Го подржувам мислњето на Rainbow, почнав да го читам форумот како гостин, и кога видов дека има супер девојчиња, и дека се разговара на сите теми, решив да се зачленам. Ако не видете што се дешава на форумо нема ни да имате желба да се регистрирате Се е супер Спојлер лове фемина
Форумот отсекогаш имал ваква опција, но малку е скриена. Во секоја категорија, под списокот со темите се наоѓаат опции со чијашто помош можете да ги подредувате темите како што ви душа сака: по наслов, по автор, по број на прегледи и по број на одговори.
Не знам дали ова некогаш било предложено, но мислам дека би било многу поинтересно, освен "редактирај" и "ми се допаѓа" , би требало да има и опција "не ми се допаѓа" некое миселње... Така не би требало некои мислења да ги цитираш само за да кажеш дека не ти се допаѓа( ако те мрзи да пишуваш) , само едноставно можеш да кликнеш "не ми се допаѓа" ,како и на секој друг сајт !
Можеби е предложено не знам. ама ако е можно, да се избришат сите стари профили, за да се ослободат кориснички имиња. Затоа што, на секое гледам во новите ччленови, АнНи - со една буква променета. тедибеар со точка, Теедибеар, бројчиња некои, сесилии 300, лилит со х на крај, виножитка не ни коментирам колку комбинации од корисничкото име има Јас не знам зашто така, ама глупаво е сега 10 тедимечиња, 16 бројчиња, 18 лилитки, 36 виножита и така натака. Или не им текнува некое нивно посебно, или им се зафатени имињата што ги сакаат на новите членови. Не знам зашто ова ми фатило за око, можеби не е кој знае што ама ете.
Предлагам сајтот да ни се освежи со нови игрички доколку е во можност. arcade.php па да заработам еден трофеј поштено
незнам колку е возможно ама јас пак со моиве анкети ц читам политика и настан и ајде една анкетичка кој за кого би гласал дали може?? ме интересира општо бројката на форумот колку ќе биде??
Незнам дали е можно да се направи да не се читат мислењата ако не си пријател со некој Мислам малку е глупо некој што не го знаеш да ти чита мислењата Предлагам мислењата да ги читат модераторите,адмистраторите,пријателите и самите себеси Инаку немам никакви забелешки за форумот и фемна Поздрав до сите адмистратори и модератори кои го прават овој форум ваков каков што е
Ама Цаци ова не е Фејсбук Каква дискусија ќе се развие ако некои мислења можам, а други не можам да ги прочитам? И што, ќе си праќаме покани за пријатели?
незнам дали е веќе предложено, но сакам да имаме некои форумски игри со кој би се добило награда на форумот... (не зборувам за оние игри кои како опција ги имаме до копчето за четот и копчето за одјавување), туку зборувам за тема во форумски игри, нешто како натпревар... пример, кој ќе напише најубав расказ да стане модератор (примерот го кажав онака за да имате претстава за оваа идеја, секако не може толку лесно модератор да се биде , но нека биде нешто така)
Не да не ги прочиташ него во профилот Пребарај ги мислењата на корисникот да може само пријатеите и адмистраторите и модераторите да ги читат А мислењеата во темите секако ќе се читат А ова за покани не е морално
епа може ако некој не напишал мислење подолго време пример 1-2 месеци или повеќе, тогаш да се смета дека тој профил е неактивен и да се избрише... оти има мн стари профили со само неколку мислења, не е потребна форумот да се пренатрупува со профили
Мислењата може да се бришат до 60 минути одкако се напишани, покасно не, бидејќи може да настане збрка со бришењето и да се изгуби целиот редослед по темите. Башка за ова е дискутирано и поназад и билката има пишано. А за профилите, точно е дека има многу неактивни, ама неможе да се бришат барем сега засега . Можеби некој што се зачленил, а не е активен подолго време, ќе се активира пак, можеби некој се зачленил само да коментира на сајтот на статиите, а на форумот не пишува. Некој пак чита, а не пишува.
Па и јас не бев активна, и што требаше да ми го избришат профилот? Или Смили мислам се врати така, Независна..
^Ајде тоа оправдано членки што биле активни ама некои што од 2009 се зачлениле и не се вратиле, мислам само така си стои. Може да се избриша и некој друг да си се зачлени со тоа име и да си биде активен а не да става секакви знаци и закитени зборчиња само да не се повторува. Мислам дека би било добро тоа да се разгледа.
E, да. И посебно тие што имаат по 0 мислења.. :/ Билката кажа дека не било изводливо, многу време требало а и многу профили биле, така да..
Jaс мислам ако е возможно денес цел подфорум "политика" да се заклучи,сепак е предизборен молк, малку да испочитуваме
и јас сум за игрите на пример: -за парфемите - парфем на годината,месецот одбран од нас, - форумот на фемина за претходниот месец ги одбра следниве производи(како тема) извадено до сите наши мислења на тие теми... така ние сите ке знаеме што на сите им се допаднало , што е најмногу користено , и нема да има потреба да ги листам сите страни во темата за да видам што морам да купам... До сега морам да ги пофалам сите зачленети секогаш биле во право и така не правам лош избор -сакам да има НА КАФЕ СО ФЕМИНА...да имаме определен час во денот на кој сите ке можеме да стиснеме едно like и да ни се појавува филџан кафе и да видиме тој час која тема ке се кружи (но само еден до два часа ) исто како со другарките