумов е јавна и секој може да ја чита? Што е и целта на форумите. Нема никаков ефект да има таков блок.
И тоа што викаш... И да го блокираме ко член, ќе чита ко гостин. Барем ако е блокиран ко член, нема да може да кликне на мислењата и да си ги чита по ред.
Ако, нека се помачи малку дотичниот член. Да се најави, да се одјави, или па од еден профил, од другите дури да провери дали ќе може да си игра играчки да цитира... е-хе
Предлог: да се креира подкатегорија - „другарство и пријателство“ или слично бидејќи недостасува простор за теми поврзани со тоа.
Сите теми поврзани со пријателство спаѓаат во Општи дискусии. Пребарај ја Општи горе не пребарувачот и ќе ги најдеш таму.
Најдени се. Другарски и пријателски врски заслужуваат повеќе од тоа да се сместени со сите различни теми кои ги има во „општи дискусии“. „Избор на автошкола“, „мобилни телефони“ не би требало да имаат иста категорија со „пријателство“ и „прекин на пријателство“. Имаше муабет во СДК за ова дека има несоодветна категоризација на одредени теми. Оваа може да биде дел од „врски“.
Не, не, врски е во љубов и секс, во општи спаѓаат, само треба соодветно да се категоризираат. Тоа е технички дел до кој немаме пристап модераторите. Но, можеби ќе се реши. Се надевам. Многу категории треба да се реорганизираат, и дом исто, милениците... Можеби со апдејтот ќе биде.
Ова само да не е како на политичарите ЌЕ-то во изборна кампања, кога ќе дојдеме ние на власт ќе биде вака, ќе биде така, а после ништо од тоа
Баш. Чекај една година, чекај друга година... Не зависи од Реин, но зависи од Михајло. Он треба еднаш да се одлучи.
Има ли шанса пак да има некоја од тие игрите што ги имаше на почетокот? Лудо огледало, најди ги разликите... Баш се забавуваме.
Еве еден предлог (или два поврзани предлога) Ограничете го бројот на коментари од страна на еден корисник на дневна и/или неделна основа. - Така ќе се избегне исти луѓе да „тепаат“ време на форумот и да имаат „мислење“ за сѐ и сешто, или пак да монополизираат едни исти категории. - Инаку, им се зголемува и видливоста, а се обесхрабруваат други луѓе да коментираат, што би можеле повеќе да придонесат кон каква било аргументација. - Исто така, со тоа ќе се зголеми квалитетот, затоа што знаејќи дека им е ограничено коментирањето повеќе ќе внимаваат што ќе пишуваат. Со други зборови, исклучувањето на спамувањето не е доволно за зголемување на квалитетот на постовите/коментарите. Треба да се обрне внимание и на самиот квалитет, смисла, содржина на коментарите. И поврзано со ова: - Ограничете го бројот на реплицирања. Така, ќе нема бесконечни дебати, „мило за драга“ и „пинг-понг“ докажувања додека им се одзема просторот на луѓе кои би можеле нешто посуштински да придонесат кон дебатата, разговорот, разновидноста на темите. Наместо останатите да гледаат „серија“, ќе ги забележат само „поентите“ на она што некој сакал да го каже и ќе имаат простор за свои коментари и идеи.
Па ви се молам, какви се тие ,,луѓе'' и кој им дал за право своите ,,мислења" да ги искажуваат додека тепаат време на форумов... Се додека не прочитаат две стихозбирки, не ставаат цитати од Драган Таневски, не пишуваат мислења употребувајки долги и комплицирани зборови кои само што ги изгуглале и не возвраќаат на цитат - особено кога не се во право, не заслужуваат нивните малограѓански мислења и ставови да ги гнасат умовите на интелектуалната фела при форумот Фемина. Јас сум и смртна казна да им воведеме.
Дарк моуд, нови емоџија, нови модератори и да може да ставаме поголеми слики директно без посебна апп. Аман, @Mihajlo , направи апдејт веќе. Сто години бараме. Време е да се направат.