Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Па може да го направат одговорните на форумот.
    А слободно можеш и ти да дадеш идеја, сепак овде само предлагаме. ;)
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Скорпионко, се засекира мислиш утре ќе ја принтаме книгава јас и Ливинг лично и никого нема да прашаме :D

    Абе предлог е ова само ;) Јас мислам убав. Ако наиде на позитивен одзив ок, ако не, пак ок.
    И да не бидеме сфатени погрешно, каква слава Скорпио? Се зезаше нели? Каква слава е тоа кога во книгата ќе се убацат нечии постови без име и презиме, онака ко у поговорки кога стои - авторот е непознат а? :)

    Плус со добра цел би било ова а јас лично за хуманитарна цел ако треба и печат од ноџево ќе ви оставам ако знам дека со тие пари ќе му помогнам на некое болно дете.
     
    На MissSpark и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.582
    Може за почеток на крај од годинава Билчето да направи спешл селекшн и да ги објави на главната страна.Ем реклама за форумов,ем тест на убавава идеја! За книга од прва,тешко,иако благородна е идејата за хуманитарни цели,само кој би ја купувал сем ние самите,а и требаат средства за да се испечати...малце комплицирано ќе му дојде.
     
    На TheKiketoo, Phyramide, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Колку би било само убаво толку бисери на едно место... :f:
    Има доста убави мислења насекаде низ темите, кога повеќето би се собрале би опфатиле добар број страници. Сајтот го следат многумина, доста е активиран и преку социјалните мрежи доколку би стоел потписот на фемина на книгата, верувам дека ќе има голем одзив.
    Некако не е задоволително за такви текстови да стојат на главната страна и онака има катче актуелно на форумот. Би сакала да знам што мисли Билката, дали оваа идеја може да се развие? :wasntme:

    Нека каже некој од одговорните, што бидува со предлозите пишувани овдека, може ли да се применат? :)
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    И се засекирав да знаеш Пирамидо, оти многу значи кој ќе биде во тој некој избирачки одбор, нели?
    :) А за слава, да не се лажеме, колку и да е некој анонимен би му годело и тоа многу кога би си го видел макар само и псевдонимот, не мора и тоа, туку неговите зборови оковечени во книга, така да не зборувам за онаа надворешна слава туку полнење на сопствено его, што лично не ми смета ако е заслужено освен она ''Го правам исклучиво хуманитарно''... :)
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Во наплив на инспирација и недостиг на сон, :D ми дојде една идеја, надополнување на оваа на Лилит. Може да се направи цел пост за форумот, на насловна страна. Пример, како што е сега Изговори вс Диета.

    http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%82%D0%BE

    Е, таму, во постот, билката да направи категории, пример, смешни мислења, инспиративни, брак/дете/семејство, љубов, поезија, дури и политика... Затоа што не само во СДК има квалитетни постови и мислења. :!: Имам читано постови од многу форумџики, кои можеби не пишуваат поетични постови за утринското сонце, ама имаат многу други работи да кажат. Да не ме сфатите погрешно, сакам јас да читам се што се кажува, него мислам оти ми ја разбирате поентата. :D Да не ги вреднуваме само уметничко добро скоцканите постови. Сите членови се исти. :)

    Едноставно, треба да се зберат сите тие постови на едно место. Мал, симболичен гест, начин да им се искаже почит на членовите за времето поминато овде. :hai:
     
    На BeYourself, Elennaa, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Да, се согласувам со Дузи.
    За книга е тешко изводливо, потребни се повеќе средства, среќна ќе сум ако ја има книгата, но мислам дека е многу потешко.
    Епа, еве јас како си импровизирав тоа што го напиша Дузи. :D
    [​IMG]
    Да има некоја ваква слика од книга и да пишува некој текст на пр.
    „ Форум - Femina.mk “ (би можело да стои и некој поенергичен наслов, ама тоа им го препуштам на билката и покреативните феминки)
    И сега на книгата што е на сликата (не мора оваа слика, ја ставив само како пример) на неа да се испише некој текст (кој исто ќе го пише или билката или некоја феминка која ја бива за пишување проза. Би можело да изгледа вака „Темата Последната глупост што сте ја направиле изобилува со смешни но вистински случки кои на моменти изгледат засрамувачки, или барем ние така си мислиме. Тука е и темата со Бисери и Смешни мислења каде што ќе се изнасмеете за цел месец. Да не ја заборавиме и темата која заслужува посебен восхит - Ваши дела - поезија или проза. Во темата Политички и актуелни настани ќе ги разберете случувањата во земјата и ќе дознаете како размислуваат другите околу вас............
    Да не набројувам уште теми, ама јас размислувам тоа да биде нешто така. А тие болдираните теми да бидет хиперлинци и ако сакам да стиснам на Смешни мислења на книгата ќе и се сврти страната и ќе пишува за избраната тема.
    Исто така мислам дека насловот би бил уствари на корицата на книгата.

    Се надевам ме разбравте. Не е нешто посебно, но целта е тука да ставаме разни идеи и предлози.
    Па, сите идеи и предлози можеме да ги споиме и ќе излезе нешто... :D

    Толку од мене. Благодарам на вниманието. :bow:
     
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ај јас да пропеам ... за предлогот ...

    За книгата едно вакво :clap: . АМА уште кога ја видов идјеата ми се допадна , но знам како одат тие работи . Моја блиска личност е писателка . Знам се што помина додека книгата се издаде . Значи тоа е тешко веројатно . Јас на секој начин би ја подржала оваа работа па дури и парично .
    Ние сме единствените инвеститори тука .
    Единствено што ми паѓа на памет е да се склучи договор со некоја марка , која ќе застане зад книгата (што е ептен тешко ) и да се направи нивна реклама на книгата можеби и форумот ...

    Чаре ?

    Ако има дотолку заинтересирани сами да си ја исфинансираме книгата .
    И се согласувам да нема само од СДК туку од теми што се поинтересни т.е било кое мсилење кое е вредно за внимание ... Знали различни теми а и поинтресо би било .
    Единствено не би се согласила со Бијорселф да има Политика мислам на сите им е скиснато од политика. :?: :!:
     
    На MarchelineAmaru и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Ми се допаѓа идејата билката да направи статија со најдобрите постови и мислам дека би било интересно и дека ќе привлече повеќе внимание доколку е нешто во овој стил
    На пример некоја ваква сликичка
    [​IMG]
    на која наместо лајбрери ќе пишува фемина, а на книгите темите, или можеби некоја натрупана соба, на пример со девојка со розова коса (на која е тагнат пост од последната глупост што ја направив) која чита книга (на која се тагнати дела од поезија и проза) и сл...
     
    На Lella, smiley-32, eemmiilliijjaa и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Е, баш на таков пост мислев. Се сложувам комплетно. :D
     
    На TheKiketoo и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Јас гласам за ова што го напиша Кикето. :rock:

    Венди, ова за политика го ставив колку да потенцирам дека мислам да има некои мислења од различни категории. Не мора баш политика да се стави. :)
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Видов на еден женски форум ако сакаш да ставиш анимација некоја од интернет или било каде само ја копираш и ја ставаш а тука треба да бараме урл а немаат сите слики :^)
     
    На Kitty.Smiley му/ѝ се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    ^ Секоја слика што е на интернет мора да има URL.
    Ако ја нема на интернет т.е. ја имаш некаде во компјутер, тогаш постојат сајтови на кои може да се аплоадира и ке си добиеш линк за истата. :)
     
    На Kitty.Smiley му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kitty.Smiley

    Kitty.Smiley Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Па веќе две години го нема соновникот, и сакам да прашам кога ќе го објавите. Имам многу чудни сонови и сакам да знам што значи. :worried:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Одамна не сум ја читала темава, па гледам некој предложил да се состави книга со постови од форумов. Колку само ќе биде тоа пропадната инвестиција не сте свесни. ако се изаде книга, ќе треба форумов да се затвори.
    Зашто некој да дава пари за книгата кога може да си го отвори профилов и да си прочита без пари?!
     
    На crazylady, Plavusa.17, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Маја човек што почитува вредност на книга не би размислувал ко тебе. ;)
     
    На Phyramide, mims-89, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Се ми е супер, само би сакала, да има дозвола за да се прикачат барем 6 слики, или 6 адреси.. :wasntme:
     
    На Monna.Monna, Kitty.Smiley и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. Kitty.Smiley

    Kitty.Smiley Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Имаше една страна во која можеш да си направиш свој аватар (човече кое личи на вас) ако сакате да вградите таква опција...
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Лививнг, да бидеме реални - ретки се тие ;) да бидам искрена ни јас не би купила
     
  20. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    искрено и 200 ден да е не би ја купила безвеза дали тоа ке значи дека другите мислења нема да се важни -оние кои ке бидат напишани после печатењето на сликата Femina.mk Е сајт-и форум а ако не прочитавте темата се вика Предлози и идеи за сајтот а не за форумот :rofl: :lol:
     
    На crazylady и Kitty.Smiley им се допаѓа ова.