Во последно време на форумов има многу двојни теми кои стојат отворени. Мислам дека на форумот би му дошло добро кога повеќето теми за иста работа би се направиле во една (како пример ќе ги наведам повеќето теми за фејсбук). Мој предлог за да се спречи не почитувањето на правилата е на секој нов член со самото регистрирање да му стига лична порака со линк од правилата на форумот.Не знам колку би можело да се спречи на овој начин,но сепак 70% од новите членови ги немаат прочитано правилата и најверојатно затоа ги кршат,а тие што ги имаат прочитано и продолжуваат со дрски,ниски и навредливи коментари по членките кои им укажуваат дека не се во право предлагам да им се стави бан веднаш. Поздрав.
Имам предлог, кога ќе го менуваме нашиот аватар, пред да ја ставиме сликата која ја сакаме да има нешто како preview значи прво да видиш како изгледа сликата на аватар па после ако сакаш да си ја ставиш. Мислам дека нема вакво нешто или јас не сум сретнала незнам.
Мене искрено ми пречи што нерегистрирани членови имаат пристап до форумот или можат да разгледуваат мислења од конкретен член без да се регистрирани и логирани...Некако шубе ми е секој пост што го пишувам....Нeкако да се среди тоа,м?
јас би сакала да се додаде едно смајли..... да биде нешто во овој стил ете така ама некако во женска варијанта да има големи трепки,и да трепка така наивно,и нежно.....
Мислам нема фајде од тоа. Погледни во членовите, има регистрирано досега 11 500. А колку се активни? И 500 да кажам премногу е... Така да исто ти доаѓа дали ќе е регистриран или не кога повеќето регистрирани се со 0 мислења.
Епа ја имам повеќе предлози...некои од нив беа и спомнати... 1.Да им стигнува порака во сандаче за правилата на сите нови корисници 2.Да се намали потребниот број на мислења за цветчиња(кој ќе напише 10.000 мислења,кога нема толку многу теми) 3.Четот да не биде на 5 сек. туку веднач сите мислења да се прикажат 4.Тие што не се зачленети да не читаат од мислењата на форумот 5.Да се избришат темите наместо да бидат заклучени... 6.Да постои канта за мислењата што се заклучени! Малку повеќе од што треба барам ама Поздрав најголем до админс!
Имаше на еден форум каде бев регистрирана автоматска порака кога некој ќе цитира твое мислење. Овде не сум забележала такво нешто во подесувањата. Мислам дека е така поубаво, за да не бараш низ темите што се случувало после твоето мислење И уште нешто... Да се отвори уште една категорија за хуманитарни акции и донации
Де бре сите сте запнале за тие цветчиња. Еве замоли ги админките нека ти го дадат моето, не се лутам. А кој ќе напише 10 000 мислења? Има тука членови (да не именувам) кои за месец-два напишаа по 1 000... Ете кој ќе напише.
Убава идеја е, затоа што штом некој цитира твое мислење значи сака да развие некаква дискусија, ти веднаш си известен и дискусијата си продолжува. А вака без автоматска порака за цитат незнаеш дали некој нешто те прашал, се сложил со тебе или не се сложил сеедно... Мислам дека треба да се разгледа оваа опција. Поздрав админки
да да, знам и на друг форум нешто слично имаше. Добра е идејата, да не морам да се враќам на темата неколку пати да проверам дали некој ми го цитирал мислењето. Супер би било ако може ова да се реализира.
Мислењата да ги читаат само оние кои се зачленети во форумов, а не сите ... и да убава идеа, е тоа со известувањата.
Хипи сите се потепаа, а не сфаќаат дека кога ќе напишат 10 000 мислења нема да можат повеќе да пишуваат.
^ Ќе гледате после Хипица 2, Хипица 3... И знам дека заминав оф-топик, ама по секако админиве годишен си зеле изгледа Да искористам гужва и јас.