Сакам да прашам, ако има некој на форумот што лично го познаваме а тој дава лажни податоци, лажни мислења, можеме ли да го пријавиме некако или ? извинете знам дека не е за тука прашањето ама насекаде околу нас лаги, барем тука да нема...
Навистина ми се допаѓа форумов али премногу има пристуни тролови Истите тие премногу го намалуваат кредибилитетот на фемина и од место за разменување на мислења го прават место за исмевање дај нешто нека преземат модераторите околу нив. Има доста интересни теми има и доста квалитетни интересни мислења но кога ке прочитам некое тролче и некое безвезно мислење или некоја безвезна тема абе ми се иде титттт. Еве на пример оваа тема а не е единствена: razdelbi/me-ostavi-bidejki-nemal-sto-da-mi-pruzi-vo-zivotot-t6864/ А има и доста што од квалитетна дискусија и квалитетна тема ја прават помија,сериозно треба да се разгледа проблемов барем според мене. Иако сум нова членка но си зедов за право да го кажам ова ако згрешив нешто извинете.
Karol.Ina не разбирам зошто би пријавила ако некој дава различен став од тој што го има пред тебе ако го познаваш лично. Има премногу неактивни членови, како на пример мојот стар акаунт кој не го користев. Заборавив пасворд, како е корисничкото име, ме фати паника и така натаму. Затоа можеби би било добро да речеме кога ќе се види дека некој член не е активен на пример 1 година да не биде повеќе во можност да се уклучува од исто корисничко име, да не зафаќа место. Вакво нешто имаа јаху мислам дека. Второ, откако ќе се прочитаат правилата на форумот при зачленување на нов член, да има како тестче со едно прашање од правилникот, затоа што мислам дека повеќето, правилата на форумот не ги ни читаат.
После моментов со savezdraveska и нејзиниот "придонес" предлагам сериозно да се разгледа идеата нови членови да не можат да отвараат нови теми. Нешто како со четот, над 50 мислења. Прашања и проблеми пак ќе можат да пишуваат ако е итно, ама мислам дека ќе се избегнат ваквите тролови за лајкчиња и отварања на дупли теми и посебни теми за прашања кои можат да се постават со друга Мене лично не ми смета, ниту ме засега нешто посебно али онака ко предлог за подобар форум
Предлогов го кажав вчера и на чет, корисно би било кога одреден член ќе сака да отвори нова тема да доаѓа известување до модераторите па тие да ја одобрат или не во зависност од тоа дали постои веќе таква тема или не. Ова го сметам за добар предлог, зошто секој ден се повеќе дупли, слични, непотребни теми се отвараат на форумов, класичен пример вчера една членка земала отворила во секоја категорија иста тема за лајк на наградна игра на фејсбук. Мислам делуваше како некој вирус да ја заразил фемина, пр. црв. И затоа и го давам предлогов, па вие разгледајте го.
Предлагам темата „Вашите „професионални“ фотографии“ (или како и д абеше знаете на која мислам) да се стави во скриено катче,бидејќи се ставаат фотографии со лицата на корисниците или нивните блиски. (има многу такви)
За она со зачленети членови кои не пишуваат на форумов, би можело да се замрзнуваат на пр. ако не пишуваат повеќе од 5 месеци, автоматски да се замрзнат и да не ги покажува во делот за зачленети. Или да има посебна папка за истите. Ако сака да почне да го користи акаунтот, без проблем да се одмрзни и вклучи, и да пишува
Забелешка за многу настанати теми кои навистина не би требало да бидат теми ... Не потикнуваат дикусија ама баш никаква а попусто зафаќаат место како на пример . Имаат најмногу до 5 мислења дел од нив- nasmevka/55-interesni-fakti-t7279/ drugata-nauka/kakov-e-brakot-pomegju-zena-jarec-i-maz-devica-t5083/ kosa/brazilski-tretman-trajno-ispravuvanje-na-kosa-t7247/ Не ги обвинувам феминките ама поубаво ми било да се сместат во теми за вакви текстови .
Предлагам на форумов(не на целиов сајт) да се стават некои понови и подобри игри. Не сакам да ве навредам ама досадни станаа или игрите од забава на сајтов нека бидат истите и во форумов со трофеи и така.
Мене ме интересира од кога постои сајтов Ако е од поодамна би било интересно барем еден ден да си го врати дизајнот кој го имал првпат барем на еден ден Мислам дека би било многу интересно посебно ако имало оттогаш до сега некои драстични промени
Имам повеќе пати пишано за ова Јас предлагам да можат да се избришат мислењата и по еден ден од кога имаш постирано твоето мислење затоа што вака не е фер може нешто на брзина си напишал !
Не се исплатува,секако сите ќе гледаат од на Интернет не верувам дека некој би давал пари за нешто што може да го гледа во секое време бесплатно.
Многу пати беше злоупотребена оваа опција, исто како и опцијата за редактирање, па администраторите одлучија да биде вака
Јас мислам дека треба на новите членови да им се забрани отварањето на нови теми, додека не направат 50 мислења. Некои на пример денес се зачленуваат и одма отвараат 3 нови теми кои веќе ги има, па се правдаат нови биле ова она. И само форумот губи прегледност и се трупаат работи. Исто така и да се читаат правилата на форумот, а тоа може да се провери со еден тест на кои ќе има прашања за правилата,и додека не ги одговорат прашањата точно тогаш да им се активира профилот.