Јас имам една идеа, кога некој нов ќе се зачлени на форумот да има како „тура“ низ целиот форум како што има на Фб кога нешто ќе променат или кога се прави страна. пр: Прво ги покажува темитe што се Мода и стил, Дом итн., па подтемите. Па како се испраќаат мислења, како да се редактира... Па да можат да ги видат најчитаните и најактивните теми. И на пример кога членот ќе има 50 мислења добива линк кон четот со кој ги добива и правилата на користење. Кога ќе има 100 да има објаснето за скриеното катче ...
Зошто? Баш убава идеја предложи девојчето! Така ќе бидеме лишени од куп лигавења низ темите, барем по профили нека си се лигават. И јас мислев истото да го предложам.
А јас имам еден предлог за форумџиките: ако се согласувате со одредена идеја, не мора сите една по една да цитирате и само да напишете И ЈАС СУМ ЗА. Ете, ни воведоа копче Ми се допаѓа. Може слободно да се искористи, наместо да се трупаат беспотребни страници и страници со неконструктивни мислења. И + далеку попрегледно ќе биде.
А јас имам една идеја ама незнам како ќе се согласите...Значи да не можи да се гледа ништо од форумот ако не си член,пошто иначе секој можи да чита се си сешто. Шо велите?
^ На оваа тема ми се чини веќе е дискутирано и баш и не е препорачливо, прво: затоа што на ниту еден форум тоа го нема и второ: како ли ќе привлекуваме нови членови ако не можат да видат за што всушност се работи на форумов? Голем број на членки се зачлениле откако долго време го следеле форумот како гости.
Тоа е веќе дискутирано поназад. Предлогот не е добар бидејќи за некој да се зачлени на форум треба да прочита нешто и да му го привлече вниманието. Ако не може ништо да прочита, нема ни причина да се зачлени
Јас мислам дека исто се фаќа.. Лесно е зачленувањето, некој ако сака да прочита, ќе се зачлени и готово. Јас мислам дека подобро не.. затоа што има некои совети што треба да се прочитаат, и можеби ќе му помогнат на некого.
Ок,не знаев дека веќе е дискутирано,а и затоа се мислев и јас,од една страна е добро од друга лошо,ама штом сите се согласни да не е затворен,ќе бидам и јас
Предлагам темата Фемина колумни да се премести во некоја друга категорија. Мислам дека не е соодветна за во кафе муабети.. Да напишеш колумна мислам дека не е кафе муабет...
Многу убав предлог даде Милки навистина таа тема како малку да штрчи. Би можела да биде преместена во лиература, или општи дискусии. Стварно колумните внатре се интересни ама кога отварам Кафе -муабети отварам со друга цел (да се испукам, да се пофалам ) па не им се обрнува толку внимание
Се огласува авторот Да се сложувам ја утнав не знам кај бев со паметот кога ми текна беше ту лејт нека се премести . ама не сум единствена еве некои теми кои ги имам забележано што немаат вистнски дом на пример... kafe-muabeti/avatari-t2782/ аватари во кафе муабети ? ! нели би било пологично да е за форумот . kafe-muabeti/potpisi-t3922/ сејм стори и за корисничко име . kafe-muabeti/50-prasanja-koi-ke-vi-go-oslobodat-umot-t6120/ Ова слободно може да се префрли во интересен текст за џабе дреме темава не потикнува дискусија но е убаво да се прочита ... /forum.femina.mk/kafe-muabeti/kako-da-go-iznenadite-partnerot-za-novogodisnata-nok-t4490/ И за крај едно прашање зошто заклучените теми не се во канта ? Како на пример nasmevka/najinteresna-reklama-t6858/
Темата за колумните е преместена во литература. Темата за Вилиам Леви си стои во филм и тв, не е во кафе муабети. Темите аватар и потписи си се добри во кафе муабети, нема потреба да се бројат како мислења, а последната тема е пропуст и е преместена во канта
Имам 2 прашања .... 1.Дали кога една тема ќе се премести на пример како таа со Вилиам Леви што беше во кафе муабет кај што не се бројат и сега кога ќе се премести дали мислењата се надополнуваат или не ? 2. И кога одиш на лајкнатите мислења нели има листа .. Зошто наместо да почнат од најновите почнуваат од најстарите мислења ? Значи наместо најновото да е на прва страна тоа е на пример на 20 не знам дали успеав да објаснам . Едно време беше како што треба неодамна и сега гледам пак исто . Далеку попрегледно е вака некако наопаку
Темата за Вилијам Леви не ни била во кафе муабети, си стоеше во филм и тв, мислам дека си видела погрешно. А инаку, ако некоја тема од кафе муабет се премести во друга мислењата нема автоматски да се бројат. А за другово ќе треба да се види од технички аспект што може да се направи, значи администраторите ќе треба тоа да го разгледаат.
Виножитке еве ... kafe-muabeti/100.html петта од надоле броено преместена... Значи за ова сега засега за второво да се почека . Данкее