Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Некако борбава да се добие цветче или да се промени неговата боја почна да напнува.Постојат еден куп феминки,кои даваат одговор реда ради, со по една реченица, а некои дури и само по еден збор.Скоро забележав дека некои феминки дури и испраќаат потполно исто мислење на различни теми,а понекогаш и во иста тема, се со цел да добијат поголем број мислења.

    Би можело ли, како што не се бројат мислењата во целата категорија Кафе-муабети и Форумски игри, да престанат да се бројат и на некои одредени теми во категоријата Храна (таа прва ми падна на памет).Во ред е ако некоја феминка сакала да сподели рецепт,секоја чест на трудот,споделуваат нешто корисно и треба да се земе в предвид мислењето, меѓутоа едни исти, по 100 пати дневно пишуваат одговори со по еден збор во темата „Што јадевте денес“, за да направат повеќе мислења и добијат друга боја на цветче.Не е само оваа тема и оваа категорија, постојат и други.

    Понекогаш феминките добиваат покорисни информации од темата СДК, отколку овие што поднесуваат целодневен извештај за нивното мени.

    Или на пример темата „На колку години ве родила мајка ви“, што е и нормално да се пише само бројот на годините, неможе да се развие некоја посебна дискусија на темава, мислењето се брои.И тогаш се случува инвазија од „берачи на цветчиња“
     
    На Jojoba, La.Reina.Del.Sur, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Квалитетните и издржани мислења се наградувани со звездички од феминките, па според мене бојата на цветчето би требало да се дава според тој критериум.
     
  3. Angiie

    Angiie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    50
    Нешто како нотификации како на Facebook. :)
    Кога на некој ќе му се допадне некој наш пост, или кога ќе одговори на него, да ни стигне нотификација :)
     
  4. gochhe

    gochhe Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Зошто морам да имам баш 50 мислења за да мозам да се вклучам на чат?Нели е доволно што сум член и учествувам во одредени дискусии?
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.774
    Би било убаво да се има место каде што се дискутира за компјутери,телефони и сл..
     
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Not good...Не секоја дадена звездичка е заради квалитетно и издржано мислење...
     
    На Monna.Monna, Jojoba, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со MSkorpionka. Повеќето ѕвездички се дадени во темата „Специјален поздрав до...“ ; потоа доколку некој се согласува со постот над него ќе го награди со ѕвездичка итн.

    Во секој случај, не одговара ова! :!:
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    На почетокот беше така, ама се злоупотребуваше зошто некои се зачленуваа само да пишуваат на четот.
    Вака, ако сакаш да пишуваш на форумов кога веќе си се зачленил лесно се прават 50 мислења, а ако единствена цел на зачленувањето е пишување на четот тогаш нема потреба да се зачленуваат нови членови, има други интернет опции за онлајн четување.
     
  9. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Ке ги замолам админите да ставаат повеќе новости во категоријата УБАВИНА И МОДА бидејки во категоријата одамна нема новости а мислам дека и другите членови ке сакаат нешто ново да дознаат :)
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Малку доцнам ама не очекував дека толку ке се развие темата бргу. Предлагам темата Во врска со оженет да се спои со темата Се мував со оженет. Сега засега само проблемот на седбејби е во првата тема ама после може и да се развие темата а на крај да биде иста ко вторава. И ме мрзи исто мислење два пати да го пишувам.

    А ова со цветчињата мислам дека е добро и никако да не се менува.Ако гледаме така најубавите мислења се од СДК и ем не се бројат ем имаат опција ми се допаѓа значи и доаѓа во прилог на форумџика која не и е дојдено до цветче колку до квалитетни мислења (макар што и ова со опцијава е релативно). Може само после 10000 мислења (или колку се за последното цветче не знам ) цветчињата да се заменат со нешто друго со срциња на пример или со некои други цветчиња. :)

    За сајтот Фемина - па не би ми сметало да има повеке преведени и обработени статии од странски сајтови како од оној Космополитен или Гламур . Знам дека љубоморните и конкуренцијата (ако постои) ке велат ова преведено е не знам што, ама барем и тие феминки што не им се странските јазици јака страна ке прочитуваат по нешто. ДРуги забелешки немам за сајтот супер е а за форумот да не беше како што треба немаше да дремам овде по цела вечер ;) (Еве пак ја истерав трета смена)
     
  11. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    имам еден предлог незнам дали е изводлив.. дали може на пример сликите што ги ставаме од на нашите компјутери да неможе некој да ги превземе и да ги симне... така никој неможе да ги злоупотреби сликите што се ставани на пример во модни критики, во темата каде што ставаме слики од нашите чевли, накит, вашите лични професионални фотографии и слично.. :)
     
    На la-chicka, Hiii, Miss-Independent и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Тоа да.. Ама па, некој ако сака да ја има сликата.. Ќе си кликне Print Screen SysRq и после ќе си ја катне..
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Here's an idea.

    Во СДК секој ден има навистина прекрасни постови што на сите ни го разубавуваат денот.
    Пирамида, Лилит, Теодора, Трендафилка, Жапче, Дафни, Шилеа, Љубам, Тајгерлејди... да не набројувам, листата е долга.
    Предлагам едно малечко издание за некоја годишнина на Фемина (па и не мора да има повод), во кое би биле содржани најубавите постови. Може на феминките кои дале најмногу придонес да им се испрати како подарок, а другите кои сакаат да го имаат - да си го купат и да им биде испратено по пошта. Се кладам дека ќе има поголема вредност од 80% од она што се издава денес.
    Навистина има такви бисери во СДК за кои е штета да останат загубени меѓу илјадниците страни на темата.
     
    На Annath, BeYourself, Shelea и 20 други им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И секако, парите од продажбата на изданието да одат во добротворни цели, за помош на некое болно детенце или некоја слична хумана акција.
     
    На GarpovaV, Hipica, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Навистина преубава идеја. Какви убави мисли и мини блогови читам секојдневно во темата СДК, навистина е штета да не се овековечат негде, во книжно издание...се разбира со согласност на форумџиките, затоа што разбирам дека секоја од нас тука истура вистински парче од себеси и од својот приватен живот.

    Уште поубава е идејата да се искористи тоа за хуманитарни цели. Не ни се потребни подароци, мислам дека Билката беше и сеуште е премногу дарежлива, но верувам дека за добра причина секој еден од нас со задоволство би дал симболична сума за да го поседува книжулево дома особено ако знае дека помогнал некому.

    Јас веќе си го замислив на мојата полица ^_^

    Така ќе ве имам сите на едно место ;)
     
    На crazylady, Monna.Monna, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Сакате слава, а, девојки? :D Се согласувам дека има многу квалитетни постови за читање, но кој сака да си ги чита на редовна база а му е премногу хаотично низ форумот, слободно нека си ги одбере омилените, нека си ги испринта или зачува на компјутер и готово...Инаку по кои критериуми би се бирале тие постови?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Епа еве може на пример сите да одвоиме време и да се заангажираме да ги најдеме убавите мислења и да ги постираме во темата Мислења кои треба да останат запаметени, па оттука да се направи избор, на тој начин сите ќе учествуваме.
    Не станува збор за слава, туку за еден вид симболично одбележување на форумот, да се знае дека не е обично место на разгракани жени, туку дека има квалитет. ;)
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Баш во таа тема Мислења кои треба да останат запаметени имам прочитано многу мислења кои искрено не ќе да се за во книга... :)
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Епа Скорпионка затоа би се направил избор од нив.
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Епа кој би го правел тој избор?