Oва е добра идеа! Има ставено Види ги сопствените теми ама таму има теми во кои си пишувал мислења Затоа јас си ги ставам во омилени или се запишувам за известувања за таа тема за да можам да видам дали некој пишувал или нешто друго
Мој предлог е на секоја категорија кога ја отвараш да пишува кои се модератори за таа категорија. Пример имам идеи за Тема на неделата од категоријата Литература и таму пишува пратете ЛП на модераторот. Во списокот на модератори што е од лани Гордана10 е за таа категорија, а во темата рејнбоу и лилит ги пишуваат новите теми. Глупо ми е на сите да праќам пораки за една небитна работа.Убаво е да знае кој е модератор да пишува во неке ќоше да знаеме за такви работи на кого да се обратиме. Позз
Кикикикирика, тоа е добра идеа, но ако веќе сакаш да пишеш на некој модератор, а не си сигурна кај кого треба да се обратиш, можеш да ја провериш листата со модератори и да видиш на кој модератор треба да му пишеш.
Имам предлог темата Модни критики (за не толку храбри феминки) да се преименува само во Модни критики на оние со сино, зелено, жолто, црвено цветче им е јасно. Не сфаќам што сака да се каже со тоа „не толку храбри феминки“? Дали тоа дека не се покажува лицето или тоа дека се несигурни во комбинациите? Мислам дека ни едното ни другото не е така. Додека темата Модни критики ама пак за храбри феминки е иста со оваа горенаведенава само што таму можат да постираат и оние кои не достигнале сино цветче и единствената разлика е тоа. И ваму и таму кој сака да покаже идентитет покажува кој не сака го крие, и ваму и таму се комбинации и критики. Или можеби „не толку храбри феминки“ се однесува на тоа дека е во скриено катче? Претпоставувам да. Епа луѓе, имам уште еден предлог да надоврзам. Скриеното катче да го гледаат оние со барем над 500 мислења, па така веќе ќе биде фер. А 100 мислења релативно лесно се прават. Оние кои нема да имаат 500 мислења ќе постираат во темата во Мода и стил. Мислам дека го имам спомнато предлогов само не памтам дали на чет или во пост, затоа го пишувам пак. И трет предлог - не само таа во скриеното катче, туку и двете теми да се викаат само Модни критики. Благодарам на вниманието .
^ Темите си се со... со дообјаснување да речам затоа што онаа што не е во скриеното катче можат да ја разгледуваат не само оние кои немаат сино цветче, туку и оние кои што воопшто не се зачленети на форумот. Ете така Па затоа се смета дека феминките кои постираат во таа тема се „храбри“, бидејќи ризикуваат некој кој воопшто не е зачленет да ги препознае.
А да добиваме ЛП секогаш кога некој не' цитира ? Понекогаш стварно јас (а верувам и другите феминки) сум се нашла во ситуација да треба да дадам одговор, а јас немам поим дека некој/а ме цитирал/а ...
Не видов дали има ваков предлог,но ајде јас ќе кажам ако е мо=н би било супер на четот да може оддвоено да се пишува,пример ако сакам нешто посебно да разговарам со некоја феминка и како што е на месенџер,знам дека ќе речете за тоа е лп,н сепак подруго е ова бидечи не знаеш ако сакаш да ја прашаш нешто феминката дали е онлајн или не,немам ништо против тоа што сите пишуваме заедно баш тоа е супер но во неки моменти има кога јас разговаранм со некоја феминка и пример други феминки разговараат на друга тема и треба 100 сати да го барам нејзиниот одговор бидеќи знаете како е на четот секоја секунда некоја пишува.
Имам идеја. На пример, кога ќе видиме некоја тема и ако пишува дека веќе имаме коментирано во истата (ако има ѕвездичка), да има некоја опција веднаш да се оди до нашето прво напишано мислење во таа тема. Се надевам ме сфативте што сакав да кажам (предложам).
Не знам дали некој веќе тоа го има спомнато. Но, еве јас ќе си кажам. Би сакала да има известување за новостите (од типот на цитиран коментар, добиени ѕвездички итн.).
Спојлер Па известувања одат преку е-маил ако некој пише во некоја тема во која ти си коментирал. Опцијата за ѕвездичка ја има, само нешто не работи. А за цитираното, ќе си го напишеш корисничкото име во пребарувачот и ќе ти излезе каде си цитиран...
Во и-мејл примам известување само доколку добијам лична порака, а доколку некој пише во тема во која сум коментирала не (или пак немам забележано Макар што не ми се верува такво нешто). Што се однесува до цитираното, не сум знаела. Ти благодарам. Во секој случај добро би било доколку би постоело полесен и поедноставен начин за известување при горенаведените ситуации. Се извинувам за оф-топик.
*Намерно го избришав авторот на мислењето затоа што ова не се однесува само на него, туку на сите што пишуваат мислења слични на горново. Е извинете ми вака, ама преку такво ми е дојдено веќе! Па пола од странициве во темава се испишани само со погорниов „проблем“, а никој од вас не сака ни да се помачи и да пролиста наназад. Па на секоја страница сигурно бар по еднаш е дискутирано на ова прашање и секако секогаш одговорот е дека за да дознаете дали некој ве цитирал или не ќе си го пребарувате името во пребарувачот на форумот и воала! Аман веќе
Имам еден предлог-во напредно пребарување да има опција да напишеме чие мислење или тема бараме. Често ми се случува да памтам дека некоја феминка напишала за нешто, а темите и мислењата на многу членки се обемни, па не е лесно да се снајдеш
Во напредно пребарување има да се пребарува по автор. (Напредно пребарување, веднаш под Пребарувачот)