Епа ете Ливинг предложи нешто слично, значи даде предлог кој за жал од поединки беше сфатен како веќе договорена реализација, па дури и поле за дискриминација на форумов Мене тој предлог ми се допадна. А зошто? Затоа што мене искрено ме мрзи да скролам по СДК илјадници страни за да ги најдам постовите кои вредат. Или да најдам убави постови кои вредат а ми избегале по некоја случајност и не сум ги прочитала. Затоа што јас ја вреднувам книгата, или нешто што е печатено и можам и да го пипнам. Не дека фемина помалку ќе ја читам но вака ќе биде нешто убаво собрано на едно место. А дискриминација? Па тешко - односно зависи од човекот. Јас сигурно нема да се чуствувам дискриминирана ако во книжулето се пронајдат постовите на Шелеа, Трендафилка, Теодора, Жапче, Тајгер, Лилит, Петко, Станко а моите не. Зошто? Затоа што пишуваат убаво и имаат огромен талент. И не - нема да се утепам од плачење ако мојот пост кој по 1.278ми пат констатира колку е времето тапа и колку ми е здодевно и немам што да правам, нема да се најде во книгата. Побогу кој би вреднувал и печател такво нешто? А уште повеќе, кој би го читал тоа?! Девојки, малку попозитивен пристап would do you good. Сериозно генетски ни е кодирано у нацијава да се најде увек некој таков кој ќе те мавне со тенџере по глава особено кога предлагаш нешто - убаво. Мислиш Ливинг рекла, дај да утепаме човек, а и тогаш дури мислам дека би наишла на поголема поддршка. Свашта! Е сеа од финансиски аспект - печатење книга е троа покомплицирана работа. Но сепак мислам дека предлогов вреди да се разгледа барем од некој друг, модифициран аспект (брошура, списание во мал формат итн.) А вие како мислите
Па добро, ако веќе тоа неможе да се изреализира, има посебна тема Мислења кои треба да останат запомнети (или нешто слично), таму ставајте ги. А всyшност таа тема нема ни 10 страници.
Мислам дека е време да се оствари идејава бидејќи како што гледам повеќе феминки ја имаат предложено.
Е е е... Одамна мислев, ама сега ми текна Што бидна со тоа кој ќе ни стегне ми се допаѓа да се појавува како известување? Затоа што гледам дека во прилагодувањата има да се подеси Добиј известување кога на некој му се допаѓа твоето мислење, ама веројатно не функционира. Мене ми е мака да барам по страните особено кога на некое мислење имам повеќе од 1 лајк. Ако е изводливо ок, ако не исто како да не сум рекла
И јас сакав да прашам, ама си помислив, можеби градбата за таа опција е во тек. А штом е поставено веќе, веројатно може.
некои спомнаа дека сакаат да има можност да го промениме нашето корисничко име.. секако доколку тоа би било можно скоро сите ќе ги променат своите имиња и овде ќе настане мешаница, нема да знаеме кој е кој.. но имам идеја.. ние да бидеме во можност да го промениме нашето корисничко име, но да се отвори една тема и секој кој ќе го промени името да напише таму (пример темата нека се вика "Промена на корисничките имиња" и кога јас ќе го променам своето име ќе напишам "го променувам своето име од L0ve во ........")
Абе и така е глупо, сега јас те знам како L0ve и ако се прекрстиш во Butterfly да речеме ќе си мислам дека друг член си, и ако секој така го мењава ќе се исполнат страници и страници и пак нема да се снајдеш. И јас не си го сакам ников мој, ама набрзина го правев акаунтов и сега ќе си го носам ников, за жал...
На кајгана можат да се менуваат никовите, и според мене, стана вистинска џунгла. Трагичното е што, ај сфаќам, да го сменат еднаш, ама да го менуваш како ќе ти прдне... Малку глупичко. Чисто споредбено, колку да видите дека тоа и не е така добра идеја. Нема врска никот, битни се постовите.
Јас би сакала да има таква опција, што ако некоја од форумџикиве не ме препознае дали сум јас или не-не пишувам за имиџ, пишувам за себе... Малку ми е глупо што пример многумина тука оставаат т.е оставаме информации што можеби не треба секој да ги знае, а во моментот ти било битно да ги кажеш и ако некој ти го дознае корисничкото име...некако ми е безвезе дека-нема назад...по малку застрашувачко... :geek: Исто така мислам и за мислењата што ни стојат на профилот и секој може да ги види, нека стојат ама само ние да можеме да си ги гледаме...Вака сме ограничени, треба да мислам колку податоци сум оставила за себе, па дали да оставам уште некој поинтимен плус бидејќи постои некој вид на страв дали некој ќе ме дознае... ТоВа би било се...сега за сега
Јас имам предлог да се префрлите на XenForo или барем на vBulletin затоа што бесплатнава платформа има троа багови, а и потешко се пишува одговор на тема.
Јас на пример, не обрнав внимание и набрзина го направив мојов профил. Си го пишав половина име(често се потпишувам така и ме знаат по тоа) и година на раѓање. Сега навистина би сакала да можев да го променам, чисто ради приватност. Еве мој предлог е, да може да се промени корисничкото име но само ЕДНАШ, и потоа како обврзување барем еден месец да ти стои старото име во потпис, или во заграда до новото. Така нема шанси да настане џунгла, а оној што си трефнал глупост додека си го правел ќе може да си ја поправи грешката..
Мене XenForo воопшто не ми е прегледен и не ми се допаѓа, ама ок вкусови се. вБулетин не чини и на кајгана се жалеа од него затоа и го сменија во XenForo.
Јас предлагам папката за пораки да збира повеке од 100.Секој ден само пораки бришам,не сакам сите наеднаш да ги избришам бидејки имам многу драги пораки и затоа секој ден морам да ги требам 1 по 1 Можеби глуп е продлогот но морав да си го кажам мојот проблем
Ако не ти се допаѓаат социјалните мрежи автоматски и хенфоро не ти е нешто, ама платформата е екстра. вБулетин 4 има багови, а 3.8 е најдобар.
Па намести си автоматски да ти се бришат најстарите пораки и нема зошто ти да бришеш. Како ќе ти стигнува порака така една стара ќе се брише. Кај мене така е да не бришам на секое сами нека си се бришат.