На @Biljarkata и се има здосадено од млади. Бара место да избега од нас младите па не брка од форумот. Едит. Ама во право е кај и да е ќе снема млади што седат на форумот вака често само за одреден проблем ќе доаѓаат, уште сега сме во многу помал број за разлика од нив.
Кланот 40 ка не се дава Излеа 30+ годишните се у најголем број според мене, доминираат, уз пат идат накај средновечните години, или веќе се Чим треба да пишуваш у 40 ка, стар си..
Фала на комплимент Да се зголеми бројот на мислења кои треба да ги имаат новите членови за да можат да коментираат во тема Секс.
Оти гледам дека у 40ка последниве денови се чудат оти немало веќе квалитетни дискусии и теми, и плус не познавале многу членови низ форумов, предлагам да се затвори таа чат тема која иде против секоја форумска логика, а во која се разглаба од политика, до медицина, наука и уште што не знам, а за кое си има посебен подфорум и тема на форумов, па да се разживее платформава и плус да прошират познанства. Друго, нема што да се лутат што останатите членови се бунат како може членка која пишува исклучиво во една чат тема која ја читаат и во која членуваат само одредена група луѓе, која плус е во скриен подфорум да биде членка која ја обележила годината на цел Форум. Или па да се лутат кога се кажува и причината што тоа е така. И може треба да се има конкретни правила за изборот, или па и да се укине реално кога и онака не е ништо сериозно нели. Освен кога треба да сложно да се гласа за некој од својот табор така што буквално се иде во темата и се кажува за кого треба да се гласа. Јас со години уназад ја номинирам @theowndemon, и гласам за неа. Дури и оваа година гласав само и само за неа, иако никого не номинирав оти реално нема кој. И сакам оваа година да победи поради тоа што е, а не поради тоа што и се десило. А единствената причина поради која победи минатата година за жал, и покрај сите нови теми, есеи и мислења, е оти од 40ка одлучија да и ги дадат своите гласови неа само оти сподели таму што и се случува. А да читаа и по други теми на форумов, може и порано ќе приметеа. И знам дека нема да се согласи со моево мислење, али не ми е гајле. А за тоа дека форумов е отиден у курац, е чист пример што јас сум номинирана, па и гласана.
@Gosh За 40ка се слагам. Сметам дека не треба толкаво толерирање. Како ние од ФМЌ можеме да излегуваме од нашата тема (некогаш и повеќе од месец нема активност) и да се активираме во разни теми, а тие таму вртат сешто наместо да си ги оправдаат кандидатките со редовно учество во дискусии? И нели не смееше да се четува надвор од форумскиот чет, а нивната тема целата е чет? Смешно е и што темата им е за тие околку 40 години, а голем дел од нив не се близу 40. Плус, морам да додадам дека е морничаво да се допушта машки член таму да чита за разни детали од животот на членките, а да не му се побара да се активира во други теми. Демначите не треба да бидат прифатливи!
Абе некои од вас едвај дочекавте некој да почне негативно да збори за 40ка, за да се приклучите, значи ЕДВАЈ!