Не популарно мислење ама емотиконите се од времето на дедо Ное. Дај нека ги сменат, на кајгана се поинтересни истите ги користат и во Србија, на ана.рс форумот.
Предлог - кога се пребарува по некои клучни зборови во лупата и кога ќе излезат резултатите - да се стави некое сортирање дали сакаме да гледам од најнови до најстари мислења или обратно. Вака каша попара ги вади сите измешани. Фала поздрав
Ако стиснеш на Повеќе кога ќе кликнеш на лупата најдоле имаш опција да одбереш да ти подреди по најнови
Некако ми фалат повеќе реакции на мислењата. Барем "не ми се допаѓа", "тажно" , "смешно"... Така нешто
Новиот интерфејс на сајтот е благо речено катастрофа. Хороскоп делот ужас, соновник уште повеќе. Не можам ни да пребарувам што сум сонувала. Фемина со оваа надоградба ја изгуби автентичноста. Ги нема ни шегите ниту некоја мудра мисла. Ве молам вратете се.
се согласувам целосно, хороскопот со тие слики кои се врз текстот не се ни чита...ужас. Толку е без врска од десно освен тој голем банер реклама некако празно е. Сите најчитани опции се горе и тоа со премали букви. Јас разбирам минимализам ама ова веќе губи функција на сметка на минимализмот...
Ништо не му фали-ако имаш 16 години, или 13 по ново. Седи, остај, форумот е таман. Ако ги модернизираат ќе стане инста, и тоа ќе биде крај за нас бабите
Паааа, можат дарк моуд да стават, зголемување на лимитот за слики, опција да не ми се допаѓа мислење, поедноставно прегледување на сопствени мислења, ако ги вади по најстаро и по најмногу лајкови уште поарно, нови смајлиња и поарен чат... А, и логото е кринџ. А иам и предлог да може да се отвараат теми под надзор на модератор кај шо ќе смее да се одговара само анонимно, без цитирање... Сигурно има уште поарни предлози кои не се премодерни за у 2025 година.