Билката ни мавна еден колективен игнор , барем на оние кои не сме виолетови- за другите не знам . Ај може е по парфеми појдена, за да не залаже Мала шала
Не знаев каде да напишам, темата Критики и забелешки е заклучена па ќе напишам тука. Не ми е јасно бришење на мислења поради рекламирање. Конкретно една девојка имаше напишано за некој попуст во некое козметичко студио кое не беше спомнато во постот и мислењето и беше избришано поради рекламирање. А зарем не е рекламирање пр. во таа и таа продавница има попуст, или оди таму ќе си најдеш по таа и таа цена. Само не ми е јасно.
Маја , едно е да каже некој дека има попуст негде, а друго е во секое мислење да збори за тоа. Она може не го спомнала името, ама спомнала дека заинтересираните можат да ја контактираат преку порака. Ако тоа е дозволено, сите ќе земат така на форумов да се рекламираат. И башка кога ќе видиш некој штотуку зачленет, а само за тоа збори (конкретно за салонот), многу е јасно со каква цел се зачленил
Eпа вака еден предлог ако може темата Испукајте се да се стави во важни масовно се пишува и поубаво би било да е на почеток ... мислам ако не е проблем некој ? И забелешка за темите кои не се бришат и само попусто се врткаат во категориите а одамна се во канта ... Ви благодарам на вниманието
Кога сум на форумов прво нешто што правам е влегувам во Најнови мислење, уствари претежно и таму киснам. Случајно ми текна на една тема, па влегов да ја побарам и се убив од барање. Мој предлог е за подобра прегледност добро би било во категориите темите да бидат подредени по азбучен ред, не само што ќе ни биде полесно да најдеме некоја тема туку и се намалува можноста за дуплирање на темите. Сепак постои опцијата Најнови мислења каде што може да се гледа на која тема е последно коментирано
Темите се убаво подредени, најважните си стојат најгоре, а доколку сакаш да најдеш некоја тема имаш горе пребарување, ќе си го пишеш насловот и ќе ти ја даде темата. Вака по азбучен ред некоја тема што можеби не е многу активна ќе стои на првата страна, а некоја активна тема поназад
Ако мозе да се отстранат барем оние теми што се заклучени бидејки има превише отворени теми. Благодарам позз
и мене како нова членка ми пречи кога не можам да најдам некоја тема, и јас сум за тоа да има дополнителна опција за пребарување по азбучен ред покрај веќе понудените пребарувања.
Aj бе па и вие,се сакате на готово.Случајно прстот да не си го шинете ако пребарате горе некоја тема!
не не грешка си macalove не се работи за шинување прст туку ПРСТИ!!!! ама ај ако викаш, ќе се помачиме како и сите фемино-гуштерки
Предлагам спојлерот (скриениот текст) да не може да го читаат гостите кои немаат профил на форумов. Сепак во последно време, во спојлер најчесто одат слики .....па мислам дека добро би дошла дополнителна заштита за чување на приватноста Мислам дека и поголемиот дел од форумџиките би се согласиле со овој предлог
Па кога не би ги читале темите, како би се мотивирале да се зачленат? А ако се направи ова со спојлерите, цел форум ќе биде со спојлер
Има една услуга од страна на Оне, се вика фер користење . Мислам дека не сме до толку забегани да си ги ставаме мислењата во спојлер. Јас конкретно мислев на сликите, не мора секој да ги гледа. Од една страна доброволно ги ставаме, но сепак мислам дека се премногу достапни за јавноста
Па и во категоријата филмови се пишува во спојлер. И тоа нема да може да се чита. И кога веќе сте се решиле да ставате слики на форум не можам да ве разберам. Ете, си има решение за тоа, па ќе се префрлат некои теми како за чевлите и накитот исто во скриено катче и решена работа. И јас како гостин почнав да го читам форумов, ако не можев ништо асално да прочитам не верувам ни дека ќе се зачленев.
Сее согласуваммм.. И да пишува--> Регистрирајте се за да го прочитате текстот. Ем повеќе феминки, ем ќе се зачува приватноста.