Предлагам во темата „Заработка преку интернет“ да ја објавите денешната вест за пропаѓањето на Conti. Темата е затворена инаку јас ќе објавев.
Тазе сум искочена од категорија бременост, моментално сум активна во категорија бебе. Делење совети, утехи, симптоми, начини на спиење... Секогаш ми фалело нешто, да знам членката во која фаза на мајчинството е. Т.е. да знам со кој дискутирам... Можеби во темата бременост покрај членката да пишува која недела е бремена? Во тема бебе, колку е старо бебето? Можеби исто и во тема дете. Секако ова ако сака да споделува членката. Мислам дека би било предобро ова, па да не мора да го споделуваме тоа инфо на секој пост.
Редно време е модераториве да направат нешто со заканите. Не може мене некој на секое да ми се заканува па дури и во лп да ми пишува за некој петти профил. Колку пати сум пријавил ништо не се случува, наместо да го банираат си стои и уште изиграва градски шериф.
Гледам почнале да ги банираат дупливе профили, ама не можат да ги навасаат, ко зајци се котат, упорно нови прават истите. Алал да им е на упорноста. Само не сфаќам зашто им треба толку време да ги банираат.
Кој и да е модератор во темата што последно купивте, зашто ми е избришано мислењето кае што и одговорив на членката каде може да се најде таква бањарка а нејзиното е оставено, кога бришете бришете се тогаш, што само мојот коментар? Срам да Ви е!
имам предлог дали може да направите во темите бременост како што се списоци потребни работи за новороденче, список на испитување во бременост и список за во болница (текст или слика од истите) да стојат горе кај насловот и да можат слободно да се симнат од членовите
Сметам дека мислењата на членовите треба да се далеку позаштитени, вака со еден клик се отвораат сите напишани мислења, навистина може да е злоупотреба на приватност. Не велам да се бришат, ако некој сака да се вклучи во дискусија и да реплицира мислењето секако ќе си стои. Вака како што е сега се сомневам во свеста за почитување приватност и некој ако случајно ми го види профилот може многу лесен пристап да има до моите мислења кои можда не сум имала намера да ги споделам.
Приватноста ти е загарантирана се додека не се кажеш јавно која си на форумов Секој пишува сокриен позади ник. Не гледам поголема приватност од тоа..
Сметам дека надгледување на некоја тема треба да биде по наша желба, да имаме опција да кликнеме и нека стигаат нотификации од неа. А вака сум отворила нешто од љубопитност или затоа што во моментов ми требало и ќе стигаат нотификации додека не кликнам не надгледувај.
Мислам дека темата автоматски ја надгледуваш доколку испратиш мислење во неа инаку само од отворање, не…
Не, одамна немам пишано во "Што последно си купивте..." и во "Ресторани, кафани, кафе барови", а ги отворив и двете денес од како ми излегоа во најново коментирани, еве и од двете ми стигна нотификација дека коментирале членки. Ми нема поента некако, подобро ние сами да кликаме ако веќе сакаме да надгледуваме некоја тема од колку на секоја што онака ќе ја отворам да ме замараат после нотификации и да кликам дека не сакам да надгледувам повеќе.
Ако еднаш си коментирала, стигнуваат нотификации. После долго време ако не ја отвораш, прекинуваат. И после пак ако само ја отвориш, пак почнува да стигнува.